Одлична бројка денес, многу помлади деца на трибина. Тоа што го зборував дека со мртвиот фудбал не може да привлечеш нова публика, најдобро се виде денес на ракомет.
Мислам дека ќе имаме добри изданија во сала годинава, иако веќе наредниот термин е во најутепан термин, петок после работа и веројатно ќе донесе до многу послаба бројка.
Покрај бројката која е научна фантастика за било која група во моментов (за натпревар кој не е дерби и нема противничка навувачка група), навивањето беше одлично.
Неколку пати подолги песни се пееја, неколки пати се скандираше, се пееше заедно со неутрлната (зига зага, тебе те сакаме и химната). Едноставно публиката на ракомет се навикна на добра атмосфера и лесно се вклучуваат во навивањето.
Натпреварот беше очобол, колку и да зборувам дека треба редовно да се навива на ракомет, едноставко нема драж во утакмиците, се влечат ракометарите, за саат и 20 минути завеши утакмицата, ни прекини, ни тензија.
Многу фалат натпревари со противничка навивачка група.
Замерка за навивањето е што можеше малку повеќе притисок да се прави кога се кршеше резултатот. Во натпревари со поголемо значење, мора да се води навивањето според играта на терен, како што најчесто се правеше во ЛШ и вродуваше со плод. Градот Скопје има, само еден клуб, грми и го сала, прав погодок.
Комита некако ко да фрливме ракавица на Гробари, веројатно револт кој се јави по ланското нивно скандирање против Пелистер.
Кој што сака нека каже, ама само против нас не се појавија навивачи на српски клубови од земјава, што малку говори и за тоа дека није свеједно.
Јас сум целосно против соблакање на деца или малтретирање луѓе кои не се навивачи со одземање реквизити и со тоа малку се претера. Јасно е дека ракометот не ги интересира, ама македонскиве подгрупи воглавно не бираат спорт за да се покажат. Ме изненадија што денес не беа присутни. Пробаа неколку постари фанови да постават знамиња на Партизан и Србија во вип ложата, ама одма наши членови дојдоа и им наредија да ги тргнат. Тоа беше правилно, нема што во ложа да вади туѓи знамиња.
Партизан секако е примамлив за публика, константноста (барем малку) треба да ја покажеме на наредните натпревари. Како и да е, крајно позитивен старт на навивачка 2023та за нас, со топ бројка, навивање, производи кои се чиста 10ка, кој како и секогаш не наидува на поздрав кај останатите
П.с. мора да кажам дека зборот пасионери ептен ми е меееееех. Можеше да се измисли нешто подобро.