Италијанско првенство

Кој е најдобар италијански клуб?


  • Вкупно гласачи
    746
Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.656
Поени од реакции
5.339
Ајде да го видиме Лацио, што толку е величан..Сакам баш да видам по 10-15тина кола на кое место ќе се наоѓа на табелата, да видиме дали е толку главен фаворит.
 
А

Адриано

Гостин
Лацио има тим за да се бори против катанија и Киево ама со екипи од високиот ранг како интер,милан и јуве има да го крка во големи величини!
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.114
Поени од реакции
5.871
Ајде да го видиме Лацио, што толку е величан..Сакам баш да видам по 10-15тина кола на кое место ќе се наоѓа на табелата, да видиме дали е толку главен фаворит.
Никој не вика дека Лацио е главен фаворит, туку дека е меѓу првите 5-6. Главен фаворит оваа година (повторно) според мене е Интер. Ама ќе видиме како ќе се одвива оваа сезона. Едно коло е далеку од доволно за да се процени кој има најдобар тим.

Лацио има тим за да се бори против катанија и Киево ама со екипи од високиот ранг како интер,милан и јуве има да го крка во големи величини!
Е за тоа ќе видиме. Уште во 3то и 4то коло Лацио игра со две од појаките екипи (Милан и Фиорентина), така да за месец дена максимум ќе можеме да дискутираме дали е Лацио тим од рангот на Катаниа и Киево.
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Лацио има тим за да се бори против катанија и Киево ама со екипи од високиот ранг како интер,милан и јуве има да го крка во големи величини!
Како што кажа Смерт,Лацио не е меѓу главните фаворити за освојување на скудето,претерано е потценет во однос на ''големата четворка" од медиумите што остава простор да нема толку голем притисок за врвни резултати(читај титула) и ќе игра порастеретено што би требало позитивно да се одрази во корист на тимот...
Лошата страна е што некои играчи не се доволно платени,Пандев,Ледесма, а некои се преплатени а според мене не би требало да се во тимот (Броки),што негативно влијае на мотивацијата што е нормално.
Цела сезона е пред нас,верувам дека со овој млад тим би можело да се очекува излез во Европа...
П.С. а Ти,Адриано,ко навивач на Интер незнам од кога,не би ти било во прилог да го потценуваш Лацио,прашај ги постарите колеги во какво сеќавање им е мојот тим,се што лета не се јаде :smir:
 
А

Адриано

Гостин
со оглед на тоа дека твојот тим е на работ на пропаста нема што да се дискутира!
Недај боже да ве снајде проблем како нас што не снајде со одбраната па да се борите за опстанок!
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
со оглед на тоа дека твојот тим е на работ на пропаста нема што да се дискутира!
Недај боже да ве снајде проблем како нас што не снајде со одбраната па да се борите за опстанок!
Секој со свое мислење,да не влагам во непотребна дискусија,според твојов муабет и курчењево глеам дека си од тие "фанови'' што се секогаш за "моментално шампионот",да не речам од ''вчера'' за Интер и наредна сезона ништо чудно да ни дојдеш со друг ник на кајгана :baeh: почеток на сезона е,сешто може да се деси до крај...
во секој случај да нагласам дека има многу коректни фанови на Интер од форумов што стварно следат фудбал и имаат реална слика дека никој не е непобедлив...
 
А

Адриано

Гостин
јас прекарот си го носам од 13 години и не би го сменил за ништо!!!
Интер може е шампион од вчера ама барем некогаш бил шампион вие чувството на шампион го имате почувствувано само мизерни 2 пати!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.701
Поени од реакции
43.803
јас прекарот си го носам од 13 години и не би го сменил за ништо!!!
Интер може е шампион од вчера ама барем некогаш бил шампион вие чувството на шампион го имате почувствувано само мизерни 2 пати!

Хех , немој така за омилениот клуб на Татко ми , Лацио . Шала на страна , Лацио од моја страна секогаш имале доза на респект , се сеќавам на нивните златни денови и пеколната средина , Недвед , Консеисао , Симеоне и Верон , ако мене некој ме прашува , ова е најдобрата средина видена во фудбалот во последните 20 години , мое мислење . Штета што фудбалот во Италија се игра и надвор од фудбалските терени , па Лацио претрпе период на финансиски падови , смена на газди и тн и тн па дојде до ситуација да бидат просечен клуб . Но од оваа сезона повторно формираат тим кој може да атакува на излез во Европа , и зашто да не во ЛШ , се е можно во светот на Фудбалот , нели . Одлична задна напаѓачка линија имаат мора да признаам , Пандев , Зарате , Фоџа , и напред искуството на Роки , оваа 4ка може да донесе успешна сезона за Лацио во Серија А и ако за многумина биде изненадување да Лацио котира високо на табелата , за мене истото би било сосем очекувано :toe: .
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
јас прекарот си го носам од 13 години и не би го сменил за ништо!!!
Интер може е шампион од вчера ама барем некогаш бил шампион вие чувството на шампион го имате почувствувано само мизерни 2 пати!
Ај прочитај што си напишал и колку ти има смисла реченицава...??
Ја сум за Лацио од 1997 година,ако се навраќаме назад од тогаш па наваму на што личеше твојот клуб во споредба со мојот ќе те заболи глава,поготово од фактот што Интер го немаше тепано Лацио околу 12 години,можеби грешам,ама знам дека едно време ви беше комплекс...затоа ти реков спушти се на земја ти си вчерашен фан бе бате,може не се ни сеќаваш како изгубивте според вакви фанчиња ко тебе''сигурна" титула...
Секоја чест на Интер за титулите и што изминативе 2-3 години немаат конкуренција,ама ти од тогаш го следиш,а ја го следев Лацио и кога беше шампион,ги имаше најдобрите светски играчи што можеа да се доведат,и кога беше на работ на банкрот и непостоење,стана тим кој е секогаш веднаш позади големата четворка, ама јас никогаш не се откажав од него и не ни планирам!
Кога Лацио беше пред банкрот многу навивачи ко тебе прејдоа во Интер,затоа што тој тим им ги зеде пола и више играчи заедно со Манчини,исто така бившиот тренер на Лацио...

Хех , немој така за омилениот клуб на Татко ми , Лацио . Шала на страна , Лацио од моја страна секогаш имале доза на респект , се сеќавам на нивните златни денови и пеколната средина , Недвед , Консеисао , Симеоне и Верон , ако мене некој ме прашува , ова е најдобрата средина видена во фудбалот во последните 20 години , мое мислење . Штета што фудбалот во Италија се игра и надвор од фудбалските терени , па Лацио претрпе период на финансиски падови , смена на газди и тн и тн па дојде до ситуација да бидат просечен клуб . Но од оваа сезона повторно формираат тим кој може да атакува на излез во Европа , и зашто да не во ЛШ , се е можно во светот на Фудбалот , нели . Одлична задна напаѓачка линија имаат мора да признаам , Пандев , Зарате , Фоџа , и напред искуството на Роки , оваа 4ка може да донесе успешна сезона за Лацио во Серија А и ако за многумина биде изненадување да Лацио котира високо на табелата , за мене истото би било сосем очекувано :toe: .
Еве еден од тие Интеристи за коишто пишував погоре.
Адриано,за да го разбереш постот што го напишал Syn треба да си доволно поткован со фудбалско познавање,а не да гледаш емисии од типот на Петица и да ги замараш другите...
Инаку,Syn,добар пост :smir:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.656
Поени од реакции
5.339
Навивач на клубот треба да биде со клубот, и кога ќе биде на врвот и кога ќе биде на дното..Свеж пример ти е Јуве..Сите викаат им се намалиле симпатизерите на Јувентус кога Јуве премина во Б..Јас би рекол, оние кои уште останаа да навиваат за Јуве биле оние вистинските симпатизери на Јувентус, а оние кои почнаа да навиваат за други клубови, воопшто не биле ни навивачи, туку како што кажавте, финтава е секогаш сум за победникот:)Или многу „навивачи“ на Јуве, кога се префрлија да навиваат за други тимови, најчест „изговор“ им беше „Абе го сакав Замброта, и затоа навивам сега за Барселона“ (Замброта го зедов како пример)..Поглуп изговор Амин Господе..

Што да кажат навивачите на Фиорентина?Им симнувам капа, на оние старите хардкор фанови на Виолетовите,воглавном добро фудбалски образувани личности,и кои никогаш не ја изневерија Фиорентина и во најтешките времиња кога го смена името, финансиски проблеми, ама издржа на крај, и се воздигна во оној тим кој е во моментов..А фанови кои ќе навиваат за моменталниот шампион ги имало, ги има,и ќе ги има секогаш,тоа е непобитен факт..Џабе се препирате на таа тема никој нема да попушти, па да оставиме времето да каже..Juve parra siempre...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.701
Поени од реакции
43.803
За оние '' постарите '' членови што ги памтат златните денови на Калчото , мало потсетување на големината на истото :

* Парма : Буфон , Канаваро , Киеза , Ди Вајо , Креспо , Ортега , Сенсини , Верон , Турам ,

* Фиорентина : Киеза ( 99-2002 ) , Диливио ( ви текнува ли на играчов , играше и долги години за Јуве ) , Торичели ( психо фаца , мамето негово ) , Толдо , Руи Коста , Нуно Гомеш , Пеџа Мијатович, БАТИГОЛ . . . . ФАТИХ ТЕРИМ

* Лацио : Поборски , Бокшич , Неста , Михајлович , Панкаро , Негро , Стам , Виери , Недвед , Верон ( 99-2001 ) , Роберто Манчини ( лошо менаџира , али какво фудбалерче беше со пеколна левица ) , Клаудио Лопез , Марсело Салас , Консеисао , Перуци , Владимир Југович , Дарко Ковачевич ( златното џокерче на Јуве ) , Креспо ( 2000 - 2002 )

Е сега кога ке ги додадеме Милан , Јуве , Рома и Интер на истиве овие тимови , заедно со Удинезе (Бироф и Аморосо ) , Болоња ( Р.Баџо , Сињори , Паљука ) , Сампдорија ( Монтела , а тука беа и Ортега , Михајлович , Манчини , Киеза , Верон ) , ве потсеќам дека во Италија се играше фудбал за кој и денешнава Премиер Лига може само да сонува . Може некој ке го искритикува ова што претходно го кажав , али оние што подолго време следат фудбал , фудбалот што се играше во Италија во средината на 90те и почетокот на новиот Милениум , беше на ниво што денес сеуште го немам сретнато во останатите првентсва ( зборам и за пресметки на фанови во склоп на стадионите во создавање на атмосфера , не тепачки ), вклучително со сегашното Калчо , ниту парите што моментално Русинон и Арапине ги носат во Премиер Лигата нема да можат да го создадат она што владееше во Фудбалот на Апенините кон крајот од минатиот век и почетокот на овој.

п.с. Листата на Фудбалери можно е да не е целосна , али поентата ми беше да се потсетиме на периодот кога Калчото важеше за убедливо најдоброто првентсво во светот . Којзнае кога повторно ке го добие истиот сјај , иако тоа што се случувапе таму во периодот за кој зборувам е мислам неповторливо .
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.656
Поени од реакции
5.339
Да да, тогаш немаше кладилници:)Инаку,многу добар период за Калчото, возбудлив..Само што сега се сменати времињата..Сега, парите можат да направат се, ако ги имаш си конкурентен, ако ги немаш, имај и едновековна историја, ќе си играш Ц1 општинска лига..Енормно се зголемија цените на фудбалерите, достигнаа баснословни бројки, од многу нули,кладилниците си го прават своето и нема што повеќе да се зборува, и тврди..Пример, продажбата на Зидан, Јуве му ги донесе Буфон, Недвед и Турам...Па колку и да вредел Зидан, споредено со што направија Турам, Недвед и Џиџи за Јуве говори и фактот што ги имаат добиено најдобрите признанија од УЕФА и што ти ја знам таму..После Зидан дојде на ред Д.Бекам, и мислам дека тоа беше конец на толкава комерцијализација на фудбалот..Појавата на кладилниците ја уништија убавината на фудбалот, исто така младите од 17-18 години толку се воздигнувани,па уште не видено бел свет што се вика се многу изрекламирани, искомерцијализирани, што подобро им е да ваѓаат кеш од комерцијалните работи него ли од она што всушност треба да го прават --да играат фудбал--Дефинитивно се губи мотив, желба..Ќе блесне еден играч годината, се ќе се врти околу него, па и мозокот ќе му се сврти и толку ќе биде од него.И после таа искомерцијализација, играчот толку ќе си ја крени цената, и ќе шлапни во вода..Има резервна опција..Ќе снима реклами..

Ова не е провокација до фановите на Милан, но мислам дека сите забележавте..Губи Милан 2-1, Берлускони насмеан до уши:):)Повеќепати го дадоа...
едит: По грешка сум го вметнал и Канаваро...Го едитирав!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom