Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.126
Кои се тие „христијански начела и вредности“ врз кои христијанството има авторитет и ги нема никаде на друго место, други учења? Зошто мора христијанство за заедништво и просперитет? Каков просперитет бараш или гледаш во христијанството? И зошто тоа да го нема во ислам, хиндуизам, будизам, гностици и слични?

И јас воопшто не повикувам на акција и менување на сегашната состојба на христијанските практики и уредувања. Нивна работа... само го критикуваме она што верникот не сака или не може да го критикува заради верата, хиерархијата итн итн ...

Ми се допаѓа тоа „не мора да е верник“ :) Мислиш да не е дел од црквата (претежно црква го пишуваат со големо Ц некои, не знам зошто)?
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.039
Поени од реакции
2.474
Мое мислење е не само што не мора христијанинот да биде монах за да ги живее христијанските начела, туку дури не мора ни да се биде верник за да се живее според тие начела и вредности. Ти можеби зборуваш за доживување и живеење на религиското искуство, а јас за почитување на начелата и задржување на христијанските вредности. За мене тоа е начин да се постигне заедништво и просперитет, додека истовремено не сакам духовноста да ја ограничам на правила и норми кои се резултат на нечие друго животно и духовно искуство стекнато во некој сосема различен свет од пред повеќе милениуми.
Следен левел е со доживувањето на духовното, религиозно... метафизичко искуство... пик... кажи го како сакаш... сите тие вредности се будат во тебе и ниедна од овие организирани не ти требааат да ти ги кажат а фактот шо кај мнозинството не се разбудени ги прави овие системи потребни..... Анархизмот е состојба на живеење без некој авторитет да ти ги каже правилата туку ти ги носиш во себе, разбуден ти е внатрешниот координатор. Инаку ти правиш муабет за Христијански Атеизам, бог не е битен ами поуките во книгата како правилна смерница за добар живот....

Кои се тие „христијански начела и вредности“ врз кои христијанството има авторитет и ги нема никаде на друго место, други учења? Зошто мора христијанство за заедништво и просперитет? Каков просперитет бараш или гледаш во христијанството? И зошто тоа да го нема во ислам, хиндуизам, будизам, гностици и слични?

И јас воопшто не повикувам на акција и менување на сегашната состојба на христијанските практики и уредувања. Нивна работа... само го критикуваме она што верникот не сака или не може да го критикува заради верата, хиерархијата итн итн ...

Ми се допаѓа тоа „не мора да е верник“ :) Мислиш да не е дел од црквата (претежно црква го пишуваат со големо Ц некои, не знам зошто)?
Ти Хепта многу критикуваш шо е уствари негативна енергија и се додека ја држиш нема левел 2.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769

...mnozinstvoto od coveckata populacija nemoze da funkcionira(nitu sega,nitu vo idnina)bez identifikacija so "stadoto" kako standard,kako smisol,kako motiv
...ne postoi formula,religija,koncept,drzavno ureduvanje za srejken,ispolnet i ubav zivot nadvor od nas samite :)
...nie samite vo sebe sme bog,religija,koncept i drzava
 
Bidejkji gi vodi nesvesno i svesno nagonot za prezivuvanje oti se plashat da umrat i ko takvi im e bitna socijalnata validacija na personata shto ja sozdale za da bide prifatena i pomognata od stadoto... a na stadoto mu treba pastir... na sledno nivo lugje kako tebe treba da se pastiri, da se grizat za niv :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.880
Поени од реакции
5.006
...nie samite vo sebe sme bog,religija,koncept i drzava
Црковно учење (катихезис), ваквите ставови ги именува како „славољубие„, а тоа (славољубието, нели...) е една од трите наслед(е)ни болести кај родот човечки...

Славољубието (егоцентризмот, суетата, гордоста...) е пречката ради која умот нејќе да размислува (и) за Бога, туку само за самиот себе, сметајќи се за фактор без кој напросто и Сонцето не може да изгрее...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
Bidejkji gi vodi nesvesno i svesno nagonot za prezivuvanje oti se plashat da umrat i ko takvi im e bitna socijalnata validacija na personata shto ja sozdale za da bide prifatena i pomognata od stadoto... a na stadoto mu treba pastir... na sledno nivo lugje kako tebe treba da se pastiri, da se grizat za niv :)
...sekoja vrsta na liderstvo nosi so sebe bezbroj zamki i rizici i e osudena na neuspeh(koga togas)
...mozes na coveka da mu go pokazes patot,no nemozes da go odis za nego :)
Автоматски споено мислење:

Црковно учење (катихезис), ваквите ставови ги именува како „славољубие„, а тоа (славољубието, нели...) е една од трите наслед(е)ни болести кај родот човечки...

Славољубието (егоцентризмот) е пречката ради која умот нејќе да размислува (и) за Бога, туку само за самиот себе, сметајќи се за фактор без кој напросто и Сонцето не може да изгрее...
...ne znam kako kje me razberes,no tvoeto desno nemoze da bide i secie desno
...i nema ni trunka egocentricnost vo izrekata :)
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.039
Поени од реакции
2.474
...sekoja vrsta na liderstvo nosi so sebe bezbroj zamki i rizici i e osudena na neuspeh(koga togas)
...mozes na coveka da mu go pokazes patot,no nemozes da go odis za nego :)
Ne mora direktno da si lider, mozesh da bidesh primer koj bi gi inspiriral, so tvoite akcii, dela, dobrina bi gi eleviral... a vistinata, avtenticnosta e mokjna rabota :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.672
Поени од реакции
33.846
Кои се тие „христијански начела и вредности“ врз кои христијанството има авторитет и ги нема никаде на друго место, други учења? Зошто мора христијанство за заедништво и просперитет? Каков просперитет бараш или гледаш во христијанството? И зошто тоа да го нема во ислам, хиндуизам, будизам, гностици и слични?

И јас воопшто не повикувам на акција и менување на сегашната состојба на христијанските практики и уредувања. Нивна работа... само го критикуваме она што верникот не сака или не може да го критикува заради верата, хиерархијата итн итн ...

Ми се допаѓа тоа „не мора да е верник“ :) Мислиш да не е дел од црквата (претежно црква го пишуваат со големо Ц некои, не знам зошто)?
Зошто?
Затоа што живееме во време кога основните човечки вредности се жестоко нападнати а поголемиот дел од луѓето не се свесни ни за тој факт ниту каде води тоа.

Религијата е алатка за обединување и заедништво. Без да навлегувам во замката да правам нешто за што не сум кадарен (да споредувам религии и авторитети), овде и сега - тоа заедништво треба да е конкретно православното христијанство. Но за жал денешнава црква овде (и секаде) не ни спремна ни способна да биде барјактарот на отпорот... Премногу се корумпирани и преокупирани со земните работи.
Автоматски споено мислење:

Инаку ти правиш муабет за Христијански Атеизам, бог не е битен ами поуките во книгата како правилна смерница за добар живот....
На ниво на поединец, не е дека бог не е битен туку што е бог за мене, тоа е нешто што јас треба да го откријам за себе.
На ниво на поширока заедница, неопходни се начелата и насоките затоа што мнозинството едноставно има потреба да следи авторитети. Во спротивно многу лесно им е на тие што сакаат фундаментално да ги променат работите - на полошо, како што гледаме дека забрзано се случува особено во последните пар децении.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.126
Зошто?
Затоа што живееме во време кога основните човечки вредности се жестоко нападнати а поголемиот дел од луѓето не се свесни ни за тој факт ниту каде води тоа.

Религијата е алатка за обединување и заедништво. Без да навлегувам во замката да правам нешто за што не сум кадарен (да споредувам религии и авторитети), овде и сега - тоа заедништво треба да е конкретно православното христијанство. Но за жал денешнава црква овде (и секаде) не ни спремна ни способна да биде барјактрот на отпорот... Премногу се корумпирани и преокупирани со земните работи.
Цело време се живее според старите религии во некакви си опасни времиња кога човечките вредности не се по стандардот на... нивните учења. Ништо не сте виделе бидејќи времињата беа такви да црквите и свештениците имаа моќ премногу на Земјата и се одеше тајно, далеку од нивните очи...

И свештениците го прават тоа што го прават заради несвесноста на мноштвото и чудниот страв на верникот дека знае помалку и може помалку од еден свештеник во манастир или црква.... чуден синдром на помала вредност од туку така... наследено или така создадено од боговите.

Денес се е јавно и не се може поинаку во однос на слободата на човекот и неговиот морал и етика. Таму не може да се меша ниту една религија, ниту пак да се меша како исламот во правниот поредок на едно општество. Тоа пак е апсолутен апсурд. Богови и правен систем - јок. :)

Цело време поголемиот дел од луѓето се несвесни и си ги бркаат животите и целта е наследство и доволно за да има за тоа наследство.
Крвта и месото да продолжи, на Земјата. Адети, имендени, слави и тоа е тоа во однос на религиите, начелата и вредностите... ритуалите се забораваат и нивната смисла. Што е добро :)

Јас прашав друго.
Да те потсетам:

Кои се тие „христијански начела и вредности“ врз кои христијанството има авторитет и ги нема никаде на друго место, други учења? Зошто мора христијанство за заедништво и просперитет? Каков просперитет бараш или гледаш во христијанството? И зошто тоа да го нема во ислам, хиндуизам, будизам, гностици и слични?
Бидејќи ислам и христијанство ни се во дворот, најбиску - врзани историски со нив?
Автоматски споено мислење:

Ти Хепта многу критикуваш шо е уствари негативна енергија и се додека ја држиш нема левел 2.
Можеби не ја разбираш критиката и ти созадава негативни чувствува непотребно. Или не си научен некој да критикува постојано за исти нешта, бидејќи постојано се зборуваат едни та исти нешта... Не знам, навистина.

Премногу си поврзан со старите религии или можеби виртуелниот лик Хепта ти создава негативност?
Што и да е, лошо е.
 
Последно уредено:
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.039
Поени од реакции
2.474
На ниво на поединец, не е дека бог не е битен туку што е бог за мене, тоа е нешто што јас треба да го откријам за себе.
На ниво на поширока заедница, неопходни се начелата и насоките затоа што мнозинството едноставно има потреба да следи авторитети. Во спротивно многу лесно им е на тие што сакаат фундаментално да ги променат работите - на полошо, како што гледаме дека забрзано се случува особено во последните пар децении.
Se razbirame skroz. No ova shto go zboruvame na nekoj ne mu odgovara... i sam znaesh deka se vodi odamna " vojna" protiv pravoslavieto tokmu poradi cvrsta zaednica...
Можеби не ја разбираш критиката и ти созадава негативни чувствува непотребно. Или не си научен некој да критикува постојано за исти нешта, бидејќи постојано се зборуваат едни та исти нешта... Не знам, навистина.

Премногу си поврзан со старите религии или можеби виртуелниот лик Хепта ти создава негативност?
Што и да е, лошо е.
Ma jok hepta, ja vernik ne sum ali gi pocituvam religiite, smetam deka se potrebni i sum za unitarnost oti vo osnova site imaat dobra namera bez razlika na korupciite.... hramovite gi gledam kako rezonantni komori... taka da tvojte kritiki ja ne gi dozivuvam kon mene ami ko indikacija na neahto drugo..... ednash spomna deka vie ( oto ) go bekapirate podforumot, mene toa mi kazuva deka isklucitelno vi znaci shto se pishuva ovde, takva posvetenost sekogash e finansirana od nekoj.... i se povekje mislam ( a ne samo jas ami i drugi primetile gleam ) oti profilot Hepta e rabotno mesto. :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.672
Поени од реакции
33.846
Цело време се живее според старите религии во некакви си опасни времиња кога човечките вредности не се по стандардот на... нивните учења. Ништо не сте виделе бидејќи времињата беа такви да црквите и свештениците имаа моќ премногу на Земјата и се одеше тајно, далеку од нивните очи...

И свештениците го прават тоа што го прават заради несвесноста на мноштвото и чудниот страв на верникот дека знае помалку и може помалку од еден свештеник во манастир или црква.... чуден синдром на помала вредност од туку така... наследено или така создадено од боговите.

Денес се е јавно и не се може поинаку во однос на слободата на човекот и неговиот морал и етика. Таму не може да се меша ниту една религија, ниту пак да се меша како исламот во правниот поредок на едно општество. Тоа пак е апсолутен апсурд. Богови и правен систем - јок. :)

Цело време поголемиот дел од луѓето се несвесни и си ги бркаат животите и целта е наследство и доволно за да има за тоа наследство.
Крвта и месото да продолжи, на Земјата. Адети, имендени, слави и тоа е тоа во однос на религиите, начелата и вредностите... ритуалите се забораваат и нивната смисла. Што е добро :)

Јас прашав друго.
Да те потсетам:
Хмм... Но таму каде не треба да се мешаат религиите, таму се меша естаблишментот и новиот светски поредок.

Се чини дека за различни работи пишуваме. Важен аспект начнуваш но јас зборував за потребата од бранење на основните вредности, културата, начинот на живот. Од тој аспект зборувам за религијата, од аспект на практичното и на потребите. Не зборувам за духовното. Затоа што преку новите вредности кои се буткаат со сеприсутниот социјален инжинеринг, идеме кон губење на слободите, разнебитување - и уште помалку шанси за пронаоѓање на духовност.
Разбирам дека се обидуваш да развиеш друг аспект на дискусијата, но сегашниов аспект веќе се започна и премногу е важен за да остане недискутиран.

Бидејќи ислам и христијанство ни се во дворот, најбиску - врзани историски со нив?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.126
Se razbirame skroz. No ova shto go zboruvame na nekoj ne mu odgovara... i sam znaesh deka se vodi odamna " vojna" protiv pravoslavieto tokmu poradi cvrsta zaednica...

Ma jok hepta, ja vernik ne sum ali gi pocituvam religiite, smetam deka se potrebni i sum za unitarnost oti vo osnova site imaat dobra namera bez razlika na korupciite.... hramovite gi gledam kako rezonantni komori... taka da tvojte kritiki ja ne gi dozivuvam kon mene ami ko indikacija na neahto drugo..... ednash spomna deka vie ( oto ) go bekapirate podforumot, mene toa mi kazuva deka isklucitelno vi znaci shto se pishuva ovde, takva posvetenost sekogash e finansirana od nekoj.... i se povekje mislam ( a ne samo jas ami i drugi primetile gleam ) oti profilot Hepta e rabotno mesto. :)
Не верувам дека почитуваш религии и сметаш дека се потребни. Но ти си знаеш, секој со своите болести.

Не сите, туку 3-4 ца во чет си градите ставови за Хепта - кој знае зошто :) Мене не ми смета да мислите дека зад Хепта стоијат 111 луѓе, 31 или 3ца или 2ца или не знам колку сте решиле вие дека има :) Ваше право...
Се додека не реши некоја будала да ме заморува приватно во животот заради еден форум - добро е и за тој некој и за мене. Едноставно не знам како не можете да прифатите и да почитувате нечија приватност?

Јас што пишувам тука на форумов повеќе од деценија (претежно за Телема) сметам дека е вредно за мене бидејќи трошам (поточно трошев) време за да го напишам, барем во почетните години и затоа си ги чувам муабетите. Зошто да не...
И погрешно си толкуваш во однос на зачувувањето на текстовите запишани тука!
НЕ е точно дека О.Т.О. се заморува со тоа што напишал некој на форум, туку Хептаграм XI (форумски член) си ги чува размислите кои се напишани тука од негова страна заедно со дискусиите за да има смисла она што е запишано од моја страна.

Премногу ги мешате станиците.
Ви бодам во очи сеуште? Извинете :)

Јас храмовите ги гледам како историски факт. Кои преживеале сешто, зачувале сенешто и се вредни. Да не беше пустото турско, немаше многу да имаат смисла самите храмови во поглед на зачувување националност, припадност дури и описменување на народот :)
Едното води кон другото, испреплетени нишки од историјата на светот.
Автоматски споено мислење:

Хмм... Но таму каде не треба да се мешаат религиите, таму се меша естаблишментот и новиот светски поредок.

Се чини дека за различни работи пишуваме. Важен аспект начнуваш но јас зборував за потребата од бранење на основните вредности, културата, начинот на живот. Од тој аспект зборувам за религијата, од аспект на практичното и на потребите. Не зборувам за духовното. Затоа што преку новите вредности кои се буткаат со сеприсутниот социјален инжинеринг, идеме кон губење на слободите, разнебитување - и уште помалку шанси за пронаоѓање на духовност.
Разбирам дека се обидуваш да развиеш друг аспект на дискусијата, но сегашниов аспект веќе се започна и премногу е важен за да остане недискутиран.
Светот станува премногу мал, која култура ќе ја зачувуваме, кои вредности останаа воопшто не чепнати?
Религијата не може да дефинира вредности и начин на живот.
Тоа мора да престане инаку им давате за право на религиите да влијаат на тоа како некој да го живее својот живот и тоа да биде правен закон, исто како шеријатскиот закон кој што доаѓа токму од исламот.

Не се обидувам да развијам друг аспект на дискусијата - ти упорно ми велиш дека религиите ќе диктираат начин на живот... недозволиво и не може да помине.
Мора да се измести таа оска дури и да се скрши тркалото кое се врти без контрола секако...
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.672
Поени од реакции
33.846
Светот станува премногу мал, која култура ќе ја зачувуваме, кои вредности останаа воопшто не чепнати?
Религијата не може да дефинира вредности и начин на живот.
Тоа мора да престане инаку им давате за право на религиите да влијаат на тоа како некој да го живее својот живот и тоа да биде правен закон, исто како шеријатскиот закон кој што доаѓа токму од исламот.

Не се обидувам да развијам друг аспект на дискусијата - ти упорно ми велиш дека религиите ќе диктираат начин на живот... недозволиво и не може да помине.
Мора да се измести таа оска дури и да се скрши тркалото кое се врти без контрола секако...
ОК, пошто дефинитивно излегуваме од сферата на духовното...

Фактите се дека денес начинот на живот секако е диктиран, само не од религиите. За Европа/САД зборувам не за Саудијска Арабија и Катар. Притоа јас не кажувам дека христијанството треба да „диктира“ ништо, туку треба да биде позитивна сила и влијание преку промовирање на христијанските и традицоналните вредности - како контраст на сегашното уништувување на тие вредности, нешто што гледаме дека прави голема штета на луѓето во Европа/САД. Тука и за нас зборувам како дел од тој свет, барем за неубавите работи. Ширење на хедонизам, пороци, и секакви лгбтпедо настраности, што води кон намален наталитет. Што води кон имиграција. Што води кон нови проблеми и поделби. Итн, итн...

На некој му одговара тоа, и го промовира тоа преку социјален инжинеринг, преку поп култура. Пушти филм/серија, половина ликови се лгбтпедо, другата половина се мулти-култи. Иако во реалните свет ни 2-3 проценти не се лгбт, а ни мешаните хетеро парови не се толку чести. Пребарај на гугл со среќно бело семејство или пар (на англиски), и кажи ми зошто 90% од сликите се од мешани раси?
Не дека јас имам нешто против луѓето да си живеат како сакаат, но зошто да ни ги перат мозоците со таква пропаганда? Каква корист можеме да имаме од тоа?

Само сакам да ти покажам со примери зошто ни треба религијата против ова што се случува. Не да диктира, ама да посочува и да упатува... А за исламот, ниту сум кадарен да дискутирам, ниту сакам. Само пази дека припадници на таа религија носат и населуваат во Европа/САД. Утре кога доволно ќе се намножат, тогаш и реално можеш да очекуваш верска диктатура. Само нема да биде христијанска.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.126
Ти дискутираш за религиите надвор од духовноста - расправаш како религиите ќе го спасуваат начинот на живот на Земјата и како христијанството и само тоа ги содржи сите пракси и вредности кои ќе одговараат на сите луѓе, дури и да не веруваш во сржта на тоа учење... што нема логика.
Може да веруваш така и да имаш став дека сржта на христијанството содржи духовност која може да дејствува така, но кога самите свештеници шират омраза кон другоста и се лош пример дека има нешто полезно во христијанството, што да зборуваме за обичниот човек кој наоѓа надеж во тие учења за да препроди уште еден ден на Земјата?
За ова сум пишувал и порано, но христијаните тука се лутат кога некој ќе ги напне околу сето ова... веднаш на нож одат, се навредуваат непотребно и ги затвораат очите пред она што им се зборува, а и самите го знаат сето тоа...

Не сакаат сите традиционални вредности и не се пронаоѓаат во тоа, не може насила да ги туркаме во кошот наречен пороци и зло преку призмата на едно верување и религија. Тоа помина... и не треба да дозволиме тоа да се повтори во иднина...

Ширење омраза кон другоста и разновидноста не е за пофалба и не треба да има плодна почва меѓу младите, посебно не со агенди дека христијанството или било која религија ќе го спасува човекот, ќе глуми спасител и ќе намалува миграција, ама тоа нема да биде од духовен туку од друг аспект, но да не се меша во животот на човекот...
Кои муабети...

Ти имаш многу против луѓето кои живеат како им е волја со тоа што велиш дека религија ти треба да се зачуваат традиционалните вредности и како лгбт е настраност... да не го напишеше ова, ќе пројдеше овој твој муабет како ти си за слобода и живот за сите без разлика!

Религијата може да посочува само на духовен план и ако се заморува со материјалното тоа да биде со пракси поврзани со телото на човекот, како храм. Другото е узурпација и насилство врз поединецот.
Забраната на алкохол во исламот ја спречува конзумацијата на алкохол во светот? НЕ! Тогаш зошто таа забрана и што се постигнува со забрани?
Што сме ние, робови на Земјата?

Исламот го следи христијанството историски до последната јота! Ќе има голема војна заради тие глупости - но само така се менува човештвото ( две светски војни требаа за да се укине старото кое постоеше со векови).
Не учиме добро од историјата... тврдоглави сме и упорно не сакаме промени.... а промената е нужност и потреба.
Но, далеку сме од тоа... барем за 400+ години, ќе се обидуваме да го промениме текот, да пробаме да научиме нешто тро поеќе и да дејствуваме помудро од претходно.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.672
Поени од реакции
33.846
Всушност јас во религиите барам контратежа на социјалниот инжинеринг што се случува подолго време, и кој во моментов буквално нема противник од аспект на функцијата која ја врши. Впрочем не зборував за наметнување на традиционални вредности, туку зборував баш за отпор кон наметнувањето на нетрадиционални вредности. Барање баланс и контратежа не е „одење на нож“. Сакање на својот народ и култура не е „мразење на другоста“.

Воедно сакам и да сум реален. Мнозинството луѓе овде се православни христијани и знаејќи го тоа за која религија јас да зборувам во моите размислувања погоре? За будизам? Паганство?
Пошто конверзија во будизам/итн не е можна никако (не дека ниту јас би го сакал тоа), православното христијанство е тоа што го имаме овде. Заедно со традицијата и културното наследството од нашите претци. Сето тоа нас народот нѐ служело повеќе за добро отколку што на други им служело за лошо. Порано се живеело со многу повеќе заедништво и взаемно разбирање и помагање, отколку сега. Затоа форсирање промени ретко излегува на добро, а форсирање на вакви настрани промени па никако не може да излезе на добро.

Ти имаш многу против луѓето кои живеат како им е волја со тоа што велиш дека религија ти треба да се зачуваат традиционалните вредности и како лгбт е настраност... да не го напишеше ова, ќе пројдеше овој твој муабет како ти си за слобода и живот за сите без разлика! ...
Не сакаат сите традиционални вредности и не се пронаоѓаат во тоа, не може насила да ги туркаме во кошот наречен пороци и зло преку призмата на едно верување и религија. Тоа помина... и не треба да дозволиме тоа да се повтори во иднина. ...
Религијата може да посочува само на духовен план и ако се заморува со материјалното тоа да биде со пракси поврзани со телото на човекот, како храм. Другото е узурпација и насилство врз поединецот.
Што сме ние, робови на Земјата? ... Не учиме добро од историјата... тврдоглави сме и упорно не сакаме промени.... а промената е нужност и потреба.
Ќе ми простиш што ги издвоив овие делови, но морав да за ја посочам наивноста во твојот светоглед. Прости ми и за самото посочување, но сметам дека треба повеќе да се едуцираш и за световните случувања.

Дека лгптПедо е настраност, тоа навистина се надевам дека нема да го спориме. Не се работи за „другост“ туку за настраност. Не само што е настраност туку е и болест. Не само што е болест, туку и ни се наметнува на сите и се промовира како нова вредност која сите треба да ја прифатат и практикуваат. Во училиштата на најмалите деца им се наметнуваат гледања на настраности како драг шоу (драг шоу се настапи на хомосекусалци облечени само во женска долна облека, со нагласена женска шминка, а настапите се обично играње на шипка, стриптиз со пеење, разговарање со децата и убедување и тие да сакаат да прават такви работи, и слични гадости).

Koлега... Соговорнику... Тие ги учат нашите деца на настраности. Тоа се случува и директно во училиштата, не само преку филмовите и сериите и попкултурата. Децата немаат избор освен да присуствуваат на таквата пропаганда и да бидат подложени на перење на мозок. И што мислиш дека се случува со тие деца на кои во училиште ги учат дека хомосексуализам е супер работа? Деца што гледаат нашминкани хомосексуалци како изведуваат стриптиз?

Пар работи подолу ќе ги ставам во спојлер, не е ништо од 18+ туку се само секојдневни работи од тоа што ни се наметнува како нови „вредности“ кои мора да ги прифатиме. Се работи за нешто што не е ни тајно ни тешко да се најде. Напротив секаде присутно е и лесно достапно. Но го ставам во спојлер затоа што темава е за религија и секој сам нека одлучи дали ќе ги кликне, без јас ништо да наметнувам.

Ширење омраза кон другоста и разновидноста не е за пофалба и не треба да има плодна почва меѓу младите, посебно не со агенди дека христијанството или било која религија ќе го спасува човекот, ќе глуми спасител и ќе намалува миграција, ама тоа нема да биде од духовен туку од друг аспект, но да не се меша во животот на човекот...
Кои муабети...
За крај само уште ова: Сакање на својот народ и култура не е „мразење на другоста и разновидноста“. Барање баланс и контратежа на сегашната пропагандна војна која се води против нас и нашите деца не е ниту наметнување ниту „мешање во животот на човекот“. Наметнување постои ама од другата страна се наметнува ова врз нас.

Но токму тоа за што ме обвинуваш дека јас би сакал да го употребам христијанството, токму тоа се случува денес ама не се случува од христијанството туку од другите.
Јас не сакам да го наметнам христијанството, само сакам тоа да биде можност за контратежа на ова што сега се случува. Од тој аспект пишувам дека религијата треба и може да биде контратежа на овие настраности и злоупотреби.
Автоматски споено мислење:

Se razbirame skroz. No ova shto go zboruvame na nekoj ne mu odgovara... i sam znaesh deka se vodi odamna " vojna" protiv pravoslavieto tokmu poradi cvrsta zaednica...

Ma jok hepta, ja vernik ne sum ali gi pocituvam religiite, smetam deka se potrebni i sum za unitarnost oti vo osnova site imaat dobra namera bez razlika na korupciite.... hramovite gi gledam kako rezonantni komori... taka da tvojte kritiki ja ne gi dozivuvam kon mene ami ko indikacija na neahto drugo.....
Слично размислуваме, и штета што нѐ нема повеќе како нас.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom