Тајни Служби во Македонија

Член од
21 мај 2021
Мислења
710
Поени од реакции
1.518
Црноризец имаш ли нешто за некоја контраразузнавачка или анти-терористичка операција на нашиве тајни служби во државава?
Порано многу се интересирав за овие работи,ама многу ретко наоѓав информации за вакви операции.
Обично се што пишува за македонскиве тајни служби е поврзано со скандали,корупција и такви глупости.Многу малку има за оној професионалниот дел кој совесно и професионално си ја извршува работата.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Црноризец имаш ли нешто за некоја контраразузнавачка или анти-терористичка операција на нашиве тајни служби во државава?
Порано многу се интересирав за овие работи,ама многу ретко наоѓав информации за вакви операции.
Обично се што пишува за македонскиве тајни служби е поврзано со скандали,корупција и такви глупости.Многу малку има за оној професионалниот дел кој совесно и професионално си ја извршува работата.
Имам ќе дојдат на ред и тие случаи во скоро време.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Случајот каде познатиот Мола Сула решавал политичките односи на Југославија и Кувајт и објаснување околу тоа.

Оној поранешниот главен лик на Ивз веќе спомнатиот Мола Сула бил поврзан со Удба во деведесетите, поточно со оперативците Никола Илиевски и Киро Фузевски и они го одбележале како Црни а поради соработката често оделе во куќата на Мола Сула во Рашче, кон крајот на седумдесетите пред смртта на Јосип Броз Тито, Кос го испратила Мола Сула во Кувајт за да има разговор со извесни професори, имал лет преку Белград, но пред тоа кај него дома отишол Горан Субашиќ и му се претставил дека е некој историчар кој работи во секторот на Кос за надворешни работи, тогаш Мола Сула бил испратен за да ги рашири дипломатските односи на Југославија со Кувајт поради некоја намера на службите.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Терористички напад на Водици во Охрид.

Според одредени извори некаде 2015, 2016 година или уште поодамна во Охрид за празникот Водици бил спречен масакр планиран да биде извршен на место каде масовно се собира народот, била фатена група со оружје и експлозив во стан, само неколку часови пред да го извршат нападот, благодарение на пријавата во Мвр на некоја повозрасна жена на која терористите и биле станари во станот кој го издавала, зошто во медиумите не го изнеле случајот никогаш досега и каде завршиле уапсените терористи останува мистерија, ако знаете нешто повеќе за оваа акција надополнете посебно интересна е зошто ја зачувале во тајност засекогаш.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Вистината за терористичкиот напад во Диво Насеље и објаснување на работите што се зборуваа во јавност.

Кога го припремале "Диво Насеље" месеци претходно терористите имале собири во Тетово, Куманово, Скопје, најголем бил тој во Тетово со над четиристотини луѓе а од Македонија само еден и се приклучил на групата, преживеан бил и во затвор со тајфата, што значи малкумина им верувале на Бег Ризај и Мирсад Ндрецај на собирите, веројатно знаеле дека се рекетари и претпоставувале дека се е организирано за голема сума на пари, инаку договорот паднал преку извесен Арбен од Убк по барање на Сашо Мијалков, интересно е тоа што претходно им нуделе пари и на некоја група од Скопје која ги одбила, меѓудругото штом биле толку масовни собирите и траеле со месеци во повеќе градови организирани сигурно дознала службата дека нешто се подготвува, тоа е повеќе од јасно во овој случај.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Ковачки: Oперативци на АНБ цел ден биле во Прилеп за време на посетата на Мицкоски
од Fokus 03.11.2022

 
Член од
19 мај 2014
Мислења
140
Поени од реакции
59

(7) Операторите треба да обезбедат лицето чии комуникации се следат или друго неовластено лице да не забележи каква било промена во квалитетот на комуникациската услуга која може да биде предизвикана со спроведување на мерките за следење на комуникациите. Функционирањето на следената комуникациска услуга треба да остане непроменето за лицето чии комуникации се следат.
(8) Операторите треба да обезбедат иста или поголема сигурност и квалитет на следената комуникациска услуга од сигурноста и квалитетот на комуникациските услуги кои му се овозможени на лицето чии комуникации се следат.

Од друга страна пак, колку виндовс-и и микрософт-оффис пакети се инсталирани од замундата и пајрет-заливот, при достапност на добро-познати дури опишани во книги техники (Rootkits: Subverting the Windows Kernel: Subverting the Windows Kernel ; The Rootkit Arsenal: Escape and Evasion in the Dark Corners of the System, ...) страв да те фати, ниту Св. Св. Петар не помага.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Интересен текст превземен од ФБ:
... Младиќ е поставен за командант на Скопската армиска област. Кога избија војните во Југославија, Младиќ беше прекомандуван во Босна. Неговите злодела таму се добро познати.

.........................
За да бидеш командант на армиска област во покојната СФРЈ требаше да бидеш генерал. Ратко Младиќ војната во Југославија ја дочекува како командант на Книнскиот корпус, со чин полковник. Генерал станува за време на војната во Босна. Командант на Третата Армиска Област со кого претседателот Глигоров преговараше за мирно повлекување на ЈНА од Македонија беше генерал Кукањац а подоцна во таа игра влета генерал Благоје Аџиќ, како што ме служи сеќавањето.
ЕДИТ: Кукањац го прекомандуваа во Босна кадешто беше актер во сплетката околу апсењето на Изетбеговиќ и размената на заробеници Изетбеговиќ-за-Кукањац при самиот почеток на војната во Босна. На Македонија ѝ го увалија Благоје Аџиќ со кого Глигоров продолжи да разговара...
Автоматски споено мислење:

Screenshot 2022-12-05 at 11.21.15 PM.png

Screenshot 2022-12-05 at 11.14.28 PM.png Screenshot 2022-12-05 at 11.21.15 PM.png Screenshot 2022-12-05 at 11.14.28 PM.png
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.703
Главен во преговорите со Глигоров беше Аџиќ, кој беше дел од тврдокорното српско крило во ЈНА...вероватно лојален на Милошевиќ, кој бат д веј порано бил тесно поврзан со....

37860279_2067968029945207_1972841687810048_n.jpg
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Главен во преговорите со Глигоров беше Аџиќ, кој беше дел од тврдокорното српско крило во ЈНА...вероватно лојален на Милошевиќ, кој бат д веј порано бил тесно поврзан со....

Прегледај го приврзокот 357671
Еј! Оваа слика ќе ја печатам на леток и коа ќе се прави муабет како тоа со Ротшилдови е теорија на заговор, ќе им ја извадам сликава... Слобо претставник на Југобанка во Њујорк...
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Главен во преговорите со Глигоров беше Аџиќ, кој беше дел од тврдокорното српско крило во ЈНА...вероватно лојален на Милошевиќ, кој бат д веј порано бил тесно поврзан со....

Прегледај го приврзокот 357671
За генерал Б Аџиќ, поверојатно е дека бил лојален на нацијата на која служел- како преживеан од усташките злосторства против Србите во Херцеговина- отколку на режимот на Слобо.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.611
Поени од реакции
3.723
Главен во преговорите со Глигоров беше Аџиќ, кој беше дел од тврдокорното српско крило во ЈНА...вероватно лојален на Милошевиќ, кој бат д веј порано бил тесно поврзан со....

Прегледај го приврзокот 357671
А како и не би бил поврзан со...како инаку ќе станеше прецедник, ако не бил поврзан со белосветските банкари, за кои веќе не е тајна дека се мноооогу влијателни во одлуките за тоа која фаца ќе стане висок политички функционер.

Милошевиќ е „увезен„ во СФРЈ/Србија од САД, а ако ѕирнеме малку пошироко, ќе видиме дека и Тупурко беше увезен од САД, дека и Тито беше „увезен„ од СССР, дека Ленин беше „увезен„ од Швицарска во Царска Русија, Хитлер беше „увезен„ во Германија од Австрија...

Основани се сомнежите дека Слобо у ствари бил Американски чо‘ек...

Се работи за шема, во која секој е од некаде „увезен„ и насаден на политичка функција...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.952
Поени од реакции
14.703
Тврдокорен генерал беше, со цврст став против распаѓањето на ЈНА
За време на распадот на ЈНА, србите во војската јавно ги изразуваа своите големосрпски мисли, така што на писта среде касарна јавно ја пееја ,од тополе до тополе па до Равне горе,, без влакно да им фали
Македобец или србин тоа ако направеа ќе одеа на војни суд

ПС.иначе лично сум ги видел и Аџиќ, и Кукањац и Антон Тус....само Кадијевиќ не
 

Kajgana Shop

На врв Bottom