Мислам дека темава избега од целта, се мешаат баби и жаби. Не е идејата да не се јаде месо, идејата е да не се требат животни за спорт и е онака зашто сум јачи. За мене сосем нормално е да се заколе прасе и да се изеде, па Индијанците биле едни од најнасочените култури кон природата и убивале за месо но се заблагодарувале на животното пост мортум за недоброволниот подарок. Тоа е нормално. Но зашто ете, му ја земале 90% територијата на волкот, му потепале све што јаде, и сеа отишол у селото изел кокошки овци и видиш кај му земале се, кутриот се престрашил здрава нога у трн да стави, сеа се оди во лов и него да го средат, ти да видиш. Па човек да е ќе го направи истото од глад и жед, е тука е прашањето каде се нивните права.
А треба повеќе децата да се образоваат од мали години дека треба да и служат и да ја почитуваат природата со сите нејзини чеда, но ако сме реални, кај нас толку све е сјебано и иде на полошо, работава е да сме среќни што знаат да читаат и основни математички функции, а не па да бараме толку силна училишна програма.
Една од целите на оваа тема, пред да ја отворам, ми беше на овој подфорум да привлечам и членови кои често го заобиколуваат затоа што најактивните теми се дневно-политичките каде и надвор од форумскиве води, во нашето секојдневие, не дават со пропаганда во секоја можна прилика. Луѓето, едноставно, сакаат да здивнат. И со оглед на тоа дека оваа тема од една страна сама по себе има низа контроверзии, а и полемики кои се блиски до сите нас, како уништувањето на животната средина, сакав да се пополни тој празен простор на форумов каде на слични теми имавме доста жестоки и интересни дебати. Оваа тема во себе има инкорпорирано низа елементи, не семо морални, туку и економски, политички, правни, па и филозофски. Еконмоските лежат во централното економско прашање, а тоа е реткоста односно ограниченоста на ресурсите. Правните извираат во регулативите, контролите, забраните и дозволите, но и нивното место во правниот систем (од аспект на стварното право, живтоните се сметаа за res, ствари). Политичките се тесно поврзани со овие, затоа што најчесто се тежнее кон баланс, но често и кон максимизирање на профит и рушење и укинување на регулативите кои се однесуваат на заштитата на животната средина, експлоатација на ресурсите и нивно лошо планирање и менаџирање. Но и филозофските, како на пример објаснување на моралните проблематики, пример категоричкиот императив, или експериметирањето со животните (кое не секогаш е проследено со нивна физичка болка, пример имаш експерименти за тестирање на фоторафската меморија кај приматите), но и одредена улога играат и религијата и културата со тоа што одредени религии го имаат отфрлено конзумирањето месо.
Дел од оваа проблематика е во рацете на државата, посебно во сиромашните и неразвиените држави кои имаат шумски пространства (посебно прашумите, дожновните шуми и не толку затоа што зависат од количеството на дожд и во годините нивните пространства се шират и се стеснуваат) и сакаат да ги продадат, но и дозволите за убивање на трофејни животни за туризам и финансиски цели. Најчесто продаваат стари животни. Тука не зборуваме за загрозување на “белите дробови на светот“ (парцијално навлегуваме и во зелената агенда) туку и за уништување на биодиверзитетот.
Дури и месото не секогаш е централното прашање на полемизирање, се користат, непотребно, и други делови од животните како на пример кожата, па и коските. Во САД, на пример, федерална казна е поседување на пердуви од белоглавиот орел. Имаат и програма за заштита со која го враќаат од изумирање. И кај нас има програма за заштита на одредени животни од лов односно риболов. Дури и временски интервали кога ловот и риболовот се строго забранети. Истите не се почитуваат затоа што речиси и да нема контроли. Сега, прашањата се: дали треба да се прошири листата на забрани? Или чекор понатаму, дали ни требаат повеќе заштитени планински предели односно национални паркови?
Темава е интересна, неисцрпна, може да се шири во многу насоки, но за жал и квалитетот и квантитетот на членови е опаднат. Тетките кои циркулираат на буквално секоја новоотворена тема и Рончињата кои се тука за досетки и хехенца не ги ни рачунам за партиципанти затоа со ништо не придонесуваат за развојот на дискусиите и дебатите. Ама секогаш е убаво да се прочита интересно размислување, како твоето, и се надевам дека дебатата ќе се врати на своите шини.