СП 2022 Катар - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Какво лесно пуштање на Французиве, од прва секунда се знаеше дека нема да одат на победа.
 
Не ми се верува како вака слаба репрезентација отиде во 1/8 финале. Колку и да се мртви Данците, а се, мислев дека ќе направат нешто денеска.

Сега би сакал Саудиска Арабија да помине, но не верувам дека можат, мислам дека против Полска ја пропуштија шансата за нокаут фаза.
Како тоа знаеш дека се мртви Данците а очекуваше да направат нешто ??
 
Данциве фалеше и да се издрадуваат што испаднаа. Никаква емоција, жар, борбеност не покажаа цело првенство. Мислиш дојдени беа на некој летни припреми па што побрзо дома да си отидат.
 
Како тоа знаеш дека се мртви Данците а очекуваше да направат нешто ??

Австралијците ги сметав за полуаматери, затоа. Данците да се извадат заради поголемиот квалитет, на потег нешто.
 
Данциве фалеше и да се издрадуваат што испаднаа. Никаква емоција, жар, борбеност не покажаа цело првенство. Мислиш дојдени беа на некој летни припреми па што побрзо дома да си отидат.
Па нели сакаа да се откажат заради старата со Лгтб, исто и претходно револтирани биле дека корумпирано првенство во Катар.
Автоматски споено мислење:

Австралијците ги сметав за полуаматери, затоа. Данците да се извадат заради поголемиот квалитет, на потег нешто.
Не знам оти викате полуаматери, ако не играат во топ 5 лигите не значи дека се аматери. Затоа е првенството, ќе изникни некој играч и ќе си направи трансфер во Европа.
 
Данска ко за инат беше дојдена на турниров. Прво замараа со дресовите, демек такви невидливи и спонзор и амблем у чест на жртвите што никој не ги спомнува и гледа. После почнаа да квичат за виножитата.

Ај мрш у пичку матер, состав без харизма, без емоции, без ништо. Не знам како ги најдовте за интересна екипа.
 
Не знам оти викате полуаматери, ако не играат во топ 5 лигите не значи дека се аматери. Затоа е првенството, ќе изникни некој играч и ќе си направи трансфер во Европа.

Така ми делувале, затоа. А дека ќе изникне некој, не знам баш, ги гледам по години, повеќето се околу триеска. Плус денес нема веќе анонимни фудбалери, сите се добро скаутирани уште во младински категории. Тоа "изникнување" се случувало пред неколку децении.


Како и да е, секоја чест, поентата е токму во тоа како репрезентација да се надминат, да бидат подобри, да пронајдат начин да ги сокријат слабостите. Им успеа и поради спора, стерилна и неинвентивна Данска. Австралија го играше само тоа што и можеше на оваа првенство и успејаа иако се меѓу три до пет најслаби репрезентации да изборат 1/8 финале.
Автоматски споено мислење:

Не знам како ги најдовте за интересна екипа.

Спори, неинвентивни, Данците се меѓу најдосадните репрезентации во Катар. Нападот им е лош, просеци или таленти застанати во развој.
 
Откако пратам СП, ова е дефинитивно најслабата генерација со која Австралија настапила.
Во првиот состав денеска против Данска играа со голман кој брани за Копенхаген. Одбраната составена од двајца играчи кои настапуваат во просечни тимови од Шкотското првенство - Данди Јунајтед и Хартс, еден кој игра за Стоук во Чемпионшип и еден од МЛС.
Одиме понатаму, во средина играч на Селтик, еден од втора Бундес лига и двајца од домашно првенство. Нападот го сочинуваат играч на јапонска Окајама и играч на Мидлзброу. На клупа шта речи. Пола од доманшно првенство, еден од Верона, еден од Бреша и уште два-тројца од Шкотско првенство.
Реално, алал нека им е. Особено ме радува кога вакви комплетни аутсајдери имаат две победи а екипа составена со играчи кои играат исклучиво во Топ 5 лигите едвај еден бод и само еден гол постигнат. Тоа е магијата на Светското првенство и зашто е најтешкиот трофеј за освојување. Данска засега најголемо разочарување.
Овој Сутер од Стоук одигра докторска партија во одбраната.
Огромно изненадување е ова, очекував лагано да бидат заковани на дното во групата, посебно по дебаклот со Франција.
Секоја чест како се вратија и ги одиграа овие две средби, сосема заслужено ја поминаа групата.
 
Кој ќе заврши прв во групата Ц има големи шанси да стигни до полуфинале, сега лесен пат не постои оти видовме дека сите знаат да изиграат фудбал ако им е денот ама сепак.
Кој циркус ќе биди Саудиска тоа да го направат :ROFLMAO:
 
Да се играше во Бразил или Аргентина немаше да има толку многу нивни фанови на стадион. Сите градежници во Катар се за нив.
 
Помини, замини, се преку Меси. Топка во празно, исто за Меси.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom