Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.719
Поени од реакции
35.187
Не го зезај со тоа нова. Нека биде 2-3 години максимум стара и нека не се заебава со "гаранции". За 2-3 години што нема да игра по тие правила ќе си купи уште една таква кола гратис. :icon_mrgr:

Може ли 5 години стара кола да се расипе толку гадно? Па едно фиќо се тркалаше од застава 40 години.
Автоматски споено мислење:

Не те разбирам со прашањево. Зборуваш за рачен менувач или автоматски? За рачен менувач ако си менувал, воопшто нема потреба некој да ти го каже тоа, пошто сам ќе го осетиш.
Нова е опција за најмалку замарање.
И јас сум инаку за 3-5 години стара, а дека може да се заебе и на тие години нема збор, на 4 години стара службена имавме 190к, нема што не сменија на колата.
Само да пази што зема, помалку километри, документи за сервиси и тоа е, како ќе му е среќата :)
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.358
Поени од реакции
7.438

Овластените сервиси и со "гаранција" повеќето делови после 100 000 километри нема да му ги признаат трошоците со муабетот дека после 100к тој дел е само потрошен материјал :cool:
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.193
Поени од реакции
16.092
Овластените сервиси и со "гаранција" повеќето делови после 100 000 километри нема да му ги признаат трошоците со муабетот дека после 100к тој дел е само потрошен материјал :cool:
Затоа имаш гаранција до одреден број на години или поминати километри.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.358
Поени од реакции
7.438
Затоа имаш гаранција до одреден број на години или поминати километри.
Потоа постои "сервисна гаранција" која кошта исто колку и гаранцијата а уствари си го плаќаш кварот ко поп.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.841
Поени од реакции
39.149
се исплати некогаш таа гаранција, да речеме земаш некое џубре како Нисан, Субару или Ленд Ровер, тоа мора бар 5-6 пута да се расипе во тој рок. Па ако се на место луѓето и ти гарантираат за тоа ќе ти средат.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.358
Поени од реакции
7.438
се исплати некогаш таа гаранција, да речеме земаш некое џубре како Нисан, Субару или Ленд Ровер, тоа мора бар 5-6 пута да се расипе во тој рок. Па ако се на место луѓето и ти гарантираат за тоа ќе ти средат.
Искуство од еден колега кој се судри со овластен сервис во Германија. Плаќаше сервисна "гаранција" на еден премиум бренд како поп со сите нивни прескапи услуги кои не вредеа ниту една десетина од цената во еден обичен сервис. Колата имаше едвај 100 000 километри.

Пред два месеца му зарибал моторот, спомна дека му се скинал клинастиот каиш.

Сега треба логички "гаранцијата" да стапи во сила пошто едвај се 100 000 километри и целосна сервисна историја во овластен сервис.

Значи му кажаа дека треба колата да добие нов мотор кој кошта 18 000 евра, ама ете пошто е "нивен" човек т.е. со сервисна "гаранција", треба да плати само 5 000 евра. На интернет ќе го најдеш истиот мотор нов за 3 000 евра.

Прави си ја сметката.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.593
Поени од реакции
2.100
Едно прашање, дали правите т.н Rev Matching на автомобилот, односно ускладување на обртите на моторот со брзината на движење на тркалото, при downshifting, менување во помала брзина. Некои велат дека таа транзиција била ппмазна и помалку се троши системот на пренос, ламела и слично. Но не знам дали има ефект на дизел возило, или тоа е само за бензинци. Со ова се избегнува и она неугодно мало поместување нанапред што се осеќа кога се спушта во помала брзина, јас лично никогаш не сум го правел ова, но ете новиве коли имаат автоматски рев мачинг кој се активира софтверски, па да прашам поискусни.

Има ефект и на дизел возило ама зависи и од колата. Кај некој тешко се прави зошто споро реагира педалата на гас...инаку се троши и двомасниот замаец помалку не само ламелата и мењачот. Тоа "сецкање“ кога го оптуштиш кумплугот во помала брзина го упива всушност самиот замаец.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.313
Поени од реакции
4.734
Волвото имаше безбедност поголема од другите до 80 или 90 тите години. Денес се е стандардизирано, така да нема предност поголема од другите автомобили. Плус тоа што волво е во сопственост на кинезите не зборува баш добро.

Треба да знаеш дека бензински мотор има за 100 000 километри пократок животен век од дизелот, плус ако треба да влече и поголемо возило, не сум сигурен колку тоа возило ќе трае на подолг рок особено ако е над 10 години старо.

Сервисот на возилата на запад е енормно скап било за која марка да се работи, но доколку електроника или сензор се заебе, освен да идеш у овластен сервис нема да имаш друг избор. Тука веќе игра улога дали ќе идеш во мерцедес или опел пошто разликата кај нив е огромна.
Друже не се разбирам како тебе во механика или одржување на коли, поише од мењање брисачи не е за мене.

ама на коментарот дека волво не е ништо побезбедно од другите (што не се сложувам), сеуште има разлика иако да се сложувам дека таа не е ни блиско на тоа како било во минатото

а друга забелешка што ја имам е дека кажува нешто што е во сопственост на Кинези, зашто истите тие Кинези поседуваат и добар дел од мерцедес на пример :)
 
17 години разлика меѓу волво и дачија, каде дачијата боље се справи од волвото на краш тестот.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.513
Поени од реакции
9.434
Волвото имаше безбедност поголема од другите до 80 или 90 тите години. Денес се е стандардизирано, така да нема предност поголема од другите автомобили. Плус тоа што волво е во сопственост на кинезите не зборува баш добро.

Треба да знаеш дека бензински мотор има за 100 000 километри пократок животен век од дизелот, плус ако треба да влече и поголемо возило, не сум сигурен колку тоа возило ќе трае на подолг рок особено ако е над 10 години старо.

Сервисот на возилата на запад е енормно скап било за која марка да се работи, но доколку електроника или сензор се заебе, освен да идеш у овластен сервис нема да имаш друг избор. Тука веќе игра улога дали ќе идеш во мерцедес или опел пошто разликата кај нив е огромна.
Тотално се согласувам за сервисот на возила кој е скап и околу векот на траење на бензиските мотори, во принцип околу секое возило е така не само SUV но во однос на безбедноста не се согласувам од две причини,
волво има засебен центар кој секојдневно лупа по една ганц нова кола за да тестира безбедност - без разлика кој е сопственик, исто во волво имам вујко кој работи таму едно 15+ години и истиот се плашеше дека ќе го превземат кинезите... вака се слуша, така се слуша... го превзедоа и го унапредија, сега е шеф. Само него не би го прашувал за возила пошто наместо да си земи волво, зеде мерџан C класа од оние 2015 мислам што излегоа со мотор на рено.... така да... yeah.

Муабетот ми е, тоа што кинези дојдоа на позиција да се власници не значи дека квалитетот веднаш ќе опадне, е сега тоа што е квалитет или како што ние народски си кажуваме „му излегло името“ кошта пари, па така премиум како волво, мерцедес, ауди сигурно ќе кошта и во цена и во одржување многу повеќе од др модели, ама очекувам и многу повеќе да даде во истрајност и квалитет.

Пежото го има другар, 2018та е неговата, досега не се има пожалено.

Едно да знаеш, не постои ефтин SUV за одржување, големи возила, се е поскапo.
Ако сакаш да не трчаш по мајстори барај помало возило и понова година, и ако имаш услов нова од салон на рати.
За нова од салон, освен мало градско возило за тие пари, немам и баш некој избор... а за SUV во тој ранг ќе бидат до некаде извозени и со проблеми, треба човек да има среќа и да одбери нешто што како модел помалку висело по мајстори.

Дојде време кога и сервисни истории и чуда фалсификуваат така да ќе гледам да одам со пари кои можам да ги прежалам во случај на поголема хаварија и да не ми се погоди среќата.

Заради безбедност потрагата започна со SUV, дали на тоа ќе остане не знам, но најверојатно да.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.962
Поени од реакции
6.193
Нема веќе мала градска кола под 16000 евра што е смешно и жално во исто време. Едно време а тоа е пред 1 година имаше нова кола до 13000 евра Киа Рио, Мазда 2, Дачиа Сандеро, Хундаи и10/и20, Сеат Ибица и така натаму се веќе над 17000 евра.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.358
Поени од реакции
7.438
Тотално се согласувам за сервисот на возила кој е скап и околу векот на траење на бензиските мотори, во принцип околу секое возило е така не само SUV но во однос на безбедноста не се согласувам од две причини,
волво има засебен центар кој секојдневно лупа по една ганц нова кола за да тестира безбедност - без разлика кој е сопственик, исто во волво имам вујко кој работи таму едно 15+ години и истиот се плашеше дека ќе го превземат кинезите... вака се слуша, така се слуша... го превзедоа и го унапредија, сега е шеф. Само него не би го прашувал за возила пошто наместо да си земи волво, зеде мерџан C класа од оние 2015 мислам што излегоа со мотор на рено.... така да... yeah.

Муабетот ми е, тоа што кинези дојдоа на позиција да се власници не значи дека квалитетот веднаш ќе опадне, е сега тоа што е квалитет или како што ние народски си кажуваме „му излегло името“ кошта пари, па така премиум како волво, мерцедес, ауди сигурно ќе кошта и во цена и во одржување многу повеќе од др модели, ама очекувам и многу повеќе да даде во истрајност и квалитет.

За нова од салон, освен мало градско возило за тие пари, немам и баш некој избор... а за SUV во тој ранг ќе бидат до некаде извозени и со проблеми, треба човек да има среќа и да одбери нешто што како модел помалку висело по мајстори.

Дојде време кога и сервисни истории и чуда фалсификуваат така да ќе гледам да одам со пари кои можам да ги прежалам во случај на поголема хаварија и да не ми се погоди среќата.

Заради безбедност потрагата започна со SUV, дали на тоа ќе остане не знам, но најверојатно да.
Безбедноста е релативна работа. Во градски услови и да направиш сообраќајка со мала кола каде ретко се вози повеќе од 50-60 km/h нема да ти се случи ништо. Автопат дури и со тенк со 200 km/h да возиш од безбеден аспект не ти мења ништо.

Једино мења малку ако возиш на регионален пат и тоа ако те лупне некој во твојата лента фронтално со хауба повисока од твојата. Мада и тоа не ти е гаранција пошто тука игра улога и кој има поголема брзина при самиот судир т.е. кој "набива". Сега ако се удриш фронтално со камион или комбе, дури и со SUV немаш добри карти.

Во Германија на пример регионален пат возиш додека да се уклучиш до автопат, така да во најлош случај ќе возиш 30-40 километри регионален пат.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.313
Поени од реакции
4.734

17 години разлика меѓу волво и дачија, каде дачијата боље се справи од волвото на краш тестот.
2007 Епл беа непостоечки на пазарот на мобилни телефони Нокиа беше лидер во областа.
Треба да ти кажам како е денес или ќе ја затвориме темата?

Чисто онака ако не си упатен зашто Волво е кинеско и нечини у 2000 волво беше далеку од кинеско, едно 10 години далеку.
Ако не се лажам ја погоди годината,убава година беше 2017 да земеме некое Волво од таа година да го споредиме со Дастеров или нема потреба. Што знам еве нека е ХС60 мислам дека ќе има боље резултат (да те поштедам од гуглање споменатиов модел беше прогласен за најбезбеден во неговата категорија таа година)
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.358
Поени од реакции
7.438
2007 Епл беа непостоечки на пазарот на мобилни телефони Нокиа беше лидер во областа.
Треба да ти кажам како е денес или ќе ја затвориме темата?

Чисто онака ако не си упатен зашто Волво е кинеско и нечини у 2000 волво беше далеку од кинеско, едно 10 години далеку.
Ако не се лажам ја погоди годината,убава година беше 2017 да земеме некое Волво од таа година да го споредиме со Дастеров или нема потреба. Што знам еве нека е ХС60 мислам дека ќе има боље резултат (да те поштедам од гуглање споменатиов модел беше прогласен за најбезбеден во неговата категорија таа година)
Од 2010 речиси сите коли за европски пазар имаат 5 максимални ѕвезди на краш тест. Далеку подобри отколку волво од 2000 година.

Сигурноста поради европските норми станува се подобра и подобра.

Муабетов со ејпл кој шитка кинеска електроника и коли ми е смешен.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.719
Поени од реакции
35.187
Овластените сервиси и со "гаранција" повеќето делови после 100 000 километри нема да му ги признаат трошоците со муабетот дека после 100к тој дел е само потрошен материјал :cool:
Ти одговорија погоре, најголем дел од производителите истата ја врзуваат со години/километри.

Тотално се согласувам за сервисот на возила кој е скап и околу векот на траење на бензиските мотори, во принцип околу секое возило е така не само SUV но во однос на безбедноста не се согласувам од две причини,
волво има засебен центар кој секојдневно лупа по една ганц нова кола за да тестира безбедност - без разлика кој е сопственик, исто во волво имам вујко кој работи таму едно 15+ години и истиот се плашеше дека ќе го превземат кинезите... вака се слуша, така се слуша... го превзедоа и го унапредија, сега е шеф. Само него не би го прашувал за возила пошто наместо да си земи волво, зеде мерџан C класа од оние 2015 мислам што излегоа со мотор на рено.... така да... yeah.

Муабетот ми е, тоа што кинези дојдоа на позиција да се власници не значи дека квалитетот веднаш ќе опадне, е сега тоа што е квалитет или како што ние народски си кажуваме „му излегло името“ кошта пари, па така премиум како волво, мерцедес, ауди сигурно ќе кошта и во цена и во одржување многу повеќе од др модели, ама очекувам и многу повеќе да даде во истрајност и квалитет.

За нова од салон, освен мало градско возило за тие пари, немам и баш некој избор... а за SUV во тој ранг ќе бидат до некаде извозени и со проблеми, треба човек да има среќа и да одбери нешто што како модел помалку висело по мајстори.

Дојде време кога и сервисни истории и чуда фалсификуваат така да ќе гледам да одам со пари кои можам да ги прежалам во случај на поголема хаварија и да не ми се погоди среќата.

Заради безбедност потрагата започна со SUV, дали на тоа ќе остане не знам, но најверојатно да.
Друже безбедноста е таа, ќе внимаваш како возиш, инаку на возило од 10+ години не ја очекувај истата безбедност од тестовите, никој не може да ти гарантира дали сите воздушни перничиња ќе се отворат или некое „запекло/затаило“, колку се амортизирале останатите делови, колкава деформација има претрпено дотогаш и тн.

Не зборувам за нова, туку да си земеш регуларно возило, а ако ти треба поголем багажен простор ќе си земеш караван/минивен.
Со 10к во џеб не земаш квалитетен „теренец“, особено не од поскапи брендови како Волво.
Рачунај скоро сите во таа класа, дури и во периодот околу 2010-2015та беа >35 000 евра, никој не е будала да ти даде таква кола за 10к ако истата не е дојдена до ситуација да има доста трошоци за одржување.

Или она што го зборувам е дека за таа сума е поголема веројатноста да најдеш позачувано возило кое тогаш било купено 20-25к, отколку возило кое тогаш се продавало над 35к евра.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom