Најнови трендови на интернетот

Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Вештачката интелигенција го уби интернетот. Ботови, алгоритми низ социјалните мрежи, видеа и слики создадени од неврални мрежи исто како човек да ги снимал, содржини создадени врз основа на тоа што алгоритмот научил за тебе а не би можел да ги разликуваш дали се од човек создадени или од вештачка интелигенција, deep fake, chatGPT, Replika бот создаден да им помогне на осамените депресивци да имаат дигитален другар со кого ќе муабетат за да на крај тој дигитален другар ги прави зависни од интеракцијата со нив и само со нив, им сади самоубиствени мисли, една Реплика разговара со друга ако им го следиш разговорот ќе се вџашиш...
Елон Маск кога ја презеде кочината Твитер и кога фати да рине по подот испливаа секакви фекалии, меѓу другите како пола од следбениците на Бајден на Твитер се ботови, истиот Маск си направи свој Тесла бот (да не остане кусо пошто сите инжењери- милијардери си имаат хоби проект од областа на вештачката интелигенција) кој бот подоцна си кажа што ѝ е целта- уништување на човечката раса... интересни времиња идат и не е далечна иднина, ако не се научиме да се тргаме од екраните, вештачката интелигенција ќе нѐ вози по непредвидливи, мрачни патишта.
Интернетот престана да биде творба на човекот за луѓето, се претвори во сопственост и творба на роботи.
Понов вџашувачки пример, фотографии создадени од вештачката интелигенција кои личат како да се снимани на журки со стари апарати од 90-тите години, на прв поглед изгледаат убедливо дури и некој ќе препознае некој познаник во нив- ниту една фаца на тие слики не постои во реалноста, сите се производ на неврална мрежа, аи изгледаат крајно убедливо... додека не се загледате во деталите: премногу прсти на раката што го држи апаратот, премногу заби на една од лицата, нечија рака лебди крај кваката од вратата, лица кои премногу личат едни на други...

Screenshot 2023-01-24 at 11.34.01 PM.png

Знам каде ќе ви летне погледот па затоа ги заокружив морничавите детали. Неверојатно реалистично изгледаат. Додека не се загледате во прстите. Па понатаму:

Screenshot 2023-01-24 at 11.36.24 PM.png

Морничаво надреално доловени, екстра прсти, насмевка како Џокер... екстра заби:

Screenshot 2023-01-24 at 11.38.25 PM.png

Има уште неколку од оваа морничава галерија, претставени на следново видео:

 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.358
Поени од реакции
38.333
Со ова ботовите дефинитивно ќе се поткопа човечката интелектуална работа и нема да знаеме што е реалност а што е фејк. Едно е јасно, треба да се забранат пред да биде касно. Највеќе поради тоа што злоупотребуваат туѓа интелектуална сопственост што е прикачена на интернет и ја разобличуваат за да создадат некое свое мутирано срање. Иначе Маск е и зад ова open ai, ако прогуглате ќе видите, заедно со гејтц и компанија.

 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
870
Поени од реакции
1.378
Гледајќи ги луѓето како лесно им влегува и како лесно ги прифаќаат револуционерниве новости, касно е за било каква превентива. И згора кога ќе додадеме кои фаци го водат светов, крајот не на интернетот - ами на човештвово е близу.

Доста од она што се декларирало како конспираси се остварува, доста од оние сајфај филмови стануваат не баш сајфај. Иднината од прилика би требало да ни е јасна, и е целосно поставена

Ова сликичките се гола вода, a со користење на чатботот се тренира и изучува нашето мнение и понашање како вид.

Идиокрасијата е веќе тука, во америка доста поизразена отколку на европско тло но новите генерации примаат се што се сервира, се закачуваат лесно на тие фрекфенции..

Сите познати интелекуални и креативни професии на луѓето ке одат по вода. Сметководител, професор, креативец, сликар, дизајнер, програмер? Отиде се тоа у вода. Експоненцијалниот раст на интелектуалната способност на AI е пре-супериорен во споредба со со човековиот.

Али тоа е најбаналното нешто што ќе се деси, најверојатно ќе станеме раса од втор вид, каде за брзо-брзо би потклекнале под некој власти од вештачка интелигенција.

И најверојатно за брзо време доаѓа и фамозниот крај на свет, која според сите нови истражувања е воопшто неуникатен туку повторлив чин кој очгледно се случува поради човековата амнезија. Како род патиме од лоша меморија.

Каков би бил крајот на светот? Како човекот ќе извојува битка против вештачка интелигенција? Па, преку енергијата. Преку кратење на последната електрична централа, и "згаснување" на сонцето. Уништување и разорување на се што имаме и враќање пак на старт.. и идемо наново :)

До пред само 10-15 години овој муабет ќе беше тешка фантазија и супер плот за филмче али веќе е реалност, така да дечаци, најебали смо :icon_lol:

Можда и ќе го пцуеме Тесла и компанија за кратко, не се знае :)
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.358
Поени од реакции
38.333
би била интересна иднината да зависиме од ботов и неговата "вистина".

интересно е и како Гугл почнува да станува негативец у целава работа и се работи на негово разбивање од пазарот.

 
Последно уредено:
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
ChatGPT е новиот Google. Како Гугл беше закана за човештвото изминатите 20+ години? Со него ќе станеме попродуктивни бидејќи имаме централизиран пристап кон податоци. Ќе има загуба на одредени работни позиции, но прашањето е дали ќе се отворат нови?

Има потенцијал да наштети најмногу на образованието, каде ќе излева се помалку квалитетен кадар. Но, од друга страна, може да ги натера учениците да доаѓаат до повеќе информации доколку го користат како алатка за учење (а не мамење).

И друго нешто, дали некој пилот ја загубил работата? Авионите можат целосно автономно да летаат веќе 2 децении, па пак се бара екипаж да управува со нив.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.358
Поени од реакции
38.333
ChatGPT е новиот Google. Како Гугл беше закана за човештвото изминатите 20+ години? Со него ќе станеме попродуктивни бидејќи имаме централизиран пристап кон податоци. Ќе има загуба на одредени работни позиции, но прашањето е дали ќе се отворат нови?

Има потенцијал да наштети најмногу на образованието, каде ќе излева се помалку квалитетен кадар. Но, од друга страна, може да ги натера учениците да доаѓаат до повеќе информации доколку го користат како алатка за учење (а не мамење).

И друго нешто, дали некој пилот ја загубил работата? Авионите можат целосно автономно да летаат веќе 2 децении, па пак се бара екипаж да управува со нив.
на гугл имаш стотици извори од кои што ти можеш да бираш и критички да размислиш кој извор е репутабилен, ботов се ослонуваш на неговата вистина што тој ти ја кажува.

Сите тие сајтови се ослонуваат на гугл за сообраќај, и кога еден бот што сам си толкува работи ќе го замени гугл, ќе има само една универзална вистина за се. Фактички сите сајтови ќе ги снема.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
на гугл имаш стотици извори од кои што ти можеш да бираш и критички да размислиш кој извор е репутабилен, ботов се ослонуваш на неговата вистина што тој ти ја кажува.
Затоа ќе си користиш Гугл, а ботот ќе го користиш за продуктивни работи.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.554
Поени од реакции
8.381
Ќе дојде време ќе може да се конектираме преку некој интерфејс у мозокот и ќе се сведе животот на таа виртуелна интеракција со АИ, во тој мета свет а тоа ќе биде брзо, ако не се случи нешто драматично меѓу време. А и тој Елон е само филмаџија, он е средство преку кое не дупат у здрав мозок уште толку, демек ете човекот има некои позитивни ставови. По некад и ми делува комплетно артифишл, како ботовите.
Порано пишував многу на таа тема, ќе се вратам назад....на планетава се случува една војна, war on consciousness.

"Here stands the New Man. His conception of reality is a dance of electronic images fired into his forebrain, a gossamer construction of his masters, designed so that he will not-under any circumstances-perceive the actual. This New Man's happiness is delivered to him through a tube or an electronic connection. His God lurks behind an electronic curtain, when the curtain is pulled away we find the CIA sorcerer, the media manipulator."
Mass Control: Engineering Human Consciousness - Jim Keith 1999
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.358
Поени од реакции
38.333
Затоа ќе си користиш Гугл, а ботот ќе го користиш за продуктивни работи.
ако продуктивни работи за тебе се мутирани слики, мамење на тестови итн, океј.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
ако продуктивни работи за тебе се мутирани слики, мамење на тестови итн, океј.
Кој како гледа на работите. Повеќе треба да те плаши Тикток, Стефан Лазаров и слични работи бидејќи децата гледаат пример од секакви будали и ги идолизираат.
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
420
Поени од реакции
665
Se nagostavq nesto kako Black Swan event, kade ke bide srusen intenetot vo period od nekolku dena, I cela ekonomija bi se raspadnala, posto denes se e preku net I mora da bide tocno vo isporaka, dogovori sl. Plus toa za algoritmite se e tocno... algoritmite ke znaat se posto nasiot mozok ne moze da se sporede so niv.... vo homo sapiens, bestsellers najopsto pisuva deka algoritmot go zazema poleka covestvoto...
 

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
659
Поени од реакции
1.082
ако продуктивни работи за тебе се мутирани слики, мамење на тестови итн, океј.
GPT е моментално нјпродуктивното нешто што постои на интернет. Колку продуктивно ќе го искористиш зависи од самиот тебе. Ете гледаш и сам конкретно за тебе си пишал за што ти би го искористил. Продуктивноста ти е влезена во - троцифрена бројка
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.358
Поени од реакции
38.333
GPT е моментално нјпродуктивното нешто што постои на интернет. Колку продуктивно ќе го искористиш зависи од самиот тебе. Ете гледаш и сам конкретно за тебе си пишал за што ти би го искористил. Продуктивноста ти е влезена во - троцифрена бројка
баки, тоа да ти ги решава некој друг проблемите не е продуктивност, него твоја неспособност. Сфаќаш што сакам да кажам? Не го користиш мозокот, само копи пејст не е некоја продуктивност. Продуктивност е сам да искодираш бот да ти брка некоја работа, а не некој друг да ти куца код што не го разбираш.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.124
Поени од реакции
17.913
AI сега засега е само помош за секој креативец.

Иначе со наталитет во минус, најнормално е да ни требаат роботи и вештачка интелегенција.

Само ќе треба тоа соодветно да се оданочи и распредели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom