Нема што повеќе од Европа да се најде, Западна Европа воопшто не ни имаше некакви големи арсенали, од Источна Европа остана уште штекерите да ги извадат. Не само од Европа туку и од Африка и од Азија изнакупија се што имаше, марокански тенкови, пакистанска муниција, афрички хеликоптери, ирачки тенкови, итн..Не верувам дека ќе добијат Абрамси ниту пак ловци. Мислам дека Бредлито е негде лимитот на америчката подршка во однос на опрема. Може евентуално нешто како тие Страјкерите или некое слично оклопно возило.
За тенкови ќе соберат по нешто од Европа што може да се најде.
Тоа што е преостанато е минимално, буквално од раце на војниците ќе треба да им го земат оружјето ако сакаат нешто да пратат. Европа нема шанси да може да склопи каков било посериозен пакет од тоа што им е преостанато, на Украинците им се потребни 300-400 тенка и едно 800 оклопни возила и 30-40 ловци и исто толкав број на хеликоптери. И хаубици и муниција и анти-авионски системи. Германија-Франција-Англија заедно немаат толку многу опрема активна во употреба не па да донираат толку. Ќе мора Американците да донираат од нивните залихи ако сакаат војната да продолжи.
А тоа Германците што ги лажеа сите што префрлаа опрема во Украина дека ќе им ја заменат со Германска опрема, ќе биде уште поинтересно за некоја година. Нема шанси Германците во рок од помалку од 10 години да ја испорачаат опремата што ја ветија. а и за толку време е прашање.