Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
13 март 2013
Мислења
448
Поени од реакции
715
Најдоле ти е тој член 21 од сликата. На претпоследна страница (38).
Аха, фала ти. Агентот од ујп ова го толкува како хартии од вредност И удели издадени од инвестициски фонд, а не хартии од вредност или удели издадени од инвестициски фонд. Не знам што да речам искрено. Се мислам да не пријавувам ништо до почеток на наредна година и тогаш да пријавам годишно, па дотогаш може ќе ги расчистат работите. Така направив и за ланските дивиденди.
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Замолница за малку помош.
Ова ми изгледа сериозно и незнам како да го решам.
Бев денес во една банка за да направам депозит на Интерактиве Брокер, според податоците кои ми ги генерираше ИБКР. Значи го испринтав ливчето со генерлаии од ИБКР и ојдов на шалтер у банка.
Од банката ми рекоа/побараа да им го доставам следново, како подолу:
  1. Договор за отвoрање на сметка кај Интерактив брокерс,
  2. Изјава дека нема да вршат тргување со криптовалути и тргување со валути (forex trading),
  3. Да достават извод од сметката на Интерактив брокерс како доказ дека средствата се уплатени на сметка на клиентот кај Интерактив брокерс и
  4. Да достават print screen или извештај од нивната сметка кај Интерактив брокерс каде може да се види портфолиото на тргувани хартии од вредност кој клиентот го направил, за секое купување/продавање (ако имаат тргувано досега).
*ова се однесувало само за ИБКР

За мене ова е нерешлив случај, незнам како понатаму. Претпоставувам дека има доста на форумов кои прават фундинг на ИБКР. Ве молам за помош, дали треба да идам во друга банка или ова е генерлано за сите?

Однапред благодарам
 
Член од
30 април 2018
Мислења
258
Поени од реакции
510

  • Договор за отвoрање на сметка кај Интерактив брокерс,
  • Изјава дека нема да вршат тргување со криптовалути и тргување со валути (forex trading), Јас напишав една едноставна изјава “Јас Воки Токивокевски давам изјава дека преку ИБКР нема да тргувам со криптовалути и валути. Потпис и датум“
  • Да достават извод од сметката на Интерактив брокерс како доказ дека средствата се уплатени на сметка на клиентот кај Интерактив брокерс Логирај се веб, па оди: Performance and reports / Other reports / Account Confirmation Letter
  • Да достават print screen или извештај од нивната сметка кај Интерактив брокерс каде може да се види портфолиото на тргувани хартии од вредност кој клиентот го направил, за секое купување/продавање (ако имаат тргувано досега). - ова ми немаат барано и е голема глупост ако го бараат
 
Здраво Воки
Огромно благодарам на промптниот одговор.
За да не замарам поширок аудиториум,ако подзаглавамдали може ли да Ви пишам in private во inbox?

btw: Ако добро сватив од ова што го пишале од банката, forex-от и crypt-тo излегува дека се забранети. :(

имај убаво попладне и викенд
 
Член од
30 април 2018
Мислења
258
Поени од реакции
510
btw: Ако добро сватив од ова што го пишале од банката, forex-от и crypt-тo излегува дека се забранети. :(
Trguvanje so forex i crypto ne e zabraneti, samo ovie transakaci se smetaat visoko rizicni od aspekt na perenje na pari i finansiranje na terorizam.
Bankite verojatno imaat propisani spostrogi proceduri dokolku dades izjava deka KJE trguvas so vakvi instrumenti.

*Slobodno pisi PP
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Ве следам со комуникацијата за пријавување на данок, и не сфатив како УЈП ќе знае што и како поседувате на ИБ?
Што ако ми текне во даден момент да ги извадам преку некоја друга платежни опција, и да ги свртам преку Крипто за кеш?
Дали ИБ им праќа извештај на УЈП секој месец/секоја година?
 
Член од
24 декември 2020
Мислења
26
Поени од реакции
32
Аха, фала ти. Агентот од ујп ова го толкува како хартии од вредност И удели издадени од инвестициски фонд, а не хартии од вредност или удели издадени од инвестициски фонд. Не знам што да речам искрено. Се мислам да не пријавувам ништо до почеток на наредна година и тогаш да пријавам годишно, па дотогаш може ќе ги расчистат работите. Така направив и за ланските дивиденди.
Братот фатил да се инаети и нејќе да признае грешка, и очигледно колку и докази да му приложиш ќе продолжи да си тера по своето... Во контекстот на овој закон, „хартии од вредност“ и „удели издадени од инвестициски фондови“ се 2 посебни работи. Не постои нешто такво како „хартии од вредност издадени од инвестициски фондови“. Насекаде низ членовите што се однесуваат за капитални добивки (член 58 до член 63) овие 2 термини „хартии од вредност“ и „удели издадени од инвестициски фондови“ се посебни, така да нема поента во тој извадок од член 21 да не се исто така посебни термини.

Мене веќе очигледно ми станува дека не треба да се даночат ХВ купени пред 2023. Ај ќе видиме што ќе му кажат на Side Hustler од ујп за трансакциите што ги пријави пред некој ден. Очекувам да му пресметаат 0 денари данок. Ако не, ќе треба да се побуниме.

Да, и јас така направив за ланските дивиденди, сите на куп ги пријавив сега во Јануари. Не прават проблем УЈП за доцнење се додека си плаќаш се што треба да си платиш во годината.
Автоматски споено мислење:

Замолница за малку помош.
Ова ми изгледа сериозно и незнам како да го решам.
Бев денес во една банка за да направам депозит на Интерактиве Брокер, според податоците кои ми ги генерираше ИБКР. Значи го испринтав ливчето со генерлаии од ИБКР и ојдов на шалтер у банка.
Од банката ми рекоа/побараа да им го доставам следново, како подолу:
  1. Договор за отвoрање на сметка кај Интерактив брокерс,
  2. Изјава дека нема да вршат тргување со криптовалути и тргување со валути (forex trading),
  3. Да достават извод од сметката на Интерактив брокерс како доказ дека средствата се уплатени на сметка на клиентот кај Интерактив брокерс и
  4. Да достават print screen или извештај од нивната сметка кај Интерактив брокерс каде може да се види портфолиото на тргувани хартии од вредност кој клиентот го направил, за секое купување/продавање (ако имаат тргувано досега).
*ова се однесувало само за ИБКР

За мене ова е нерешлив случај, незнам како понатаму. Претпоставувам дека има доста на форумов кои прават фундинг на ИБКР. Ве молам за помош, дали треба да идам во друга банка или ова е генерлано за сите?

Однапред благодарам
Да погодам, се работи за Стопанска Банка Скопје? Јас така кога отидов прв пат да направам депозит за ИБКР од Стопанска, се упрпаа дека ќе сум трејдал криптовалути, па демек тоа било забрането во мк, па ќе им треба увид во сметката, увид во сите трејдови, итн, итн, триста глупости.

Следниот ден појдов во НЛБ тутунска со парите, и ни два ни три, завршив работа за 10 минути. Ако си во можност, пробај со друга банка, очигледно има разлика во услужноста кога станува збор за вакви работи. НЛБ на пример испраксирани се со праќање пари на ИБКР, и не прават проблем никогаш, СТБ не дај боже да им спомнеш инвестирање, одма паметот на 300 глупости и криптовалути им оди и те маткаат до бескрај.
 
Последно уредено:
Член од
9 септември 2020
Мислења
141
Поени од реакции
102
Братот фатил да се инаети и нејќе да признае грешка, и очигледно колку и докази да му приложиш ќе продолжи да си тера по своето... Во контекстот на овој закон, „хартии од вредност“ и „удели издадени од инвестициски фондови“ се 2 посебни работи. Не постои нешто такво како „хартии од вредност издадени од инвестициски фондови“. Насекаде низ членовите што се однесуваат за капитални добивки (член 58 до член 63) овие 2 термини „хартии од вредност“ и „удели издадени од инвестициски фондови“ се посебни, така да нема поента во тој извадок од член 21 да не се исто така посебни термини.

Мене веќе очигледно ми станува дека не треба да се даночат ХВ купени пред 2023. Ај ќе видиме што ќе му кажат на Side Hustler од ујп за трансакциите што ги пријави пред некој ден. Очекувам да му пресметаат 0 денари данок. Ако не, ќе треба да се побуниме.

Да, и јас така направив за ланските дивиденди, сите на куп ги пријавив сега во Јануари. Не прават проблем УЈП за доцнење се додека си плаќаш се што треба да си платиш во годината.
Автоматски споено мислење:

Да погодам, се работи за Стопанска Банка Скопје? Јас така кога отидов прв пат да направам депозит за ИБКР од Стопанска, се упрпаа дека ќе сум трејдал криптовалути, па демек тоа било забрането во мк, па ќе им треба увид во сметката, увид во сите трејдови, итн, итн, триста глупости.

Следниот ден појдов во НЛБ тутунска со парите, и ни два ни три, завршив работа за 10 минути. Ако си во можност, пробај со друга банка, очигледно има разлика во услужноста кога станува збор за вакви работи. НЛБ на пример испраксирани се со праќање пари на ИБКР, и не прават проблем никогаш, СТБ не дај боже да им спомнеш инвестирање, одма паметот на 300 глупости и криптовалути им оди и те маткаат до бескрај.
Isto i vo KMB. Odma se zavrsuva rabota bez da zamaraat so gluposti
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Во КМБ и НЛБ имам трансакциска девизна, ќе идам таму.
Ти благодарам
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Дали некој од вас има инвестирано во виски?

Ме отепуваат во последно време со реклами, и најечсто ветуваат од 8 до 12% просечен поврат, некој од вас со искуство како функционира и на што да се пази?
 
Последно уредено:

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
За оние кои веќе работат на ИБКР.
На мојот акаунт во делот на Tax Form ми стои:

1676282317897.png

Малку надеж, дали ова горе е ОК?
После шамарот од СТБ, веќе дувам и на јогуртот.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Дури кај нас се палат на Недвижности и пари во кеш на сметка

1676289880338.png
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Zdravo na site,
denes preko NLB banka na depozit od 6000 evra na interactivebrokers mi zedoa 3051 denar provizija ( grabez )
da prijavuvate sekoj mesec vo UJP sekoja kuporoprodazba na sekoja akcija na interactivebrokers a pritoa da ne vi legnani parite na bankarskata smetka e premnogu glupo, ( nekoj mesec mozebi ke imate 50 tranksacii 46 zaguba 4 profit )
jas se konsultirav so eden vraboten vo UJP i mi rece deka najdobro e koga ke vi legnat pari na bankarskata smetka prijavete si kapitalna dovivka ili zaguba i platete si 10% danok.
primer si vlozil 10,000 evra si izvadil 12,000 prakas dokaz deka si vlozil 10,000 a si izvadil 12,000 i plakas danok 10% posto na tie 2000 evra. ( cista rabota i ednostavna )

pozz
Можеби малку закаснето од мене.
Ако добро читам/разбрав, за депозитот 6000 ЕВРА upload провизија 3051 денар? Излегува нешто над 1%.
Мене во СТБ за 200 евра ми побараа 1800 денари провизија за фундинг на ИБКР. Среќа нешто утнав, ми фалеше некој документ, па се одкажав.
Да идам у НЛБ или можда КБ.

Поздрав
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Дечки дали некој знае дали Интерактив Брокерс тргувањата ги прави преку омнибус сметка?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom