Бандера од ЕВН на сред влез во двор и нејзина дислокација

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.896
Поени од реакции
42.593
ич не ги бива. Конретно бандера врзана за дрво кое е скапано им викаш да ја средат, мува не ги лази.
 
Член од
9 февруари 2023
Мислења
2
Поени од реакции
1
Јас колку што читам во делот што си го заокружил се вели дека барањето ти е застарено. Значи те одбиваат. Велат ако најдеш друга локација за бандерата, ќе дојдат екипи на увид, и ако е во ред новата локација ќе ја преместат бандерата, а ти да си го платиш трошокот за преместување на постоечката. Не знам што не е јасно?
Ne, me razbirajte pogresno ne se raboti za ne jasno, koga se raboti za Evn jasno kako den, Evn ne se jasni kako moze ako platis za dislokacija kje ti premestat a, da baras da si ja dilslociraat na nivni trosok zatoa sto im se naogja vo privaten imot togas sopstvenikot e odbien, za pari moze a, bez pari ne. Zgora na toa so noviot zakon vo smetkite za prenos na elk. enr. fakticki od privaten imot koj se steknale so pravo na koristnje za dobroto na narodot i zastita na covekovata sresina se vrsi prenos od tugj imot,. Tuka vo slucajov nie sme kiradzii na sopstven imot im plakjame za prenos, ne oni. Prenos na elek. ener. pred 4meseca go donesoa zakonot. Kadija te tuzi, Kadija ti sudi
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
da baras da si ja dilslociraat na nivni trosok zatoa sto im se naogja vo privaten imot togas sopstvenikot e odbien, za pari moze a, bez pari ne.
Јас имам нива наследена од дедо ми, на која има далновод. Давале пари на времето кога поставувале бандери и далноводи, можеби дедо ми зел пари, не знам. Проблемот на пример, мене не ми е што имам далновод среде нивата, ОК, цивилизација сакаме, струја до секоја куќа, туку стариот армиран бетонски далновод го урнале за да направат нов, и го оставиле во нивата, со што е уште повеќе неупотреблива. Повеќе пати им пишував мејлови и барања да го тргнат, првиот пат ми одговорија дека известиле екипа, ќе дојде да ги отстрани урнатините, после веќе не ми одговараа, и нормално никој не дојде.
На крајот си платив на локални луѓе кои со трактор го изнесоа чудото.
Тоа е со ЕВН.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.649
Поени од реакции
867
Здраво,

Имам бандера од ЕВН на средина на влезот во двор, која ми пречи при паркирање на колата во дворот (едвај ја паркирам) и која не ми дозволува паркирање во гаража.

Бандерата е навалена и опасна како за околните куќи така и за жителите и случајните минувачи. Им пишав претставка на ЕВН по мејл за интервенција - замена и

дислокација за 2-3м во ќошот на дворот каде нема никому да пречи и по нивно доаѓање на увид ЕВН решава само да ја замени бандерата без да ја дислоцира.

Ќе ве молам за некаков совет, искуство или правна поука како да го решам овој проблем. Посочете ми некој правилник во врска со ова за да можам да си ги видам

своите права и дали имам правен основ своите права да ги барам во институците на судот.

Однапред благодарам за било какви информации и помош во врска со ова ,,,
Здраво.


Ова како го решивте?
Прашувам дека сега и јас треба да барам дислокација на бандера од плацот што го купив, па да знам што се ме чека.

Поздрав,
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.396
Поени од реакции
4.249
Здраво.


Ова како го решивте?
Прашувам дека сега и јас треба да барам дислокација на бандера од плацот што го купив, па да знам што се ме чека.

Поздрав,
Те чека плаќање. Можно е со купувањето на плацот да си имаш купено голем проблем, т.е џабе да си ги дал парите за плацот. Затоа кога се купува плац треба да се ангажира адвокат кој ке биде платен и ке ги види и провери сите работи а не само да искуца договор. Имено се работи за тоа што ако на плацот, под земја или над него, минува некоја инсталација (струја, вода,....), независно од тоа што ти имаш маркица и дозвола за градба, трошокот за дислокација паѓа на твој терет. Еве сега конкретно ти, ке треба да се обратиш со барање до евн а од таму ке ти кажат дека во најкус рок нивна екипа ке излезе на терен и ке изврши увид на лице место каде ке ги утврдат и опциите за дислокација, потоа врз основа на тоа ке ти биде изготвена пресметка на трошоците за дислокација и откако истите ке ги платиш веднаш ке се изврши дислокација. Тие трошоци се доста големи а понекогаш и енормни до степен да баталиш градба. Има случаи кога за дислокација се барани и по 50К евра, па луѓето ја барале правдата на суд и губат а од друга страна дале пари за плац, за дозволи, почнале со градба и на крај се во вода. Затоа кога се купува плац мора да се провери што и како минува низ него, ако има инсталации мора да се провери можноста и трошокот за дислокација... Се надевам дека во твојот случај дислокацијата ке ја решат со една - две нови бандери и нема да ти излезе многу скапо иако и само поместување на предметната бандера лево или десно (без нови бандери) нема да биде под 1к евра.
п.с Не почнувај со вадење дозволи и градба пред да ти пресметаат колку ке чини дислокацијата, ако ти бараат многу пари веднаш огласи го плацот за продажба и ако треба испод цена отараси се од него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom