Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.511
Само што не дал отказ господинот Владимирович, баш завчера кога се видовме беше со ниет да даде изјава, ама го кандисавме да поседи, атер за темава да се дешава нешто.Мислам дека е општо прифатено и од Украинските, и од западните политичари, дека договор со Русија може да има само кога Руската војска ќе се повлече од Украина и Путин нема да биде на власт. Така што сценарио во кое што Зеленски ќе направи некоја тајна зделка со Русија после сето она молење на Америка и Европа за оружје - не е возможно.
Ова за избегнувањеот војна е муабет што се врти од почеток на војната... Да, многу лесно можеа да избегнат војна ако останеа Руски вазали, но тоа биле 100 години и не виделе никаков напредок на ниво на држава, а од друга страна нивните соседи кои што решија да бидат "Американски вазали" се неколку декади понапред од нив.
Абе види, и Германија во WW2 била целосно срамнета со земја, па со Американски пари се воздигна и сега е лидер во Европа. Не е невозможно истово и за Украина, а плус на располагање ќе ги имаат и замрзнатите Руски пари и запленети ресурси (јахти, недвижности итн...).
Војниците пак беа со намера да се откажат од грев за Украинките, наместо да гледаат деца и да се шминкаат, зеле си играат со шмајзери.
Од Германски до Украински менталитет има светлосни години разлика, уште 10 пати да им дадеш да формираат држава нема да ги ресетираш во главата да бидат продуктивни како швабите.