Последните 7 дена

Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.055
Поени од реакции
4.551
Што се случува кај човек кога умира полека од болест? Би сакал да споделам мое, а воедно да слушнам и други искуства.

Татне голем немир во човекот кој е на неговото последно патување, а тој самиот не знае да објасни што и како му е.
Малку се смирува кога саканиот ќе го допре со рака и кога ќе го слушне неговиот глас.
Сака да стане, сака да се исправи ама сила нема тоа да го стори.

Почнува да одбива храна и вода, а и лична хигиена не успева сам да одржува.
Не го терајте на сила, нема да умре ниту од глад ниту пак од жед.
Капки вода на усните го освежуваат малку, ама повеќе му помага ако разговарате со него.
Зборувајте му за вашите заеднички доживувања.

По некое време немирот спласнува па дури и јадење посакува. Јаде и пие… и за момент помислуваш дека му е подобро. За жал не е.
Почнуваат органите да откажуваат еден по еден. Претпоставувам има јаки болки…
Ти ја стегнува раката, не знам од каде таа сила ја добива, и те моли со очи да бидеш покрај него и полека влегува во некој свој свет, паралелен на твојот.

Кога ќе се промени звукот на дишењето, се работи уште само за часови.
Кога ќе пробаш да го подигнеш и прегрнеш, а главата му паѓа, најверојатно косачот веќе го влече.
Го легнуваш полека, иако знаеш дека веќе не осеќа никаква болка, и му велиш: „Те сакам“
Издишува… Насмевка остана на лицето.

А што се случува кај тој што го испраќа човекот на неговото последно патување???
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408

Зошто 7 дена!?
Се потсетив на денот кој никогаш нема да го заборавам :(:noze:.....ширум отворени очи, вкочанет поглед без да трепне, чудно дишење:(
Ми рекоа тивко, да не плачам, да не ја викам, да не ја мрдам:(
Мајками во тие последни моменти од животот не беше ни на небо, ни на земја, испушташе душа:(....велеа дека не било убаво да ја повратам од тој пат.....А што се случуваше кај мене во тие претажни тешки моменти!?
Мртвило во душа, тапост некоја језива у глава, притисок во цело тело, сакаш да крикнеш, срце ти се стега, мислиш ќе пукнеш....неможе да се опише таа болка:(

Чудно ти е прашањето, што се случува кај тој што губи сакана блиска особа....нормално е дека зависи поради кои причини некој го губи животот, дали бил болен, здрав, млад, стар,..дали ти е дете, родител....еххххх..како и да е.....страшна е смртта:(
Автоматски споено мислење:

@Tyrael толку ли си ментален што на моја болка и смрт на мојата мајка ти се смееш?????
Што смешно виде овде?????
 
Последно уредено:
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.055
Поени од реакции
4.551
Зошто 7 дена!?
...
Чудно ти е прашањето, што се случува кај тој што губи сакана блиска особа....нормално е дека зависи поради кои причини некој го губи животот, дали бил болен, здрав, млад, стар,..дали ти е дете, родител....еххххх..како и да е.....страшна е смртта:(
Процесот на умирање траеше 7 дена, тоа пробав да го доловам преку текстов.
За родител не знам, не бев покрај нив последните денови, многу километри не двоеа.
Мене ми остана впечаток дека смртта воопшто не е страшна, болката е.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408
Процесот на умирање траеше 7 дена, тоа пробав да го доловам преку текстов.
За родител не знам, не бев покрај нив последните денови, многу километри не двоеа.
Мене ми остана впечаток дека смртта воопшто не е страшна, болката е.
Процесот на умирање зависи од многу психолошки и биолошки фактори, дали тоа ќе биде, седум, десет или повеќе дена.....важно е да не се мачи човек многу додека умира....затоа сите посакуваме лесна, дистоинствена смрт.
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
...се сеќавам ко да беше вчера а поминаа 5 години. Кревање рака високо како некој да го вика да тргне, седи а мрда со нозете како да оди некаде.
Ставање рака под нос да видам дали се уште дише, хранење со цевче, користење катетар, спиење на фотеља во седечка позиција затоа што не можеше да легне на кревет, последните 24 часа веќе почна да зборава и да се губи целосно.

Не знам со која сила го изговори моето име чисто, јасно и гласно. Последниот збор пред целосно да замине.

Моментот кога станав свесна дека веќе нема да пати, да го боли, да се мачи дека веќе не е тука физички но никогаш нема да се тргне од нашите мисли и спомени ми падна камен од душа знаејќи дека е на подобро место без болки и се што досега трпеше е завршено.
Не сакав да бидам себична и да се жалам дека е претешко, да јас сакав уште да остане но не по таа цена што ја плаќаше за секоја минута живот што го чинеше болка.
Него го нема физички но тој не е заборавен. Нема празник, нема собир а да не се спомне неговото име и некои негови случки.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.055
Поени од реакции
4.551
Процесот на умирање зависи од многу психолошки и биолошки фактори...
важно е да не се мачи човек многу додека умира...
Добрата психа и општата здравствена состојба ја прават ситуацијата посложена.
Мозокот се бори 300 на час против тој процес, но другите органи полека успоруваат,
како маратонци пред крај на трка.
Туку ова второво ме мачи: „Дали сторив доволно за да не се мачи?“
Автоматски споено мислење:

...се сеќавам ко да беше вчера а поминаа 5 години.
Претпоставувам дека тоа сеќавање останува до крајот на животот.
Кога се запознавме и реков дека вечно ќе ја сакам.
Кога се приближи крајот, ме праша:„Колку долго трае вечноста?„
 
Последно уредено:

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Добрата психа и општата здравствена состојба ја прават ситуацијата посложена.
Мозокот се бори 300 на час против тој процес, но другите органи полека успоруваат,
како маратонци пред крај на трка.
Туку ова второво ме мачи: „Дали сторив доволно за да не се мачи?“
Автоматски споено мислење:

Претпоставувам дека тоа сеќавање останува до крајот на животот.
Кога се запознавме и реков дека вечно ќе ја сакам.
Кога се приближи крајот, ме праша:„Колку долго трае вечноста?„
што мислиш дека повеќе си можел да сториш за да не се мачи?
Јас знам дека ако имаше евтаназија тоа ќе го избрав инаку се што можев да направам за да биде подобро направив.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408
Аман бе во 9 рано ваква тема? Ај да излезите малце надвор на чист воздух.
На голема жалост, чист воздух надвор нема :toe:.....и зошто вакви теми се избегнувват, никој нејќе за смрт да говори:(
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.991
На голема жалост, чист воздух надвор нема :toe:.....и зошто вакви теми се избегнувват, никој нејќе за смрт да говори:(
Затоа што 99,9% на форумов сме млади и последна работа на која мислиме е болест или смрт, а не баби како тебе.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408
Затоа што 99,9% на форумов сме млади и последна работа на која мислиме е болест или смрт, а не баби како тебе.
Смртта не бира по години, ретардо една, умираат млади и стари...моабетот е да си ги пишеме болните спомени, тие што имаат, се разбира, но поради дебили кои се смеат на такви работи, очигледно е дека немаме шанси.
Оди сокриј се негде псијатриски случај или бардовци не ти бега:boksix:
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.991
Смртта не бира по години, ретардо една, умираат млади и стари...моабетот е да си ги пишеме болните спомени, тие што имаат, се разбира, но поради дебили кои се смеат на такви работи, очигледно е дека немаме шанси.
Оди сокриј се негде псијатриски случај или бардовци не ти бега:boksix:
Oди ти сокриј се, тебе не ти бегаат часови по правопис.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.055
Поени од реакции
4.551
... и зошто вакви теми се избегнувват, никој нејќе за смрт да говори:(
Смртта е дел од животот. Со навремени разговори може многу да се осознае.
Одредени прашања мора навреме да се решат за да нема компликации потоа.
- каде би сакал да бидам закопан? (до партнерот)
- кој да дојде на погребот? (кој сака, немам непријатели)
- кој би сакал до мене да биде на мојата посмртна постела? (За жал отиде пред мене)
- дали би сакал дете да ме негува? (НЕ)
- тестамент направи ли? (или наследниците нека се тепаат после тебе)
- во случај на тешка неизлечива болест? (евтанзија)
- евентуелно дарител на органи? (кој сака половни?)
- имаш ли страв од смртта? (не, три пати ја видов до мене)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom