Многу работи ќе ми останат во ум од ова интервју, еве само неколку извадоци
1. Нема оперативна пауза, дури кога изгледа дека ништо не се случува, ние ја уништуваме руската војска и опрема, на пример во североисточен Херсон откако го пробивме фронтот и потоа руската армија ја скрати линијата на одбрана и не се поместуваше многу, ние уништивме 70% од војската и 90% од опремата, затоа и мораа да се повлечат.
2. На прашањето што ве изненади досега во војната, одговори со оглед дека бил планер на артилерија, нешто што ќе му остане во меморија е нападот на Попасна во летото, имал видено силни артилериски напади и порано на пример во 2015 година, но ова што се случувало тогаш било дожд од артилерија, ракети и авијација, со се што имале русите ги нападнале.
3. Русите немаат проблем со авиони, затоа ние треба да ги убиваме руските пилоти, затоа што немаат доволно лудаци да летаат кон нас. Многу од нив одбиваат да одат во мисија во Украина, затоа напаѓаат од толку далеку.
4. Крим е засега завршена приказна. Живеев таму и знам дека луѓето се навикнаа на животот во Русија и сакаат да бидат во Русија. Впрочем Путин буквално ги купи со 6 пати поголеми плати и пензии. Ќе се вратат во Украина само ако Украина стани подобра држава за живеење од Русија.
5. Путин е свесен за се и лично го нареди повлекувањето од Киев и од Херсон, за да не се случи огромна катастрофа. Путин нема да направи целосна мобилизација тоа е темпирана бомба што е прашање на време кога ќе му пукне во лице, и нема ни потреба да го прави тоа, затоа што дури и да ја изгуби војната нема да падне од власт.
И ај доста е, другото ако ве интересира слушајте го сами