Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.042
Поени од реакции
7.696
ova Kineskovo gi ebava germansite proizvoditeli.


a za ova od Kia i da ne pishuvam.Zatoa i ne mu davaat import dozvola.
 
Последно уредено:

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607

Koj po red ruski tajkun 'skokac' od prozor e ovoj???
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Секако дека има и тоа врска, но не е пресудниот фактор зошто овие држави се богати, Европа целосно беше преорана во 20ти век па пак имаат развиена индустрија и јака економија, Германија како пример може да ја земеме.

Тука се тврди дека стандардот бил напумпан поради принтање пари што е целосно неточно, дури во 19ти и почеток на 20ти век кога валутите ги врзувале за злато пак имале подобар стандард од други држави, зошто го спомнувам ова е поради тоа што е невозможно да принташ повеќе пари од колку што имаш злато ако валутата ти е врзана за злато т.е не е фиат.

Испаѓа дека едниве можат да принтаат пари и да се богатат, а другиве не можат, со принтањето пари се кревала привидно куповната моќ според некој експерти тука :D. Се знае што се случува ако имаш многу неоправдани пари во оптек а слаба економија.
Еве и Господинот "Во Русија е забрането лобирањето со закон" дава значење на тоа што имало држави што биле врзани за доларот па со принтањето на долари се девалвирале тие валути, а пак тие валути што немале врзани валути за нив неможеле да принтаат пари, не знам од каде го извадол заклучокот ама океј.

Причината која што САД може да избегне со принтање на многу пари а други држави не толку, е тоа што, принтањето на пари генерално е врзано со U.S Treasuries или други државни обврзници кои историски а и до ден денес се атрактивни и неризични инвестиции за приватни инвеститори а и државни, голем удел купувани од Кина, Јапонија и сл. Дефицит трошењето на САД или принтањето на пари што го викаат тука, го плаќаат држави кои што имаат државен сурплус како Кина, не дека Кина сака да им ги финансира војните, туку сурплусот што го генерира со производство го враќа назад на најголемиот нивни муштерија. Ова се случува не само за државните финансиски инструменти, туку и за приватни, голем удел од сурплусот на Кина оди на рециклирање на Wall Street.

Историски гледано за моќта на доларот има влијание и периодот после ВСВ до 70тите т.е Бретон Вудс системот кој е и една од причините зошто доларот е reserve currency.
Никсон го погреба Бретон Вудс но до ден денес се чувствуваат последиците(тоа што го зборував погоре).


Bold statement е да речеш дека немаат индустрија, ама во право си за тоа дека споредено со Кина економијата на САД и грубо кажано на ЕУ е во фаза на тоа што економистите го викаат се секуларна стагнација или со други зборови економијата им е на животна подршка (зборувам за вистинската економија, на тоа што мислиш и ти). Што значи ова е тоа што го гледаме барем во Западниот Свет после 2008 т.е кога заврши бизнис циклусот, високо ниво на заштеди, ниски каматни стапки за да се соочат со високиот процент на заштеди т.е да ги раздвижат тие пари, и покрај голем оптек на пари до пред некоја година ниска инфлација, голем дел од сурплусот т.е зачуваните пари заминаа да ги пумпаат цените на недвижнините и на финансиските инструменти на берзите, ги зголемија непродуктивни работни дејности како маркетинг, HR и слични дејности(напомена дека тука мислам зголемениот обем од економијата што го содржат), додека реалната економија е на животна поддршка.

И поради ова, стандардот во Западниот Свет не е напумпан, туку е на животна поддршка, спротивно од што го тврдат тука, и ова се влечи уште од 70тите но е далеку поизразито последниве 20тина години. Средната класа ја нема таа купувачка моќ што ја имала порано а за сиромаштијата да не зборуваме, образованието е направено екслузивно за богаташи и сл.

Disclaimer: Те цитирав само тебе пошто сум од телефон не можам да ги цитирам сите посебно, така да голем дел од постов има и што не е поврзан со твојов цитат, ама пошто најзаслужен си за цитат и дискусија затоа се надоврзав на тебе :D
Се согласувам за најголем дел, не ни тврдам спротивно, Кина поради огромниот дел на извоз во САД ќе мора да држи долари.

Она што треба, и можат да почнат да го прават постепено, е да ги охрабрат сите други економии да почнат да чуваат Јуан (подобри цени ако се купи во јуан, и тн.) со што би останале врзани за доларот само за трговијата кон западниот свет.
Со тек на време кон Комонвелт државите, исто може да промовираат јуан за подобри цени, со што истите би станале покомпетитивни за истите кинески производи од америчките конкуренти.

САД после Втора Светска Војна беше најстабилна економија, и затоа го наметна доларот кон цел свет, а со тоа што се доста стабилни и сега (читај воената моќ и геопоставеноста се гарант дека нема да бидат афектирани од војни на нивно тло).
Она што го зборувам е дека најголем дел од нивните бизниси се или врзани за оружје, или врзани за продавање магла (ИТ и маркетинг светот). Ова со тек на време ќе се менува.
А економијата е напумпана со ваквите пари, кај нив и ликови со 80 ајкју поседуваат поголемо богатство од луѓе кои се генијалци или направиле какви не изуми на исток.
Кина и Русија треба да создаваат источни воени сојузи, и да ги спојат сите послаби земји, со што би биле контратежата и обезбедување на секоја послаба неразвиена земја. На тој начин НАТО може да се брцне во дупот.
Автоматски споено мислење:

Кога ќе дојде тој момент, нема да бидат толку ефтини како што се сега.
Не мора да значи, особено ако изградат огромни корпорации како и што градат.
Фирми сестри го обавуваат целиот процес, ако Џим како надворешна фирма ти наплаќа 100 000 долари за транспорт од Кина до Австралија, Ли ќе ти наплати 60 000 затоа што е фирма сестра и има гарантирана работа од тебе за целата година (комунизам де).
Пресметај ги разликите на секој чекор (поефтино производство, пакување, чување, транспорт, продажба, маркетинг и тн.) и секогаш ќе имаш предност.
 
Последно уредено:

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.578
ova Kineskovo gi ebava germansite proizvoditeli.


a za ova od Kia i da ne pishuvam.Zatoa i ne mu davaat import dozvola.
Имав можност да се возам во MG. Далеку е квалитетот од германски производител и од ебавање. Инаку 50 000$ кошта, и незнам колкав е процентот на луѓе кои би дале 50к евра за кинески автомобил пред некој германски во случајов Tiguan. Тргни сам по себе прво, да треба да купиш во моментов за 50к ЕУР


За KIA нема муабет, и сепак е Кореа, а не Кина, и одамна е во автомобилски бизнис.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.177
ova Kineskovo gi ebava germansite proizvoditeli.


a za ova od Kia i da ne pishuvam.Zatoa i ne mu davaat import dozvola.
Sto da ti kazam. Vo Germanija si, gledaj kakvi koli se vozat. Ako zastanes nekade na ulica cel den, mozebi edna kineska kola ke vidis. Dominiraat Germanskite, pa Aziski (Korea i Japonija) pa drugi Evropski. A od elektricni najmnogu Tesla se vozit bez ogled na kvalitetot e statusen simbol. Ako sakas budzet kola zemi Skoda, kvalitet kako Volkswagen za poniski ceni.
 
Последно уредено:

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.578
Sto da ti kazam. Vo Germanija si, gledaj kakvi koli se vozat. Ako zastanes nekade na ulica cel den, mozebi edna kineska kola ke vidis. Dominiraat Germanskite, pa Aziski (Kora i Japonija) pa drugi Evropski. A od elektricni najmnogu Tesla se vozit bez ogled na kvalitetot e statusen simbol. Ako sakas budzet kola zemi Skoda, kvalitet kako Volkswagen za poniski ceni.
Истото е секаде. И за во Русија кај што тресат глупости дека не зависеле од никого и дека имаат се свое е истата прикаска. Јасно е што се вози
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.835
Поени од реакции
36.871
Може веќе било постирано. Вика дека Украинците на големо убиваат заложници.

 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.667
Поени од реакции
42.235
Многу ниско летаат оти се премногу тешки, а како да не бидат тешки со толкави јајца
не летаат ниско зошто се тешки, него зошто се плашат од ПВО. Дури имаше ситуација русите кога обараат еден од овие хеликоптери со анти тенковска ракета.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.257
Поени од реакции
18.206
Имаш фирми и во Кина кои го прават тоа, само што уште е пропагандата голема, и имаат рачна од комунистите внатре.
Tencent, Baidu, SMIC, Alibaba, JD.com, Huawei, Xiaomi, Meizu, YMTC и CXMT (рам мемории во глобала), Zhaoxin, HiSilicon и тн. (ако се чепкаш со берза разгледај ги, јас така се заинтересирав за овие).
Во пазарот на возила:BYD, SAIC Motor, NIO, Great Wall, Chery, Geely, GAC Group...дел од овие продаваат возила и тука во АУС, Great Wall и во мкд.
Дронови: DJI, EHang, High Great, Shenzhen DAMODA...
Имаат исто за лекови, хемикалии и што ти не, само што ние како дел од „западниот“ свет сме повеќе запознаени со нивните брендови.

Реалноста е дека на овие ќе им треба уште период за да стигнат до потребното ниво, што мислам дека со AI-то ќе биде убрзано.
Автоматски споено мислење:


Знам дека знаеш, осети и самиот, ако не признаваш ;)
Додуша ти се залета на кинеско пакетче :D
Кај сум се залетал, не разбрав баш.
Инаку истото го кажав, одат натака, ама далеку од тоа дека произведуваат се.
Во клучните индустрии пак се западни компании на врвот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: y2k

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
не летаат ниско зошто се тешки, него зошто се плашат од ПВО. Дури имаше ситуација русите кога обараат еден од овие хеликоптери со анти тенковска ракета.
thank-you-captain-obvious-lg.jpg

Нема некој што не му е јасно тоа зошто летаат ниско.
Храброста е да леташ на помалку од еден метар од земја со таа брзина, една грешка значи сигурна смрт.
Од тоа што имам разговарано со пилоти на Ми8/17, претставува вистинска уметност да најдеш еквилибриум во силите и да лебдиш во место во една точка (hovering state). Во игра влегуваат воздушен притисок и температура, која е различна бидејќи теренот не е хомоген (земја, до асфалт, до дрва, до мало брдо... Мало ветре и отиде јабана) два млазни мотора треба да работат во перфектна синхронизација, центар на маса на леталото да биде добро калибриран, и едно чудо параметри на кои не се сеќавам.
Сето тоа да лебдиш во место, а со голема брзина да леташ на иста хоризонтала бара јајца и многу саати летање.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.667
Поени од реакции
42.235
Прегледај го приврзокот 360360

Нема некој што не му е јасно тоа зошто летаат ниско.
Храброста е да леташ на помалку од еден метар од земја со таа брзина, една грешка значи сигурна смрт.
Од тоа што имам разговарано со пилоти на Ми8/17, претставува вистинска уметност да најдеш еквилибриум во силите и да лебдиш во место во една точка (hovering state). Во игра влегуваат воздушен притисок и температура, која е различна бидејќи теренот не е хомоген (земја, до асфалт, до дрва, до мало брдо... Мало ветре и отиде јабана) два млазни мотора треба да работат во перфектна синхронизација, центар на маса на леталото да биде добро калибриран, и едно чудо параметри на кои не се сеќавам.
Сето тоа да лебдиш во место, а со голема брзина да леташ на иста хоризонтала бара јајца и многу саати летање.
Со оглед дека најдобрите пилоти ги потрошија на десанти врз Мариопул и Змиски остров, овие сигурно им се трета класа пилоти. Или некои пензионирани многу одамна.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Со оглед дека најдобрите пилоти ги потрошија на десанти врз Мариопул и Змиски остров, овие сигурно им се трета класа пилоти. Или некои пензионирани многу одамна.
тоа не можам јас да го знам, ама знам дека кој и да ги лета тие хеликоптери има огромно искуство и јајца со надприродна тежина
 

Kajgana Shop

На врв Bottom