Во јавните расправи за службите во Македонија лик кој здобил многу внимание од јавноста е Јордан Петровски инаку бизнисмен иселеник во Канада веќе добро познат на сите, ова се тие неколку легендарни работи што ги има изнесено јавно и се доста интересни зошто даваат близок увид на тоа како во службите функционираат работите.
Извадок од интервјуто кое во своето време привлекло големо внимание.
"Ова интервју во продолжетоци се објавува во ВРЕМЕ
ИНТЕРВЈУ СО ЈОРДАН ПЕТРОВСКИ, ДИСИДЕНТ ПРОГОНУВАН ОД ДБК (5)
ДБК режира сценарио за холивудско апсење
- Тврдите дека во есента 1997 година ДБК имала сценарио за ваше апсење, со цел да се дискредитира ВМРО-ДПМНЕ пред парламентарните избори?
- Деловен партнер од Бугарија ми одзема три цистерни.Тужев. Барав цистерните, кои минуваа низ Македонија, да бидат запленети во моја полза, но ништо не се случуваше. Одненадеж ДБК, која дотогаш работеше да ме банкротира, ми понуди да ми го реши спорот и да ми помогне да си го наплатам долгот. ДБК, во моето досие, самата пишува дека, бидејќи веќе финансиски сум слаб и исцрпен, дека сум погоден за соработка. Буквално пишува: „западнал во финансиска криза, која беше искористена како посебен момент за вршење и прифаќање на разговор од истиот, како и побарување заштита и помош во расветлување на граѓанскиот спор со неговите поранешни деловни пријатели Драган Даравелски и Предраг Димковски од Куманово, од кои физички бил нападнат и претепан на улица“. Значи, Службите веќе сметаат дека сум подготвен за соработка со нив. Со месеци ме викаа да отидам кај нив, си дозволуваа и најнедолични контакти со моето семејство, но јас не сакав да одам. На крајот ми се заканија дека ќе ме приведат, и јас отидов во полициската станица во Куманово. Ме држеа на влезот да чекам еден и пол час, од каде влегуваат и излегуваат луѓе, намерно да ме гледаат дека стојам тука повикан во ДБК. Ме викна инспекторот Кузман и уште еден од Скопје. Разговорот траеше пет-шест часа, можеби и подолго, на крајот јас го прекинав разговорот. Од тој разговор нема скоро ништо напишано во моето досие. Ги интересираше колку знам за шверц со цигарите, и за тоа каков е мојот однос кон Љубчо Георгиевски и кон ВМРО, но и кон Киро Глигоров. Целта беше да го видат моето расположение, бидејќи ете сум банкротирал. Сакаа да ме убедат дека Љубчо Георгиевски е виновен за мојот банкрот, дека вината е во тоа што сум го финансирал ВМРО. На крајот главниот инспектор од Скопје и тој од Куманово ми рекоа една недела да седам во Куманово, да не одам нигде, ќе ме викаат пак на разговор. Место за една недела, не се јавија со месеци. Се чудев зошто не ме викаат пак. Ме викнаа дури по три-четири месеци, и овојпат сакаа место за политика да разговараме на сосема друга, конкретна тема, за моите должнички побарувања од компанијата во Бугарија. Сега ДБК, која финансиски ме упропасти, ми нудеше да ми помогне да ги наплатам побарувањата од Бугарија. Државата треба да ме штити мене како македонски државјанин, но ДБК се заинтересира за овој случај на долг дури три години откако го пријавив. Тоа ми беше сомнително. Разбирам да реагираа бргу, но за судски спор стар три години, одеднаш ДБК да пројавува интерес, тоа не го прават од грижа за мене. Инспекторите ме подучуваа што да правам, да одам кај бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Димитров и да поднесам барање да ми се вратат парите."
Ова интервју во продолжетоци се објавува во ВРЕМЕ ИНТЕРВЈУ СО ЈОРДАН ПЕТРОВСКИ, ДИСИДЕНТ ПРОГОНУВАН ОД ДБК (5) ДБК режира сценарио за холивудско апсење
forums.vmacedonia.com
Примерок од извесен документ на Дбк битен за тоа како се добивало псевдоним при нивна обработка.
Врз основа на член 47 од Правилникот за работа на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање („Службен весник на Р.Македонија“ - посебен Службен весник број 10) од 31.10.1995 година поднесувам...
www.mn.mk
Интересни обраќања преку писма до државни органи и политичари поврзани со него што предизвикале реакции од повеќе фактори.
Dear Mr. Hahn;27 November 2017 My name is Jordan Petrovski, a political refugee from Macedonia to Canada and the Chairman of the Committee for the Democratization of Macedonia. For a short background of my activities for the past two decades or so I’m attaching some letters sent in futile...
www.macedonianinformationcentre.org