Политиката и здравјето

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Уште една тема која е во расчекор меѓу овој и некој сроден подфорум, каде политката се има инкорпорирано. Првичната идеја ми беше темава да гласи “Политиката и здравството“, но со оглед на тоа дека опфатив и теми кои излегуваат од тој шаблон (како правото на здрава животна средина), но се (ин)директно со здравството, ја преформулирав во “Политиката и здравјето“ и се посветив на улогата, значењето и децениските политички игри кои се играат околу овие прашања.

Буџетското прашање е едно од најнеинтересните, но едно од најклучните. Од нашиот буџер, најголемите буџетски колачи одат за социјалната заштита, економските текови и за здравствто. Со бројките кои ги најдов, за 2021 година биле предвидени 40,8 милијарди денари, за 2022 година 42,6 милијарди денари, и за 2023 година 42,1 милијарди денари за во здравството. И покрај овие бројки, Македонија се соочува со фрапантни статистики, кои тешко можат да се занемарат. Македонија е лидер во регионот, и долги години втора држава во Европа, по стапката на починати новороденчиња. Позитивната листа на лекови долги години не е обновена. Болниците и клиниките тонат во долгови (што доспеани, што недоспеани), каде најсвежа вест ни е тоа што државата го покри долгот за електрична енергија на Клиничкиот центар “Мајка Тереза“. Најсвежа рана, за која се најавени и протести пред Владата, е набавувањето лекови за само 8 пациенти болни од цистична фиброза каде ќе се врши класична здравствена лотарија. Секако, предност секогаш имаат потешко болните, но државата не треба да ги запоставува и да ги става во понеповолна позиција и полесно болните. Истите имаат и своевидни права, и како граѓани, но и како пациенти. Државата реагира само по трогателноста и по намалување на стихијата заборава на овие прашања и проблеми.

Правото на здрава животна средина е уставно загарантирано право, односно издигнато на уставно начело. Ова право дополнително е уредено и со Законот за животна средина, а одредени иститути потекнуваат и од римското право кои се инкорпорирани и во Законот за сопственост и други стварни права. Уставната норма, во првиот став, го гарантира ова право. Во вториот став ги уредува должностите на граѓаните односно “Секој е должен да ја штити и унапредува животната средина и природата“. Во последниот став се уредува должноста на Македонија (со правна терминологија, на Владата) односно “Македонија е должна да обезбеди финансии од буџетот за заштита и унапредување на животната средина“. Секако, првата асоцијација, на сите, е аерозагадувањето, кое на годишно ниво носи по неколку илјади животи (според одредени статистики и до 4.000 животи!). Но овој проблем, покрај воздухот, опфаќа и други еднакво бутни параметри, како заштитата од загадување и на почвата и на водите. Прекрушувањето на правилата се во доменот на кривичното право. Покрај овие права и должности, државата има и импленетирано одредени регулативи, но и покрај тоа секоја година нашите градови се наоѓаат на листите на најзагадените градови во светот и власта нема излезни решенија за овој децениски проблем.

Потоа на дневен ред доаѓа новиот фамозен Клинички центар, кој е тире во сите предизборни политички програни кој се ветува последниве 15тина години. Првично политичките полемики се водеа околу неговата местоположба, потоа околу архитектонскиот дизајн, за на крај проблем да станат финансиските средства за негова изработна. Со слични проблеми се соочуваат и останатите градови, кои имаат недостатоци на одделенија и персонал.

Тука се и правата на пациентите (уреден со Законот за заштита на правата на пациентите), правата за заштита при работа (уредени со Занокот за работните односи) на односните категории на граѓани како жените, трудниците, младите, инвалидите и на постарите граѓани, но и превенцијата и заштитата при повреди од работа. Тука има сет законски мерки кои ги штитат правата на работниците и предвикуваат одредени обврски за работодавците, но секоја година се случуваат несреќи при работењето, кои дел не можат да се избегнат, но секогаш се поставуваат прашања околу имплементирањето на овие мерки. Дали овие мерки функционираат во пракса? Тука се и стандардите за лекување на пациентите и стандардите за работата на помошните службеници (во здравството) каде од нив се очекуваат извесни способности адекватни за степенот на работа. Тоа се личните стандарди на персоналот, но надворешните стандарди, односно генералната состојба и условите во болниците се друга проблематика. Секако, со техношкиот развој се очекува и своевидна еволуција и во одредени домени на медицината, да се олесни работата на докторите и на медицинскиот персонал, но дали ние, како држава, можеме да држиме чекор со останатите држави во развој за набавување на оваа опрема? Дали медицинскиот персонал е доволно обучен да работи со оваа опрема која денес ја имаме на располагање? Зошто државата чека донации наместо самата да понесе одредена иницијатива, макар и за озобнова на дел од возилата на брзата помош, кои од година во година се амортизираат?

Тука се и скандалите поврзани со самото здравство, но и скептицизмот на граѓаните кој извира врз база на одлуките на Лекарската комора при прикривањето на лекарските грешки и заштитата на медицинскиот персонал, што е сериозна пречка при барањето на правда низ судските лавиринти. Класичен пример е сличајот на Асани, каде Лекарската комора не утврди лекарска грашка, но сега истиот има условна казна за давање на здравствени услуги во ординација без дозвола, а притоа и случајот каде пациентката остана без својот бубрег и својата матка се води кон спротивна разрешница од наодот на Лекарската комора, каде докторот може да добие и ефективна казна затвор. Зошто лекарската комора ги штити докторите како бели мечки? Дали треба да се бара и одговорно кај самата комора, ако се утврди непринципиелно работење? Вториот случај е аферата Митрев, каде сега за сега обвинителството има покренато кривична постапка под обвинение за измама, иако има плејада на кривични дела. И најкласичната злоупотреба се случува со лажните медицински уверенија, кои скоро секогаш се пресудни во судските разрешници, иако секогаш страните бараат и мислење од вештак. Самото е кривично дело, уредено со кривичниот законик, за давање на лажно лекарско или ветеринарно уверение.

Секако, нема да ги опфатам сите проблеми и проблематики, како потфрувањето и крахирањето на здравствениот систем за време на Ковид пандемијата, политичките игри кои се играа со вакцините односно кога одредени функционери беа затекнати во корупциски стандал за време на набавката на кинеските вакцини, каде и самата набавка пропадна, па и доста политизирани, доста солени теми од оваа област како абортусот и евтаназијата, каде, барем за абортусот има чести законски измени, но и хемиската кастрација.

Првично, дали функционираат регулативите и стандардите за заштита на животната средина? Дали при кршење на тие регулативи, паричните казни се доволна компензација за загрозување на здравјето на граѓаните? Дали граѓаните ги извршуваат уставните и законските должности за заштитата на животната средина? Дали се издвојуваат доволно буџетски средства за решавање на овој проблем? Зошто се играат политички игри, за ситни политички поени, за доста осетливи теми? Зошто нема политичка волја за конкретни мерки за подобрување на стандардите и условите во болниците и клиниките? Дали доволно средства се издвојуваат од буџетот за здравството? Зошто политичките решенија, генерално, се насочени само кон зголемување на платите на медицинскиот персонал, а се запоставуваат условите во кои работат?

Со една напомена, членовите кои имаат историја со спамање, тролање и расипување на теми, како превенција, уште од самиот старт се банирани и тоа ќе остане пракса се додека не го променат своето поведение. Воедно, ова не е тема “Најлошо здравство во Европа“ (иако опфаќа делови од таа тема, но се наоѓа во Политики, така акцентот треба да биде на политичките ентитети) и не треба да биде тема само за критики (позитивни (можеби во одредени сегменти се воочен своевиден напредок) или негативни), туку тема и за давање и предложување на конкретни мерки и решенија, ваши идеи и замисли, за пречекорување на политичките проблематики поврзани со здравството и здравствениот систем.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Јас имав и сеуште имам една идеја, да се тргнат од власт комуњарите.
Нема да има тектонски промени, па дури ни минимални позитивни поместувања на оваа проблематика, затоа што и самата опозиција изразува одредени саботажи, посебно околу Клиничкиот центар, каде мора да се премости политиката и примарниот интересен да се сведе на подобрување на здравствениот стандарди. И ниту еден проблем не е нов. Клиничкиот центар, како проект, го најави Никола. Аерозагадувањето беше проблем и пред 10 години, проблем е и денес. Позитивната листа на лекови не е обновена повеќе од 10 години. Општите услови во болниците од година во година се влошуваат. Сега го имаме Благојче, тогаш ја имавме Тамара. Опозицијата треба да излезе со контретни мерки, предлози и решенија, нејзината работа не е само вечен критичар на власта, туку и борба, добивање и што подолго задржување на власта. Со опструкција и со јалови популистички изјави, без конкретни решенија, кои ќе изветреат за еден ден од главите на гласачите не се добива власта.
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Јас имав и сеуште имам една идеја, да се тргнат од власт комуњарите.
И да надополнам на ова:

Едмо решение за излез од ситуацијава е буквално да гласате за било која помала партија(споредено со најголемите две) која не била во собрание никогаш, по случаен избор.

Тој глас е повреден од гласот даден на најголемите две партии.

Размислете, ако мноштвото луѓе го користат изговорот "ама џабе е гласот во вода ќе ми оди", тогаш фала богу нема излез од статус квото.

Е сега истите тие луѓе, да сменат игра и да гласаат за помала партија по случаен избор, и тоа како ќе се осети разликата.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Мали партии, независни кандитати итн.....исти курац. Даниела не била градоначалничка независна итн итн. Сега фатив болештина оти автобусите на сабајле се пуни 250% , што рестото од времето не се ни редовни. Осим нормално 19 и сите тие од тн загрозени малцински области.
Би возел кола, ама она решила и сред таа зајбанција да ги досере и пола раскрсници.
Глејте ги независниве албански партии-одма почнаа со уценување(и ја си кажав дека вмро не вреди пет пари ако праи коалиција со нив).
Вмро бугарска нека се ебе колективно заедно со СДС.
Најдобар избор е да се замине од државата, во еден правец. Преферабилно на друг континент.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Мали партии, независни кандитати итн.....исти курац. Даниела не била градоначалничка независна итн итн. Сега фатив болештина оти автобусите на сабајле се пуни 250% , што рестото од времето не се ни редовни. Осим нормално 19 и сите тие од тн загрозени малцински области.
Би возел кола, ама она решила и сред таа зајбанција да ги досере и пола раскрсници.
Глејте ги независниве албански партии-одма почнаа со уценување(и ја си кажав дека вмро не вреди пет пари ако праи коалиција со нив).
Вмро бугарска нека се ебе колективно заедно со СДС.
Најдобар избор е да се замине од државата, во еден правец. Преферабилно на друг континент.
Технички Данела не беше независен кандидат, беше поддржана од Дпмне и поради избрзана и несмасна политичка грешка, која резултираше со губеше за мнозинството во Советот на град Скопје, партискиот врв на Дпмне политички се разведе од неа и започна сериско саботирање на градот, но и на седниците на Советот. Ова го нагласувам затоа што Данела предложи да се купат еко автобуси, но тој нејзин предлог не наиде на поддршка од страна на советниците на Дмпне и на Сдссм. Претходно, поврзано со оваа тема, поднесе кривична за Усје.

Најавуваше нови 250 еко автобуси, покрај тоа најави и бесплатен градски превоз (технички, нема ништо бесплатно, прашањето е кој и во колкав обем ќе ги сноси трошоците), ветување кое сеуште го нема изреализирано. Ако има поголем број на автобуси, што значи и нови линии и почести автобуси, можат полесно да се носат мерки се намалување на аерозагадувањето. Не значи дека тие мерки ќе бидат ефективни, дека ќе дадат одредени резултати, но ќе бидат позитивен сигнал дека системот покажува знаци на живот.

Како што нагласив, интересите на граѓаните секогаш се ставаат на заден план.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
. Претходно, поврзано со оваа тема, поднесе кривична за Усје.
Ја сум на целосно друг крај од градот. Мене усје не ми ни праи проблем, туку некој погон од сарај што нонстоп чади црни димови.Ама не гледам кривична за нив нормално.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
238
Поени од реакции
538
Со минимална можност да кажам мислење што е малку морбидно, сметам дека политиката е длабоко навлезена во сите пори на општеството. Само земете пример дека еден обичен државен чиновник кој што треба да е слуга на народот се курчи зашто мисли дека има позиција на моќ и никој ништо не му може, па што да очекуваме од тие нагоре. People shouldn't be afraid of their government. Governments should be afraid of their people.

Затоа сметам дека никакво демократско решение нема да е доволно за МК само црвена боја. Влага народ у собрание, и секоја следна партија што ќе дојде на власт ќе гледа многу поскромно и подобро на работите коа ќе види ги види главите на колец на нивните претходници пред Влада како потсетник каква е алтернативата ако забегаат, а тоа е доволно еднаш да се случи, после мислам ќе сме Шведска на балканот.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Владата сеуште ја нема сфатено тежината на овие хакерски напади, или ја има но релативизира. Првично беа таргетирани неколку министерства, како МОН и министерството за земјоделство, претходно, и тоа за време на изборната ноќ таргетирана беше страната на ДИК, во меѓувреме секојдневно, со месеци, има пријави за бомби во нашите средни и основни училишта што е улебникарска дефиниција за тероризам, а последно е нападната страната на ФЗО која не можат да ја кренат повеќе од 2 недели! Комуницираат преку соопштенија, а директорката не сакаше да се соочи со новинарските прашања. Наводно има протек на информации, МВР тоа го демантираше, но веќе има наслови низ медиумите дека хакерите бараат еквивалент од 2.000 биткоини за враќање на украдените информации. Не навлегувам во вистинитоста за ова, но системот е хендикепиран.

Самите се навлековме во војна која не е наша, заземавме страна и бевме пасивен ентитет, а со наметнатите санкции, кои ќе имаат двоен ефект, и со испраќањето тенкови на украинско тло станавме и активна страна во таа војна.

Двојниот ефект од тие санкции ќе се почувствува веќе од оваа година, Украина е во руини, немаше есенска сеидба, згора на се земјоделството (поточно овоштарството), кое е 10-11% од напиот БДП, ќе се наиде на удар затоа што 40-50% од јаболката, праските и црешите ги пласиравме на рускиот пазар, пазар кој сега е загубен и многу тешко да се најде алтернатива.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Владата сеуште ја нема сфатено тежината на овие хакерски напади, или ја има но релативизира. Првично беа таргетирани неколку министерства, како МОН и министерството за земјоделство, претходно, и тоа за време на изборната ноќ таргетирана беше страната на ДИК, во меѓувреме секојдневно, со месеци, има пријави за бомби во нашите средни и основни училишта што е улебникарска дефиниција за тероризам, а последно е нападната страната на ФЗО која не можат да ја кренат повеќе од 2 недели! Комуницираат преку соопштенија, а директорката не сакаше да се соочи со новинарските прашања. Наводно има протек на информации, МВР тоа го демантираше, но веќе има наслови низ медиумите дека хакерите бараат еквивалент од 2.000 биткоини за враќање на украдените информации. Не навлегувам во вистинитоста за ова, но системот е хендикепиран.

Самите се навлековме во војна која не е наша, заземавме страна и бевме пасивен ентитет, а со наметнатите санкции, кои ќе имаат двоен ефект, и со испраќањето тенкови на украинско тло станавме и активна страна во таа војна.

Двојниот ефект од тие санкции ќе се почувствува веќе од оваа година, Украина е во руини, немаше есенска сеидба, згора на се земјоделството (поточно овоштарството), кое е 10-11% од напиот БДП, ќе се наиде на удар затоа што 40-50% од јаболката, праските и црешите ги пласиравме на рускиот пазар, пазар кој сега е загубен и многу тешко да се најде алтернатива.
Велиш Русите стојат зад нападот ?

Јас лично не верувам, но дури и да е така, проблемот си останува кај самиот краен корисник - во овој случај ФЗО - кој ангажирал приватна компанија за да му ги одржува и ажурира софтверот и базите на податоци, без притоа барем да постави некои услови, како на пример да постојат барем 2 (ДВЕ) резервни копии на базите на податоци на 2 (ДВЕ) различни локации, токму за да се избегнат вакви ситуации.

А ако е точна информацијата дека приватната компанија Некстсенс за да си ја олесни работата ги закачила базите со податоците на комерцијален сервис како Азур на Мајкрософт или некој сличен, тогаш тоа може дури и да повлече кривична одговорност, бидејќи станува збор за приватни податоци на стотици илјадници лица, кои сега се загрозени поради ваквите постапки на приватната компанија.

Кога сме кај земјоделството во Македонија, без разлика какви нови ужаси следуваат, плавите жолтици како канцерогено движење се познати по тоа што не се замараат со основните потреби на македонскиот народ и на македонската држава, туку единствено со сопствените профитерски и лични интереси, канцерот вообичаено се занимава единствено со понатамошно заболување на преостанатото здраво ткиво за да се прошири и за да преживее.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom