CecaXYZ
rookie
- Член од
- 26 ноември 2022
- Мислења
- 196
- Поени од реакции
- 87
На наш УЈП има некоја листа со држави со кои имаме договори за избегнување на двојно оданчување, но како се прави поврат ако веќе ИБКР земал данок малку ми е нејасно, барем на мене. Барем јас, неможев да најдам на ИБКР дали може да им кажам дека станува збор за држава со која имаме договор за избегнување двојно и да не сопираат данок, незнамДа!
Без оглед дали си ги повлекол парите или не, ако имаш приливи од дивиденда, мора секој месец до 10ти да се пријавуваат во УЈП. Тоа што парите не ти се префрлени на македонска сметка нема никакво влијание. Кога парите ќе одлучиш да ги префрлиш на македонска сметка не треба да плаќаш никакви даноци, бидејќи веќе си платил.
Во врска со данокот од САД моменталната ситуација е нејасна. Платениот данок во САД (dividend witholding tax) од 30% во некои градови не го признаваат и ти засметуваат +10% од бруто сумата, со што данокот ефективно ти доаѓа 40%. Мислам дека @Џек Блек пишуваше за ова.
Европските држави исто задржуваат данок на дивиденда во рангот на 25-50%. Овој данок треба да биде признаен од УЈП на основа на договорите за одбегнување на двојно оданочување. Данокот може да се смали до 10-15% ако поднесеш соодветни документи до странските даночни служби или алтернативно да бараш поврат за веќе платен поголем данок од на пример 25%, кој вообичаено го признаваат до 3 години по завршетокот на даночната година. ИБКР може да ја тера процедурата за тебе, ти треба само да им доставиш документи, но таа услуга кошта од 100еур па нагоре и не се исплаќа ако имаш мали вложувања.
Истото важи и кога ќе имаш капитална добивка. Ако акциите или обврзниците или нешто трето си ги продал со добивка, мора да пријавиш капитална добивка до 10ти во наредниот месец. Генерално капиталната добивка треба да се пребие со капиталната загуба. Ако има капитална загуба на крајот од годината може да се пренесе во наредните три години. Но последните коментари овдека беа дека истото не важи за странски акции и сл.
Во странство, овие работи се решени на многу поинаков начин. Имаш различни сметки (штедни, пензиски и сл.) и ако вложувањата (акции, обврзници и сл.) ги чуваш во такви сметки, комплетно си ослободен од било каков данок во државата, и данок плаќаш само кога ќе се одлучиш да повлекуваш пари од овие сметки.
На крајот чинам дека повратокот на данок се сведува на "Mission Impossible 5" и секое споделено искуство овде на форумов е повеќе од добродојдено.
Да бидам искрен некои банки кажуваат експилцитно дека данокот е 25-30% (пример за Германија) плус 10% данок кај нас, што ми е Out of MInd.