Да да, сега баш ги гледав понудите на агенцииве за посредување на работа во странство, од што им пропадна економијата на Западот, работа нудат за во Владивосток и копање снег на Сибир. Се очекува наезда од наши гастербајтери по Западниве земји да се вратат во Македонија, дел од нив сакаат да се преориентираат кон работа во Москва, Ст.Петербург и Владивосток. Тие што работеле во Ауди и Фолксваген ќе почнат да работат во Москвич и Лада.
Добро бе другар, ве читам тука неколку ликови интересни се правите.
Едниот се радува што ЕУ му дотура оружје на Украина, те вакви текнкови те такви тенкови ќе имале сега, абрамсите биле супериорни во борба дрн дрн. Ти се радуваш дека економски некој ќе ослабнел...
Јас не знам како не гледате дека војна никому никогаш не донела добро.
На тој запад за кој се смееш цените во малопродажба се за некои 30% повисоки, еве и во МКД дојде тоа (а не е дел од никаков запад, уште помалку од некоја си европа), цените лани беа 25 денари векна леб, сега е 50 денари векна леб - што е директна и индиректна последица на кризава од војната + пред тоа ковидот, иако не толку од него.
И како тоа е сега причина за да се мери чиј е подолг на темава?
НИКОЈ не добива од ова, а моментално повеќе губи ЕУ одошто Русија и де факто и де јуре од едноставна причина што Русија на терен нема толкави загуби на воена опрема (едноставно трошат стари залихи од ракети, а како што гледаме имаат уште многу, тенкови имаат на претек не мора да молат и да колат по треторазредни земји како што тоа го прави чичко сем и ЕУ), луѓе помалку изгубија, логистика помалку и слично, а од друга страна Украина е девастирана (воено, демографски, економски... како сакаш земи).
Војната не се води на руска територија и на крај економските санкции кои требаше да ја фрлат на колена не го направија тоа туку имаат засега спротивен ефект (во иднина ќе видиме како ќе е).
Тоа говори дека свесно и сосема пресметано влегоа во ова и засега ништо што се случува не ги исфрлило од колосек - ама баш ништо.
Европа плаќа повисоки енергенси и повторно тоа се руски енергенси но препакувани во америчка амбалажа.
Европа има инфлација над 10% - иако од петни жили се трудат да ја прикријат.
Европа засега има поголеми економски последици од тие што ги има Русија.
Тоа се фактите. Дали му се свиѓа на некој или не, не е битно. Глупаво е да се правите со сила недоветни пошто не сте такви.
Друга работа, Европа малку покасно се сети дека се вазали на САД и тоа обични мивки и ништо повеќе пошто американецот на флорида има далеку помали реперкусии од војната одошто тоа го има некој што живее во ЕУ.
И за жал, ова е само почетокот на срањево. Допрва ќе следат кризи и од економски аспект кои ќе треба да се амортизиираат. ЕУ нема да ја снема преку ноќ, но да се тврди дека нема економски последици по неа е сулудо.