Во Украина има големо Руско малцинство. Одлична подлога за да си ја командуваат како сакаат, да им прават немири, едноставно да не ги оставаат раат. Но се одлучија Русите да испраќаат тенкови на Киев и да бомбардираат болници и старски домови. Американците како им влегоа на Украинците? Со закана? Не. Со дипломатија. Исто како и на Чесите, Словаците, Унгарците итн. Голема грешка му беше нападот. „Оправдувањето“ дека од 2014 се спремале Украинците за ова.Хммм...Значи ако знаеле од 2014 дека Западњаците ги спремаат Украинците за ова денеска, и не презеле ништо, тогаш треба да се самораспуштат сите полициски,параполициски,тајни разузнавачки руски служби, цела дипломатија и нека почнат да играат хокеј или бадмингтон.
За една велесила како Русија, тоа не постои, или барем не би требало да постои. Веднаш требаше да повлечат одлучни и правилни потези, разузнавачки, контраразузнавачки дејствија да го спречат тоа уште од самиот зародиш, и да не дозволат такви субверзивни подметнувања да му прават во соседството.
Да земеме за точно дека од 2014 се Западните инструктори во Украина. Што правеа Русите цели 8 години да го спречат тоа:? Тоа дека биле добри и дека пробувале со убаво, мислам дека и самите не си верувате во тоа.