Права на животните

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.115
Поени од реакции
23.590
Затоа што на твоја жалост истите тие се изземени од тие закони и прописи.
Зошто? Затоа што се глодари и многу често се извор на нечистотија и разни болештини. Многу од нив уништуваат земјоделски култури и се економски скроз неповолни.
I ververickite se glodari :toe: . Da ne mu bese ta opaskata, cisto se somnevam deka nekoj ke razlikuvase ververicka i staorec. Za ekonomskite pridobivki od ververicite ne sum zapoznaen.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.316
I ververickite se glodari :toe: . Da ne mu bese ta opaskata, cisto se somnevam deka nekoj ke razlikuvase ververicka i staorec. Za ekonomskite pridobivki od ververicite ne sum zapoznaen.
Точно дека се глодари, но имаат различни навики и живеалишта. Стаорците поголема е веројатноста да ти направат штета дома, да ти пренесат болести, затоа што се движат буквално секаде, и се хранат со се и сешто (читај ѓубре и фекалии).

И вервериците може да направат штета, може да изгризаат се и свашта. Дури може да предизвикаат и прекин во електроснабдувањето. Но поголема е веројатноста штетата да биде надвор, на отворено. Може и болести да пренесат, ама поретко.

Хм, глодари се да, ама не глеам па човекот нешто повеќе да ги обожава и чува како миленици на пример (за разлика пример од хрчаците). Би рекла дека и верверицата е тука некаде по своите гревови :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.884
Поени од реакции
42.568
изгледа на крај ќе умреме од глад кога и инсектите и растенијата ќе добијат права. Можеби и тоа е добар крај на нашата еволуција, да не снема скроз.
 
Rolling Paper

Џокер Ноле
Член од
21 јануари 2023
Мислења
252
Поени од реакции
521
изгледа на крај ќе умреме од глад кога и инсектите и растенијата ќе добијат права. Можеби и тоа е добар крај на нашата еволуција, да не снема скроз.
Тоа е планот.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.115
Поени од реакции
23.590
Точно дека се глодари, но имаат различни навики и живеалишта. Стаорците поголема е веројатноста да ти направат штета дома, да ти пренесат болести, затоа што се движат буквално секаде, и се хранат со се и сешто (читај ѓубре и фекалии).

И вервериците може да направат штета, може да изгризаат се и свашта. Дури може да предизвикаат и прекин во електроснабдувањето. Но поголема е веројатноста штетата да биде надвор, на отворено. Може и болести да пренесат, ама поретко.

Хм, глодари се да, ама не глеам па човекот нешто повеќе да ги обожава и чува како миленици на пример (за разлика пример од хрчаците). Би рекла дека и верверицата е тука некаде по своите гревови :D
Staorcite i gluvcite i ververickite go pravat bas ona za sto evoluirale da go pravat. Ververickata se penteri po drvja, gluvcite i staorcite po dupki, kanalizacii, vizbi i pojma nemam kade. Taka im idi, od vnatre, prirodno, ne deka namerno taka pravat.
Za bolesti, bezmalku sekoe zivotince mozi da ti prenesi, od lisica do nekoja krava ili ovca,koza nevakcinirana, pa i ververica. Za kucinjata i da ne zborame oti tie za razlika od divite zivotni nemaat bas strav od covekot.
Bilo kako bilo, nastrana majtapot izgleda treba da se grizime samo za zivotni koi ne se jadlivi( barem kaj nas) i gi smetame za dobri domasni ljubimci, drugite koj gi vrti, nebitni se tie posto iako se zivotni isto kako i random djukela i macka kontejnerka, nesto ne ni se po kef.
I sega eden mal uvid vo rabotite malce od poinakov agol.
Kucinjata i mackite ne se zagrozen vid :toe: .
Nema nikakakva potreba da se pritresuvame okolu bezdomnite kucinja i mackite, nisto povekje otkolku za staorcite. Sinterite gi sobiraat, se nosat vo stacionar kade se drzat nekoe vreme, nedela dve, ako nikoj ne gi posvoi togas toa e toa, povekje sreka vo idniot zivot.
Ako na anima mundi ili nekoja zagrizena kuckarka i pagja zal za niv, nikoj nema da gi spreci da odat i da go posvojat. Ako istoto zivotince pak se najde na ulica, se fakja i mu se vrakja na posvojuvacot so pretpostavka deka mu izbegalo, se izgubilo. Ako se najde pak na ulica po vtor pat, e togas na posvojuvacot da mu se naplati za ulovuvanjeto i grizata dodeka go cuvala drzavata, ako tret pat se samoodaleci togas toa na novo posvojuvanje, a posvojuvacot da kazni paricno, pa pak neka go pusta na ulica.
Vekje ako se trosat pari, neka se trosat na zagrozeni vidovi na koi stvarno im treba nasa pomos. Kucinjata i mackite ne spagjaat vo taa kategorija, ni oddaleku.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.099
Поени од реакции
9.528
Треба да се прави разлика помеѓу колатерална штета и хедонизам. Човечкото опстојување на планетава резултира со огромна колатерална штета и истата е последица на нашите основни потреби. Од друга страна хедонизмот резултира со непотребно страдање и во таа насока треба да се движиме. Се е тоа резултат на етиката и во тие рамки треба и да функционираме. Контра аргумент на ова е лицемерието, па имаме ситуација кога некој чува куче у соба и се бацува со него а јаде прасиња и се слика за нова година со истите. Додека јадеме животни од чисто хедонистички и неетички принципи нема што да глумиме лудило со права на животни.
 
Јас имам куче и ги обожавам животните. Јас јадам месо и моето куче јади месо. И генерално месото што ние го консумираме се плен животни, кои во дивината живеат во постојан страв да не бидат растргнати од предатори. Значи, животните јадат животни! Сите ние сме лицемерни на овој или оној начин.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Дали е мит дека припадниците на извесна народност имаат традиција на сексуално општење со животни и дека преферираат кози? Дали тоа е прекршување на правата на животните?
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.099
Поени од реакции
9.528
Јас имам куче и ги обожавам животните. Јас јадам месо и моето куче јади месо. И генерално месото што ние го консумираме се плен животни, кои во дивината живеат во постојан страв да не бидат растргнати од предатори. Значи, животните јадат животни! Сите ние сме лицемерни на овој или оној начин.
Кога гледаш лав како брка антилопа за кого навиваш?
Еве знаеш дека лавот ако не ја фати ќе умре за јадење.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
339
Поени од реакции
693
Мислам дека темава избега од целта, се мешаат баби и жаби. Не е идејата да не се јаде месо, идејата е да не се требат животни за спорт и е онака зашто сум јачи. За мене сосем нормално е да се заколе прасе и да се изеде, па Индијанците биле едни од најнасочените култури кон природата и убивале за месо но се заблагодарувале на животното пост мортум за недоброволниот подарок. Тоа е нормално. Но зашто ете, му ја земале 90% територијата на волкот, му потепале све што јаде, и сеа отишол у селото изел кокошки овци и видиш кај му земале се, кутриот се престрашил здрава нога у трн да стави, сеа се оди во лов и него да го средат, ти да видиш. Па човек да е ќе го направи истото од глад и жед, е тука е прашањето каде се нивните права.

А треба повеќе децата да се образоваат од мали години дека треба да и служат и да ја почитуваат природата со сите нејзини чеда, но ако сме реални, кај нас толку све е сјебано и иде на полошо, работава е да сме среќни што знаат да читаат и основни математички функции, а не па да бараме толку силна училишна програма.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997

Една од целите на оваа тема, пред да ја отворам, ми беше на овој подфорум да привлечам и членови кои често го заобиколуваат затоа што најактивните теми се дневно-политичките каде и надвор од форумскиве води, во нашето секојдневие, не дават со пропаганда во секоја можна прилика. Луѓето, едноставно, сакаат да здивнат. И со оглед на тоа дека оваа тема од една страна сама по себе има низа контроверзии, а и полемики кои се блиски до сите нас, како уништувањето на животната средина, сакав да се пополни тој празен простор на форумов каде на слични теми имавме доста жестоки и интересни дебати. Оваа тема во себе има инкорпорирано низа елементи, не семо морални, туку и економски, политички, правни, па и филозофски. Еконмоските лежат во централното економско прашање, а тоа е реткоста односно ограниченоста на ресурсите. Правните извираат во регулативите, контролите, забраните и дозволите, но и нивното место во правниот систем (од аспект на стварното право, живтоните се сметаа за res, ствари). Политичките се тесно поврзани со овие, затоа што најчесто се тежнее кон баланс, но често и кон максимизирање на профит и рушење и укинување на регулативите кои се однесуваат на заштитата на животната средина, експлоатација на ресурсите и нивно лошо планирање и менаџирање. Но и филозофските, како на пример објаснување на моралните проблематики, пример категоричкиот императив, или експериметирањето со животните (кое не секогаш е проследено со нивна физичка болка, пример имаш експерименти за тестирање на фоторафската меморија кај приматите), но и одредена улога играат и религијата и културата со тоа што одредени религии го имаат отфрлено конзумирањето месо.

Дел од оваа проблематика е во рацете на државата, посебно во сиромашните и неразвиените држави кои имаат шумски пространства (посебно прашумите, дожновните шуми и не толку затоа што зависат од количеството на дожд и во годините нивните пространства се шират и се стеснуваат) и сакаат да ги продадат, но и дозволите за убивање на трофејни животни за туризам и финансиски цели. Најчесто продаваат стари животни. Тука не зборуваме за загрозување на “белите дробови на светот“ (парцијално навлегуваме и во зелената агенда) туку и за уништување на биодиверзитетот.

Дури и месото не секогаш е централното прашање на полемизирање, се користат, непотребно, и други делови од животните како на пример кожата, па и коските. Во САД, на пример, федерална казна е поседување на пердуви од белоглавиот орел. Имаат и програма за заштита со која го враќаат од изумирање. И кај нас има програма за заштита на одредени животни од лов односно риболов. Дури и временски интервали кога ловот и риболовот се строго забранети. Истите не се почитуваат затоа што речиси и да нема контроли. Сега, прашањата се: дали треба да се прошири листата на забрани? Или чекор понатаму, дали ни требаат повеќе заштитени планински предели односно национални паркови?

Темава е интересна, неисцрпна, може да се шири во многу насоки, но за жал и квалитетот и квантитетот на членови е опаднат. Тетките кои циркулираат на буквално секоја новоотворена тема и Рончињата кои се тука за досетки и хехенца не ги ни рачунам за партиципанти затоа со ништо не придонесуваат за развојот на дискусиите и дебатите. Ама секогаш е убаво да се прочита интересно размислување, како твоето, и се надевам дека дебатата ќе се врати на своите шини. :)
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Ловот на животни поради рекреација отсекогаш ми била една од најумноболните работи што може да ги направи човечкото суштество.
Не можам ни во најцрните соништа да си замислам да пукам во некое срниче или зајче чисто онака за мое задоволство.

Порано со дедо ми многу често одевме на прошетка во блискиот рид во село и знаеше да рече онака тажно:
Еееее сине порано колку диви животни имаше во околинава.Сега се е покосено од ловџиите.Едно зајаче не можеш да видиш.
И навистина,природата без животни е многу трула.

Некој(без разлика дали Господ,енергија или било што)тоа животно го створил да се создаде баланс во природата.
Разбирам јас да убиеш животно за да се прехраниш,фала богу.Иако и тоа треба да биде со мера.Ама да убиваш онака поради хедонистички пориви или што и да е,тоа не е во ред.
 
сега не се лови нешто многу. Сега мечките по куќи веќе идат на некои места.

Иначе ловот е нормална работа, контрола на дивечот, ако нема лов се коти многу и пренасаат болештињи на добитокот. Како оваа свинска чума што ја носат дивите свињи.

ловот е нешто како контрола на болештини. Ги држиш дијачот подалеку од луѓето.
 
Сигурно може да се најдат други механизми за да се спречуваат болестите.Не мора вака,испотепај се и правдај се дека уствари правиш добро за добитокот и човештвото.
Да не правам муабет за ловењето на зајаци,срни,волци и мечки.Какви болести носат тие?
Исто голем проблем е и неконтролираниот лов.Живо пиле не остана во природата.

Жално е сето овоа што се прави,само на кого тоа ќе му докажеш дека не е во ред?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom