Ова е познатата Liber LXV или
Liber Cordis Cincti Serpente - Книгата за Срцето обвиткано со Змија.
Цитатот што е даден на сликата подолу е од Првото поглавје, деветти стих.
Стихот ја дава директната врска на највисокото со најниското.
- „Круна“ е Кетер(כֶּתֶר) преведено од еврејски, највисоко на Дрвото на Животот.
- Месечината e патеката Гимел(ג) која води од Кетер(כֶּתֶר)(Круна) до Тифарет(תִּפְאֶרֶת)(Убавина) или атрибуција Сонце.
- Стрелата се мисли на Стрелец од астрологијата, препишана на буквата Самек(ס) од хебрејската азбука, која во кабала е патека од Дрвото на Животот која ги врзува Тифарет(תִּפְאֶרֶת)(Сонце) со сефира Јесод(יסוד)(Темел) .
- Темел или Foundation е сефирот Јесод(יסוד) од Дрвото на Животот.
- The Black Earth е Малкут(מלכות)(Кралство) во превод, препишан на елементот Земја, исто така сефирот
Smooth Point е „тајното име“ на сефирата Кетер или Круна! 
По симболите на Дрвото на Животот мислам дека ќе Ви биде појасно моето објаснување.
За боите и останатите работи поврзани со самата слика мора да ја разгледате најпрво Liber 777 која содржи многу информации поврзани со херметичка кабала, астрологија, езотерија.
Исто добро е да се има некој увид во „Книгата на Тот“ каде што исто така се дадени многу атрибуции поврзани со патеките и сефиротите од Дрвото на Животот, и како сето тоа е поврзано со други системи.