Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.766
Поени од реакции
9.552
Оди у фан клуб читај ги, ќе помислиш за Лотар Матеус праат муабет. 2 позиции покривал, микс од Фред и Ериксен бил, за еден дури и боље од Ериксен, помагал многу, креативен бил, ќе им се нашол, топ играч и слични глупости за после коа ќе им ги спомнеш ќе ти речат абе не може од Ставро да си праиш мислења. :D

Истото и за Вегхорст важи.

3то место се па затоа вакви муабети. :icon_lol:
Абе сега ако преувеличуваме муабети ќе испадни дека и подобар од Сколс го правиме.

Факт е дека сме десеткувани на таа позиција со повредата на Ериксен. Мораше да се најде решение на пазарот, а со оглед на тоа дека клубот ни е на продажба и дека американциве не сакаат да пукаат пари, тоа решение единствено е во вид на позајмица. Од алтернативите кои се споменуваа мислам дека баш најадевкатната ја избра Тен Хаг. Ни Иско, ни Ауар, ни Саул ќе го решеа проблемов. Не дека Сабицер ќе гарантира такво нешто.

На крајот од денот, позајмица е. Ако се покажи овие 6 месеци и се вклопи во стилот на Тен Хаг зошто и да не го откупиме. Можеби е панично решение по повреда на еден од главните играчи во средината, но мораше да се бара.

Има позитивни страни. Голем работник на терен е, дефанзивно е солиден (пишав дека мислам дека е подобар од Ериксен во тој сегмент), офанзиивно очекувам да е подобар од Фред (кој објективно не умее да даде пас напред). Со оглед на тоа што останавме со Касемиро (кој е фиксен во првите 11), Фред и МекТоминеј во таа двојка во средината, постоењето на една опција плус до крајот на сезоната би било важно ако се има во предвид дека играме на повеќе фронтови.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.945
Поени од реакции
23.089
Pa sekako ti nemash tvoe mislenje, se e neshto prochitano od twitter pa go prenesuvash na forumot.
А какво мислење да имам кога не ми е гледан играчот? И демек тука не се пренесува од твитер ништо па оваа моево беше прво и единствено.

Јас напишав дека БИЛ не дека Е . Кока ќе прочиташ нешто обиди се да го сфатиш напишаното.Поздрав.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.298

Никакво, не мора за се да се има мислење, особено без во случајов изгледан натпревар на играчот.

Ни БИЛ ни Е. Да бил немаше да греј клупа во Баерн. Мене ми викаш да го сфатам напишаното, ама ти му поверува на некој дека резервен играч од Баерн е подобар од Ериксен, без да си го гледал.

Ама битно ни пренесе, то е најбитното.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.622
Поени од реакции
6.426

Па и Ериксен грееше клупа и тоа во Интер. :D
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.945
Поени од реакции
23.089
Зошто да не му верувам на некој кој што го гледал ? А дали БИЛ или Е реков дека ќе покаже времето.. За пренесеното you're welcome.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Абе сега ако преувеличуваме муабети ќе испадни дека и подобар од Сколс го правиме.

Факт е дека сме десеткувани на таа позиција со повредата на Ериксен. Мораше да се најде решение на пазарот, а со оглед на тоа дека клубот ни е на продажба и дека американциве не сакаат да пукаат пари, тоа решение единствено е во вид на позајмица. Од алтернативите кои се споменуваа мислам дека баш најадевкатната ја избра Тен Хаг. Ни Иско, ни Ауар, ни Саул ќе го решеа проблемов. Не дека Сабицер ќе гарантира такво нешто.

На крајот од денот, позајмица е. Ако се покажи овие 6 месеци и се вклопи во стилот на Тен Хаг зошто и да не го откупиме. Можеби е панично решение по повреда на еден од главните играчи во средината, но мораше да се бара.

Има позитивни страни. Голем работник на терен е, дефанзивно е солиден (пишав дека мислам дека е подобар од Ериксен во тој сегмент), офанзиивно очекувам да е подобар од Фред (кој објективно не умее да даде пас напред). Со оглед на тоа што останавме со Касемиро (кој е фиксен во првите 11), Фред и МекТоминеј во таа двојка во средината, постоењето на една опција плус до крајот на сезоната би било важно ако се има во предвид дека играме на повеќе фронтови.
Не е преувеличување, сите заедно да се соберете немате ни 10 утакмици изгледано. На страна тоа што играчов беше тешка резерва у Баерн.
Е сеа лажги и фантазии дека го знаете од Лајпциг, тоа на друго место.

Си ги правдате трансфериве ради формата и местото на табела, да бевте 7мо место теорија немаше да ми го праиш муабетов, да не се лажеме, него ќе повикувавте на трансфери ко Енцо, Касемиро и слични.

Во ред е ова што го збориш, позајмица, клубот во фаза на продажба, бла бла и слично, само не мора да се преувеличуваат играчите и да се праат ко нешто уау. Марцел Сабитцер, резерва у Баерн, отпишан од таму по брза постапка... примен и дочекан у Манчестер како Михаел Балак.
После коа ќе ве тролаат, ќе се вадите на Ставро.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
11.413
Поени од реакции
28.632
Transferot na Isco vo Union Berlin propadna poradi pogresno tolkuvanje plata. Union nudele brutto plata a igracot mislel toa e netto plata. Pobaral ponudenoto da e netto Union se odkaza.
Реално не им ни треба. Начукал 30 год се понаша како да има 45. Ибра и Буфон не се волку паднати кондициски и вон форма.

Унион нека продолжат да скаутаат млади таленти и топ4 секоја сезона ќе им биде загарантирано.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.783
Поени од реакции
44.021
Не е преувеличување, сите заедно да се соберете немате ни 10 утакмици изгледано. На страна тоа што играчов беше тешка резерва у Баерн.
Е сеа лажги и фантазии дека го знаете од Лајпциг, тоа на друго место.

Си ги правдате трансфериве ради формата и местото на табела, да бевте 7мо место теорија немаше да ми го праиш муабетов, да не се лажеме, него ќе повикувавте на трансфери ко Енцо, Касемиро и слични.

Во ред е ова што го збориш, позајмица, клубот во фаза на продажба, бла бла и слично, само не мора да се преувеличуваат играчите и да се праат ко нешто уау. Марцел Сабитцер, резерва у Баерн, отпишан од таму по брза постапка... примен и дочекан у Манчестер како Михаел Балак.
После коа ќе ве тролаат, ќе се вадите на Ставро.
Марцел Сабицер не доаѓа во Јунајтед да биде главен играч, туку доаѓа да пополни место во составот. Треба и тоа да го земеш во обзир, заедно со околностите во кои се случи трансферот.

На пладне од последниот ден од трансфер периодот доаѓаат вести дека Ериксен е во аут до крај на Април. Ван Де Бек е секако аут до крај на сезона, Мектоминеј е повреден бар 2-3 недели и Јунајтед практично останува со 3ца играчи во средина за месецот во кој имаат 10 утакмици и евентуално куп финале. Алтернативите во оваа ситуација се минимални. Сигурно имаат некој план за на лето, ама тие играчи сега не ти ги дава никој, посебно не на 10 саати до крај на Јануари.

Како алтернатива за Ериксен, во тие околности, Сабицер е сосема океј трансфер. Башка, не е дојден тука да го носи тимот на грб. Има други играчи за тоа. Се знаат кои се целите за Јунајтед до крај на сезона - пласман во топ 4 (секој муабет за титула заврши со поразот од Арсенал, иако и тогаш беше повеќе колку да се лажеме) и евентуално некој куп. Сосема океј фудбалер за да ти помогне во нивното остварување. Нормално, ако сакаат некоја поголема титула во иднина, на лето треба да бараат играч кој всушност би влегол во прв тим, а Ериксен би му бил измена.

Иначе демек Енцо некој го има гледано повеќе случајно? 5 пати на СП и еднаш во ЛШ - толку. До Јули играше во Аргентинска лига.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.364
Поени од реакции
5.493

Кејлор Навас и Џонџо Шрлви се нови играчи на Нотингем Форест.
Е ова е клуб без план. 50 играчи земаа за една сезона, без компас се.
Навас, Хендерсон, Хенеси за голмани. Ниеден тим нема ваков ростер за голмани. Не ни знам зошто го земаа Навас кога Хендерсон 200 бода им извади годинава.

Симпатични беа заради историјата, ама нека се враќаат во втора лига одма. И они и Волфс.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.622
Поени од реакции
6.426
Не е преувеличување, сите заедно да се соберете немате ни 10 утакмици изгледано. На страна тоа што играчов беше тешка резерва у Баерн.
Е сеа лажги и фантазии дека го знаете од Лајпциг, тоа на друго место.

Си ги правдате трансфериве ради формата и местото на табела, да бевте 7мо место теорија немаше да ми го праиш муабетов, да не се лажеме, него ќе повикувавте на трансфери ко Енцо, Касемиро и слични.

Во ред е ова што го збориш, позајмица, клубот во фаза на продажба, бла бла и слично, само не мора да се преувеличуваат играчите и да се праат ко нешто уау. Марцел Сабитцер, резерва у Баерн, отпишан од таму по брза постапка... примен и дочекан у Манчестер како Михаел Балак.
После коа ќе ве тролаат, ќе се вадите на Ставро.
Тоа што бил резерва во Баерн е релативно, не го прави играчот слаб. Зависи од стилот на тренерот, како ќе се вклопи играчот во тимот итн. Во екипи како Баерн има по 20 квалитетни играчи а не 11.

Тоа што на Јунајтед му фали и квалитет и квантитет во тој дел на теренот е друго 20.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.783
Поени од реакции
44.021
Е ова е клуб без план. 50 играчи земаа за една сезона, без компас се.
Навас, Хендерсон, Хенеси за голмани. Ниеден тим нема ваков ростер за голмани. Не ни знам зошто го земаа Навас кога Хендерсон 200 бода им извади годинава.

Симпатични беа заради историјата, ама нека се враќаат во втора лига одма. И они и Волфс.
Се повреди Хендерсон на неколку месеци мислам. Инаку да, изнакупија еден тон фудбалери. Не знам како може да купиш 27 играчи во 2 трансфер периоди. Како доаѓаат тие играчи, што им ветуваш уствари (освен повеќе пари)? Два ипол тима можеш да составиш тука реално. :D
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.364
Поени од реакции
5.493
Се повреди Хендерсон на неколку месеци мислам. Инаку да, изнакупија еден тон фудбалери. Не знам како може да купиш 27 играчи во 2 трансфер периоди. Како доаѓаат тие играчи, што им ветуваш уствари (освен повеќе пари)? Два ипол тима можеш да составиш тука реално. :D
Трансфермаркет вика дека купиле 34 играчи, тоа е бројка со се позајмици.
Тоа се три постави.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.773
Поени од реакции
5.527
Оди у фан клуб читај ги, ќе помислиш за Лотар Матеус праат муабет. 2 позиции покривал, микс од Фред и Ериксен бил, за еден дури и боље од Ериксен, помагал многу, креативен бил, ќе им се нашол, топ играч и слични глупости за после коа ќе им ги спомнеш ќе ти речат абе не може од Ставро да си праиш мислења. :D

Истото и за Вегхорст важи.

3то место се па затоа вакви муабети. :icon_lol:
не ми е да коментирам за овој Германецот/аустриец или што и да е. До вчера немав слушнато за него. Земен у паника колку да се има некој да ротира (бар тоа е мое мислење)

ама за холндезов (бар од барнли сме го гледале) пред да дојде колку видеа се споделија како секаде на терен го има играл со памет отварал простор ова она (и рака на срце стварно е секаде на терен у дава 200% на секој меч)
Да преминат во што к.. него го стартува (мислиш роналдо дебелиот на клупа седи ради овој), не давал атрактивни голови итн итн

ама што знам јас од интернет маркетинг бе, може пари се прават на база на постови на форумов
Фред (кој објективно не умее да даде пас напред).
Треба да барам клипови од мастермајнд Фред кој го измислил фудбалот и колку паметен интелигентен играч бил
Харал низ Украина (ама изгледа по украинките)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom