Зависи до луѓето и до средината... 1. Во поконзервативните и потрадиционалистички реони како што се селата или населбите степенот на разводи е понизок, додека во урбаните средини каде населението е ај така да се изразам 2. кобајаги нели посовремено, помодерно и поинтелектуално степенот на разводи е повисок, секако немам пишани податоци, но таков ми е впечатокот !
1. Руралните средини се напуштаат масовно, има многу помалку популација, помалку бракови па и помалку разводи. Руралните средини имаат многу повеќе работа по куќа и на нива/фарма, истоштени на крајот од денот луѓето таму немаат ни време ни сила да “разговараат“ за нивната “врска“. И уште поважно,
жените се далеку позависни од мажите кога се во рурално окружување: нема на село кого да викнеш да ти поправа по дома, на нива, во фарма: молер ти треба- ти си молерот, ковач- ти си ковачот, градежни работи- ти си градежникот, механичар- честитки, ти си механичарот.
2. Урбаните средини се погусто населени, има повеќе луѓе, има работно време коешто е ограничено и предвидливо во траење, луѓето се посклони да висат по социјалните мрежи, физички не се толку исцрпени на крајот од денот па има и енергија за воншколски активности како пијанчење, дрогирање и швалерај. Степенот на развод е повисок не само затоа што има повеќе бракови како последица на повеќе луѓе туку и затоа што
жените мислат дека имаат повеќе избор во поголем град па ако не ѝ тргне со дечкото бр. 1 има уште пет на лагер
симпатизери желни да влетаат во игра. И во урбаните центри има многу појасна поделба на трудот: ти треба механичар- има работилница механичарска, треба електрика дома да се поправа- ќе викнеш електричар, молерај- има и за тоа молер да си викнеш итн. Жените в град не се толку зависни од сопруг,
мислат дека е таа улога лесно да се делегира на друг(и).