А ти како си сигурен дека ја силувал? Од тоа што ми текнува, има аудио кое е грозно, сите ќе се сложиме, каде она вика не, он вика да, дали ја силувал после е прашање. Ние сега може да нагаѓаме. Исто е и со сликите со модриците и раскрварената уста. Тоа не е никаков доказ дека он и ги направил. Ние може само да нагаѓаме. Од друга страна, судот не се замара со нагаѓање, туку со докази и ако има докази, колку и да и плати нејзе да не го тужи приватно, државата ќе го гони кривично. Ако се докаже дека го направил тоа и го осудат, нормално не треба никаква шанса да му се даде. Не е ова Македонија, они од вакви случаи прават примери. Ене ти го Енди Џонсон како пример. Од друга страна го имаш Менди како пример, каде се оцрни играчот, беше во притвор, година, две, изгубени од кариера, со црна дамка каде иако е на крај прогласен за невин, ако остсне во Сити, на секој стадион ќе биде навредуван и понижуван. Треба него да му се даде шанса или штом некоја те обвинибдека си ја силувал, автоматски си крив? Сега ние тука можеме си правиме филмови дека има пари па судот пресудува во негова полза, ама тоа може во банана држави ко нашава.