Веќе еднаш напишав дека насловот на темата е многу детерминантен и се однесува само на Украина, додека случувањата имаат многу поширок
спектар и многу повеќе би одговарал наслов -Украина преесвртница за светот-
Еве зошто,
Со Украина приказната е на самиот почеток... поточно само што започна.
Во Украина Русија се бори за гол опстанок како СУВЕРЕНА држава. Некои сакат да речат дека не се работи за физички опстанок туку за суверенитет, а тоа е кога, меѓу другото, не мора никаде да одите за „мислење“ или за инструкции за однесување и кога слободно ги контролирате сопствените ресурси или креирате сопствена политика, но вистината е дека и самиот опстанок на РФ е на маса. Во тој случај секогаш постои ризик да ти се случи „лубрикант шарена револуција - пичкин бунт - pussy riot“, но тоа е мал проблеми во споредба со грабежот и упропастувањето што го носат демократизаторите.
Па затоа, според Пол Кругман, Украина, на која тој милува многу да се повикува во неговите „следни 100 години - the next 100 years “, е клучната земја за контрола и совладување на Русија, Евроазија.
Совладувањето на Евроазија е вековна геополитичка цел на англосаксонците.
Секое тртомуљење за „човекови права“, демократија, слобода на медиуми и поединци се чиста демагогија, манипулација и дебилизам од најнизок вид и нема никаква врска со вистинските мотиви за демонизирање на Русија и Русите во целина. Ако Русија беше најслободољубивата земја во светот со најдемократско лидерство и наоружана само со стапови, повторно ќе ја слушавме истата реторика од западните медиуми, кои “fuck the eu“ се олицетворение на се освен на слобода на мислење и изразување.
Малобројните народи, како Македонците, или поробените народи поголемиот дел на денешна ЕУропска, се принудени да се проституираат во својата надворешна политика и се како муви покрај цревна содржина што магнетски ги привлекува, а цревната содржина е империјална политика на САД и УК.