- Член од
- 4 октомври 2022
- Мислења
- 1.285
- Поени од реакции
- 2.155
баки, тоа да ти ги решава некој друг проблемите не е продуктивност, него твоја неспособност. Сфаќаш што сакам да кажам? Не го користиш мозокот, само копи пејст не е некоја продуктивност. Продуктивност е сам да искодираш бот да ти брка некоја работа, а не некој друг да ти куца код што не го разбираш.
GPT е олеснување, GPT не е БОТ како што ти го замислуваш да му дадеш задача да ти искуца целосен софтвер. Истото што го имаш на GPT го имаш и на google, само што тука е олеснато да не нуркаш и губиш време за нешто што ти е потребно. Има еден процент на луѓе во кои спаѓаш и ти кои замислувате дека ова е Аладин со волшебната ламба, па ботов комплетен софтвер ќе ти накуца ти додека пиеш кафе.
Кодираш сам, никој програмер не го користи GPT за целосен проект. Не ни постои можност за нешто такво.