Се враќаме на уште побетер од студената војна.
И не се химарсите тие што пореметија математики, туку логистиката: сателити, дронови, шпиунажа, прислушкување и сл.
Верувам дека ќе се кошкаат и на ова поле во иднина, има доста простор за хакерите од по Русија, а уште појако е што пола од нив работат на системи за американците. Ако ги притисне троа државата за соработка, ќе биде циркус.
Инаку грешка си за односот на Украинците и Русите.
Сум имал прилика да работам/соработувам и со двете страни, со Украина имавме дури и размена на студенти, и толкава омраза како таа на Украинците према Русите не сум видел кај ниту еден друг народ (евентуално Латвијците, имав колешка од таму, типката беше мажена за Казакстанец, да и дадеше копче од каде би лансирала нуклеарки кон Русија, немаше да мисли ни пола секунда пред да го притисне, вриеше кога ќе се спомнеше Русија).
Инаку се имам заебавано со: Срби, Шипци, Хрвати, Босанци, Грци, Бугари, Ирците наспроти Англичаните, ама буквално никаде не се имам осетено дека особата наспроти мене ќе скокне и ќе ме задави за тоа што го зборувам, како кога им реков на Украинците дека зборуваат Руски, и тоа пази, млади луѓе од по 20-30години. Првиот пат мислев дека сум налетал на националист, после неколку години се обидов и со втора особа, и тоа не само во поглед на јазикот, туку и дека се доста слични како народ, бла бла, да не требаше да одговара ќе ме свирнеше без око да и трепне, вриеше.
Само некој што не ги запознал може да мисли дека овие можеа да живеат повторно на иста територија, или дека Русија би сакала да ги освои тотално.
Пре би рекол дека и одговара да им ја разруши државата, да ги принуди да избегаат од таму и да ја остави територијата така со некаков договор кон НАТО дека ќе бидат неутрални, отколку да ги земе кон себе.