Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?

  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.372
Поени од реакции
12.797
Заха колку е паднат, не можеше Ериксен да го претрча, цела брзина ја има изгубено.
За џабе местото на Езе му го зафаќа.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.188
Поени од реакции
46.402
Заха колку е паднат, не можеше Ериксен да го претрча, цела брзина ја има изгубено.
За џабе местото на Езе му го зафаќа.
Na krajot so praese :pos:
Dve dobri priliki im sjeba i za pobeda, narocito prvata koga trgnaa u kontra i gore imase sam igrac. Iscrta za 2-3 minuti zaso pusti koreni u ekipa ko Palas namesto da naprai bolja kariera nekoja. Umren igrac.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260

За 28-годишен играч, со проблематично однесување и дисциплина, кому истекува договорот со Брајтон за шест месеци - 30 милиони евра.
Во ред.

Со овој трансфер Арсенал ќе ја финансира Белгија, очигледно, а Белгија како земја членка на ЕУ парите ќе ги пренамени за војната во Украина.
Убаво велеше МКГанер, јавно си финансираат војни по светов преку фудбал и никој за тоа не реагира.
До кое дереџе стигнавме.
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.880
Поени од реакции
4.409
Ne mu istekuva dogovorot za 6 meseci, Brighton imaat opcija vo dogovorot da mu go prodolzat uste 12 meseci, znaci 6+12.
Sekako kade kade podobra backup opcija za sezonava koga se brka titula, otkolku neproveren mlad igrac sto ke mu treba vreme da se prilagodi na ligava.
 
Опцијата постои, тој не сака да продолжи со Брајтон, скаран е и со Де Зерби и со цел клуб.
Значи, му истекува.

Инаку, да, вие си знаете што му треба на тимот. Јас друго констатирам само. Дали непроверен играч, или проверена бек-ап опција, неважно.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.759
Поени од реакции
9.538

Тој не одлучува за опцијата. Брајтон во секое време може да ја активира. До последниот месец од договорот баш поради таа опција не смее да преговара со друг клуб Тросард.

Добар играч зема Арсенал кој може да понуди многу на неколку позиции.
 
Фората е што нема Брајтон да ја активира. Нема Брајтон да му плаќа пари на играч кој не сака да игра за нив и не доаѓа на тренинг еден месец.
Што доаѓаме до тоа дека Тросар ќе го напуштеше Брајтон секако, на зима или на лето. И некој плати 30 милиони.
 
Член од
17 септември 2012
Мислења
896
Поени од реакции
515

21 + 6. Челзи колку ќе го кошта позајмицата на Феликс?
 
Нема врска. Опцијата му дава предност на Брајтон во моментов баш за да не го продаде за 10м, туку за 30м. И тука е логиката на цената. Брајтон да не го продадеше зимава со сигурност ќе му ја активираше опцијата и летово ќе му земеше околу 20м пак.
Ако му истекуваше ова лето договорот за смешна сума ќе си заминеше Тросард. Нешто што се шпекулира за Тилеманс во моментов...сума помеѓу 5 и 10м евра.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
21 + 6. Челзи колку ќе го кошта позајмицата на Феликс?

21 + 6 е фунти.
Позајмицата го чини колку што го чини и позајмицата на Феликс во Челзи е голема глупост, ако се гледа од финансиски аспект. Без гајле, немам намера да застанувам во одбрана под дифолт.

Само смешно ми е. Со месеци еден куп видеа, компилации, следења по социјални мрежи, еве го лајкна Артета, еве го дома го гледа Арсенал, еве Мудрик од дете со дрес од Анри шетал, па дури и во фанклубот му наоѓаа места во тим, со Сака ќе играл, со овој ќе играл, со оној ќе играл. Сега, секако бил преценет, секако многу пари биле, секако парите ќе оделе за војната во Украина, секако Тросар бил подобро решение за јануари. :pos:

Добро.
Автоматски споено мислење:

Нема врска. Опцијата му дава предност на Брајтон во моментов баш за да не го продаде за 10м, туку за 30м. И тука е логиката на цената. Брајтон да не го продадеше зимава со сигурност ќе му ја активираше опцијата и летово ќе му земеше околу 20м пак.
Ако му истекуваше ова лето договорот за смешна сума ќе си заминеше Тросард. Нешто што се шпекулира за Тилеманс во моментов...сума помеѓу 5 и 10м евра.

Кој дел од имаш незадоволен играч кој не доаѓа на тренинзи, сака да си оди во јануари по секоја цена, не разговара со тренерот, поточно не е јасен? Што ќе активира Брајтон? Ќе го чува на трибини уште една година, против негова волја?
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.759
Поени од реакции
9.538
Кој дел од имаш незадоволен играч кој не доаѓа на тренинзи, сака да си оди во јануари по секоја цена, не разговара со тренерот, поточно не е јасен? Што ќе активира Брајтон? Ќе го чува на трибини уште една година, против негова волја?
Не се прашува задоволството на Тросард кога клубот си ја гледа финансиската рационалност. А опцијата му дава предност на Брајтон и баш поради финансиски причини би била активирана во 10 од 10 случаи за играчи како Тросард во моментов. Затоа е и во договорите на играчите, баш да се заштити клубот. Наместо да го продава за кило семки, ќе земе 20м+ на лето или еве сега 30м. Тросард е играч за кого би имало интерес на пазарот.

Ти пишуваш дека Арсенал преплаќа 30м за играч чив договор истекувал летово занемарувајќи ја опцијата која ја има Брајтон за продолжување на +1. Е таа опција го чини на Арсенал од 10м да плати 30м. Тоа се обидувам да ти го објаснам.
 
Те разбирам што зборуваш, ама еве како што гледаш Брајтон не ја активира таа опција и токму поради причините кои ги наведувам. Нема да ја активираат, бидејќи тоа ќе значи дека и за таа година дополнителна ќе треба да плаќаат плата на играч кој не сака да игра и нема да игра. Играч кој не доаѓа на тренинг и нема муабет со Де Зерби.
Овде имаш комплетно нарушен однос на релација играч-тренер/клуб. Брајтон опцијата може да си ја напика знаеш каде. Да беа односите порелаксирани, во ред.

Затоа го пуштаат сега и Арсенал во преговорите не требало да ја антиципираат иднината на играчот во таа смисла, туку требало да ја констатираат фактичката состојба.
Еве ви 10 милиони, па ако го вметнете на маса тоа дека имате опција за уште една година, добро. Продолжете ја, ние ќе бараме алтернативи.

Брајтон со опцијата може само да блефира. На Арсенал или на друг клуб е изборот дали ќе падне на блефот.
 
Член од
3 декември 2014
Мислења
398
Поени од реакции
310
21 + 6 е фунти.
Позајмицата го чини колку што го чини и позајмицата на Феликс во Челзи е голема глупост, ако се гледа од финансиски аспект. Без гајле, немам намера да застанувам во одбрана под дифолт.

Само смешно ми е. Со месеци еден куп видеа, компилации, следења по социјални мрежи, еве го лајкна Артета, еве го дома го гледа Арсенал, еве Мудрик од дете со дрес од Анри шетал, па дури и во фанклубот му наоѓаа места во тим, со Сака ќе играл, со овој ќе играл, со оној ќе играл. Сега, секако бил преценет, секако многу пари биле, секако парите ќе оделе за војната во Украина, секако Тросар бил подобро решение за јануари. :pos:

Добро.
Автоматски споено мислење:

Кој дел од имаш незадоволен играч кој не доаѓа на тренинзи, сака да си оди во јануари по секоја цена, не разговара со тренерот, поточно не е јасен? Што ќе активира Брајтон? Ќе го чува на трибини уште една година, против негова волја?
Имало еден куп такви фудбалери кои штрајкувале за време кога можи да се направат трансфери па кога ќе заврши си легнуваат на брашното и продолжуваат по стара пр Кутињо Дембеле можи и да го спониме и Енцо не идеше на тренинг ама кога му кажаа додека не платат откупна клаузула нема трансфер си легна на брашното.Што се однесува до Тросард нормално не е толку возбудлив трансфер како Мудрик ама е проверен ПЛ играч донесен за резерва на Мартинели и Сака не за прв тим не е толку лош играч за цената тоа можи да се добие посебно во зимски преоден рок.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom