Дрога ( Наркотични дроги )

Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Вака,прво и основно за да говориме за тоа дали треба да се легализира или не,треба теренско искуство,а не теоретизирање до бескрај.

Околу трошоците
Голема заблуда е тоа дека државата ќе има многу поголеми трошоци доколку дрогата биде легализирана.Ќе тргнам од градот каде што живеам.
Во СВР Велес во одделот за дрога напикани се некаде околу 10-12 инспектори со целокупни примања околу бог знае колку,50-60.000 денари грубо кажано.
Трошоци за нафта за возилата кои си ги користат и за приватни интереси,еден куп други трошоци кои не ги знаеме и итн итн...
За што сето тоа? За на крајот да уапсат едвај двајца дилери со 15 грама трава и 10 грама амфетамин?
Да не правам муабет за ситуации кога треба да се следи подобро организирана група.Понекогаш ваквите истраги траат и со години.

Кога ќе се направи математиката тоа се огромни пари фрлени во текот на еден месец за нешто кое не дава никаков резултат.И секаде низ светот е така,не само тука.
На глобално ниво дури е бетер во некои држави.
Некои истраги траат по десетина години за на крајот кога конечно ќе успеат да го фатат главниот,секогаш има некој кој ќе го замени.
Апсењето на Пабло Ескобар и Мигел Гаљардо да не ја смени ситуацијата случајно?

Да не биде постов предолг ќе се задржам на овоа што го напишав,па подоцна околу другите проблематики.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.776
Поени од реакции
34.034
^^ Не разбирам што предлагаш, и што би променил (на подобро) твојот предлог.
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
^^ Не разбирам што предлагаш, и што би променил (на подобро) твојот предлог.
Ајде еве ќе скратам,иако овоа не е тема која се решава со пост,два.

Мојот предлог е целосна легализација на дрогите.
Ќе се скратат безброј маки од типот непотребни апсења и пикање на луѓе по затворите,безброј непотребни трошоци,бројот на убиства и криминал значително ќе опадне,намалени општествени стресови итн итн...
Значи внимавај особено на овоа погоре,БРОЈОТ НА УБИСТВА И КРИМИНАЛ ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ОПАДНЕ.

Ќе наведам само еден пример:
Кога се отворија центрите за лечење со метадон,бројот на кражби и семејно насилство страшно многу се намали.
Пред тоа зависниците мораа да се снаоѓаат за пари секој божји ден,паковка хероин не е баш ефтина работа.
Па треба ли подобар пример од овоа?
 
Ова звучи како добар предлог ако гледаш само како да намалиш број на апсења и криминал директно поврзан со дилање дрога... Но што правиме со она што следува со легализација - предвидливиот скок на бројот на зависници, уништени човечки животи?

Повторно, веќе имаме примери со декриминализација на тешки дроги. Ете ти ја Филаделфија и многу други од поголемите американски градови (и либерални центри), декриминализацијата не е дејуре ама на улиците дефакто тешките дроги се декриминализирани. Дрога е достапна на секој агол, никој не ги апси, слободно ја консумираат.

Еве ги резултатите, ќе сакаш ли да ги коментираме:

Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Зошто не го зема во обзир мојот пример со метадонот туку поставуваш примери од Филаделфија каде што не ја знаеме во целост сликата,туку мислењава ги базираме на јутуб видеа?

Еве ќе ти дадам одговор.
И тука во Македонија имаш зомбиња на метадон што шетаат по улиците.Фала богу,далеку дека е како Филаделфија.
Не е битно тоа,битна е поентата.
Тие зомбиња си се во некој свој внатрешен круг,си се дружат меѓе себе,си се дрогираат меѓу себе и настрана од тоа не прават никакви проблеми.

Ти дадов примери за нешто кое го имам видено со свој очи,сум се дружел 16 години со луѓе кои конзумираат дрога,тек-тук и зависници од хероин.
Кога се отворија центрите за зависници од опијати,маките на многу луѓе значително им се скратија.

Затоа наведов во првиот пост дека е многу битно да се има теренско искуство за да знаеш што точно се случува во бизнисот со дрога.
 
Да им предложиш да почнат да делат метадон таму во Филаделфија? Мислиш дека џанкерите ќе се откажат од зависништвото и ќе одберат метадон ако имаат достапна дрога, посебно ако е легална и секаде достапна? Јас ќе ти кажам што ќе се случи ако се легализира и поевтини дрогата, оние десетици илјади зомбија што ги гледаш на видеата ќе се мултиплицираат во милиони.

Останува прашањето кое ни ти ни @smihajlo не го одговарате: Зошто општеството (државата) да си убива двоцифрен процент од работоспособна популација, наместо користењето на тешки дроги да се обиде целосно да го уништи?

Ете јас би декриминализирал или легализирал мара, псилоцибин/ајауаска и слично. За тешки дроги би ги применувал кинеските закони, драконски казни и смртна казна со јавно стрелање.

многу битно да се има теренско искуство за да знаеш што точно се случува во бизнисот со дрога.
Бизнисот од бизнис (дилерски?) аспект не сум го истражувал. :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Останува прашањето кое ни ти ни @smihajlo не го одговарате: Зошто општеството (државата) да си убива двоцифрен процент од работоспособна популација, наместо користењето на тешки дроги да се обиде целосно да го уништи?
Државата е фабрика па си запнал со работоспособно население? :)
Зошто постојано државата ја споменуваш и што прави државата општо за сите? Освен што присилно не држи тука бидејќи не можеме да заминиме без соодветни документи? Државата е затвор, не само нашата - сите...

Од една страна државата ќе останела без не знам колку проценти „работоспособно“ население, а од друга страна предлагаш „шеријатски“ закони: да се казнува па и убива население...

Ти секогаш бираш правила и закони каде што ќе силуваш некој под капата на „правни закони“.
Разбирам јас десно ориентиран ама ова претеруваш за сите пари... :coffee:

Пушти се на најјако - кој треба ќе си замине кај што треба, кој не - ќе си остане ок и при купишта дроги до него... зошто да ги штитиме неспособните и луѓето кои лесно стануваат зависни од било што?
Зошто слабите да имаат власт над силните? И до кога така ќе гледаме на нештата бројноста да е најбитното нешто?

Во иднина ќе се бара и ќе се добие легализирање на многу супстанции но само ако државата е во добивка (финансиска). Државата не се грижи за поединецот дали е работоспособен или не - туку дали е роб или не. :)
 
Со десничарите најголем проблем е паранојата.
Секој оној кој се стреми за слобода нив лично ги загрозува,па преку различни закони гледаат да го поробат и уништат.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Со десничарите најголем проблем е паранојата.
Секој оној кој се стреми за слобода нив лично ги загрозува,па преку различни закони гледаат да го поробат и уништат.
Во ред е да има закони, но не само на хартија.
Закон треба да се донесе на хартија откако практично е разгледана и разбрана ситуацијата на терен - а не како сакаме да биде!
Тоа води кон ропство и силување на мноштвото за грст луѓе кои не знаат кај тераат...

Што можеме ние со луѓе кои се лесно склони кон зависности од било кој тип? Да немаме ние алкохол да пробаме бидјеќи некој нема контрола, се опива и крши?
Некој земал дроги, се губи и не знае кај тера - да забраниме за сите бидејќи ќе зборуваме како тоа ќе го има истиот ефект и кај сите други?

Тоа е лага!

Продесничарски момци и девојки (повеќе се момци) секогаш обожаваат некој да е ограничен со закони и правила, но... ако и само ако тие се повисоко од другите и тие се оние кои ги спроведуваат законите, правилата и казните!
Его трипови и страв од слобода...

Постојано заплашување на мноштвото како се е лошо, постојано дрдорење како ова да се забрани или да се има казни - е непродуктивно!

П.С. И членов @Vanlok постојано наоѓа најгадни видеа по нет и ги постира за да докаже како ете што се случува заради ова и ова, на било која тема!
Тука на темава: зошто никој не ги собере овие зависнци во USA и не се реши со нив преку институции, закони и правила? Бидејќи не може, ниту некогаш можело или пак ќе може да се справиме со слабите и неспособните на тој начин!
Не постои лек за тоа. Од внатре доаѓаат некои нешта кај човекот, не од надвор со закони, забрани и ограничувања!
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Се слагам потполно со твојот пост.
Кратко кажано,проблемите секогаш доаѓаат од немоќта на еден човек,кој немајќи како,секогаш гледа да ги пороби и ограничи оние кој се различни од него.
Своето чини,туѓото не чини.
 
Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
608
Поени од реакции
448
Ова звучи како добар предлог ако гледаш само како да намалиш број на апсења и криминал директно поврзан со дилање дрога... Но што правиме со она што следува со легализација - предвидливиот скок на бројот на зависници, уништени човечки животи?

Повторно, веќе имаме примери со декриминализација на тешки дроги. Ете ти ја Филаделфија и многу други од поголемите американски градови (и либерални центри), декриминализацијата не е дејуре ама на улиците дефакто тешките дроги се декриминализирани. Дрога е достапна на секој агол, никој не ги апси, слободно ја консумираат.

Еве ги резултатите, ќе сакаш ли да ги коментираме:

Зошто поставуваш видеа од места каде што не се декриминализирани/легализирани дрогите? Дали е истиот проблем во Португалија, Холандија, Чешка и други држави каде што се декриминализирани/легализирани? Или баш каде што се строго нелегални и гледани стереотипично?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.776
Поени од реакции
34.034
Зошто поставуваш видеа од места каде што не се декриминализирани/легализирани дрогите? Дали е истиот проблем во Португалија, Холандија, Чешка и други држави каде што се декриминализирани/легализирани? Или баш каде што се строго нелегални и гледани стереотипично?
Во САД федералните држави, дури окрузите сите имаат посебни закони. Конкретно за Филаделфија, во цели делови од градот тешките дроги се дефакто декриминализирани. Разбираш што е дефакто се надевам, дејуре нема такви легислативи но дефакто таму никој не ги гони и тешки дроги има на секој чекор во избилство. Зависниците ги консумираат дрогите на улица, јавно и наочиглед на сите. Државата ниту ги спречува ниту ги гони, значи дефакто користењето на тешки дроги таму е декриминализирано.

Што се тиче „Португалија, Холандија, Чешка и други држави“, користење на што точно е декримализирано таму? Тешки дроги? Хероин, крак, метафетамини, фентанил, кокаин? Нешто друго? Ајде наведи точно што, за да знаеме за кои дроги дискутираме.

Ти секогаш бираш правила и закони каде што ќе силуваш некој под капата на „правни закони“.
Разбирам јас десно ориентиран ама ова претеруваш за сите пари... :coffee:
Со десничарите најголем проблем е паранојата.
Секој оној кој се стреми за слобода нив лично ги загрозува,па преку различни закони гледаат да го поробат и уништат.
Хаха, јас еден пост погоре реков дека сум не само за декриминализација туку и за легализација на мара, псилицибин/ајауаска и слично... Но за jaс вас сум „десничар“ затоа што не поддржувам убивање на луѓе со тешки дроги? :LOL:

1674225638076.png

Пушти се на најјако - кој треба ќе си замине кај што треба, кој не - ќе си остане ок и при купишта дроги до него... зошто да ги штитиме неспособните и луѓето кои лесно стануваат зависни од било што?
Зошто слабите да имаат власт над силните? И до кога така ќе гледаме на нештата бројноста да е најбитното нешто?
Затоа што не само како држава, туку како општество немаме интерес да вложуваме толку ресурси во поединци за потоа да ги оставиме да се уништат/убијат со тешки дроги (и себе, а често и фамилијата/блиските).
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Во САД федералните држави, дури окрузите сите имаат посебни закони. Конкретно за Филаделфија, во цели делови од градот тешките дроги се дефакто декриминализирани. Разбираш што е дефакто се надевам, дејуре нема такви легислативи но дефакто таму никој не ги гони и тешки дроги има на секој чекор во избилство. Зависниците ги консумираат дрогите на улица, јавно и наочиглед на сите. Државата ниту ги спречува ниту ги гони, значи дефакто користењето на тешки дроги таму е декриминализирано.

Што се тиче „Португалија, Холандија, Чешка и други држави“, користење на што точно е декримализирано таму? Тешки дроги? Хероин, крак, метафетамини, фентанил, кокаин? Нешто друго? Ајде наведи точно што, за да знаеме за кои дроги дискутираме.

Хаха, јас еден пост погоре реков дека сум не само за декриминализација туку и за легализација на мара, псилицибин/ајауаска и слично... Но за jaс вас сум „десничар“ затоа што не поддржувам убивање на луѓе со тешки дроги? :LOL:

Прегледај го приврзокот 362950

Затоа што не само како држава, туку како општество немаме интерес да вложуваме толку ресурси во поединци за потоа да ги оставиме да се уништат/убијат со тешки дроги (и себе, а често и фамилијата/блиските).
Основна разбирачка нема со тебе.Грам познавање немаш во овие работи и само не трупаш со еден тон видеа,анализи и разни глупости.

И тоа е проблем со многу други луѓе.Еден џоинт немаат испушено во животот,а најголеми гласноговорници се против дрогата.

Еве да те прашам нешто:Колку чини една паковка хероин во моментов во Македонија и колкава количина содржи?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Затоа што не само како држава, туку како општество немаме интерес да вложуваме толку ресурси во поединци за потоа да ги оставиме да се уништат/убијат со тешки дроги (и себе, а често и фамилијата/блиските).
Државата не вложува ништо за тебе и поединецот.

За се плаќаш! Без да платеш нема да добиеш ништо. Те боли тебе фалусот за некое семејство што страда во моментов од некој зависник на супстанции, а не си слушнал на вестите? Не бре сине, ти си на форумов, топло дома, си уживаш и тоа е тоа...

Доста со романтизам и тука некој задскриен патриотизам, државата ова, државата она... државата ништо не прави за тебе ако истата нема корист од тебе, финансиски!

Општеството не се заморува исто со тебе ако нема финансиска повратна врска од тебе... небитен си за општеството исто како и некој наркоман што се заборавил на улица ако не придонесуваш за државата претходно.

Треба да се дозволи на оние кои немаат самоконтрола да исчезнат, не да имаме сите забрани... ќе страдало општетсвото. Еми ете имаме забрани за опојни дроги, ете имаме видеа од купишта зависници како зомби што ти ги постираше...
Не се строги законите, да ги стреламе тие? :)

Не знаеш кај тераш ти, само зборуваш по форумов... опојните дроги мора да се легализираат... инаку ништо не правиме.
И не со такви глупости „медицинска употреба“!!!

Каква е таа глупост „медицинска употреба“? Не бре сине, за уживање... создава зависност, да! Способен си да не станеш зависник? Не! Е па не постои закон да те спаси од тебе самиот... ќе страдаш и умреш. Толку е едноставно, само премногу ги романтизирате нешатата, како општеството ќе страда, па семејството...
За се има лек и никој не мора да страда заради другиот.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.776
Поени од реакции
34.034
И тоа е проблем со многу други луѓе.Еден џоинт немаат испушено во животот,а најголеми гласноговорници се против дрогата.

Еве да те прашам нешто:Колку чини една паковка хероин во моментов во Македонија и колкава количина содржи?
Каква врска има мара со хероин бе другар?
Инаку признавам, крив сум за точката од „обвинението“ дека никад во живот не сум се макар и распрашал колку иде паковка хорс, и колку пати можеш да се упукаш со количината внатре. Јбг, никој не е совршен. :unsure:

Основна разбирачка нема со тебе.Грам познавање немаш во овие работи и само не трупаш со еден тон видеа,анализи и разни глупости.
Стварно безвезе е кога некој ти дава анализи, и тон примери и видеа... Безобразлук со посочување реалноста, банално немање осет да не се расипуваат фантазиите на нежните снегулки. :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom