Имам проблем со крварење на непцата.
Бев на чистење заби пред две недели, беа добри некој ден но повторно почнаа, преку ноќ најмногу, од страната на која лежам, пропратено со некоја нелагодност на непцата.
Немам расипани заби, немам камен, чисти се забите.
Заболекарот ми рече дека ми биле набиени забите и измеѓу се стварале некои џебови кои збирале крв, и крвареле.
А и така се осеќа, како да имам нешто.
Сега треба за некоја недела пак да одам на чистење, не ми е проблем да одам на секои три месеци но измеѓу тие чистења да нема проблем ми е битно.
Редовно ги мијам, и ги чистам со конец но џабе.
Од проблем со забите имам само еден чуствителен заб кој не е за поправање, а и не крвари непцето околу него.
Има некој лек за ова?
Моментално користам Лакалут со витамин Ц и б12 мислам дека е пастата.