Гакпо не ме импресионирал ни мене ништо посебно за да ни биде главен напаѓач. Ама еве и да биде "quick fix" зимава за шпиц, мислам дека бар има доволно квалитет да биде солиден squad player од наредна сезона.
Не знам која би била цената, ама реално веќе 3-40 милиони не се ништо посебно во фудбалот. Екипи што се борат за опстанок фрлаат по толку пари на играч.
А уште еден напаѓач мора да земеме. Добро, освен Депај, ако доаѓа тој, подобро никој да не дојде. xD Главен шпиц во Јануари тешко, па многу веројатно ќе се бара некој што ќе покрие до крај на сезона, па ќе биде измена наредна сезона.
Не знам кои ни се опциите тука, еве Тони многу веројатно ќе биде казнет, Митровиќ е топ играч ама не е за во нашиот систем. Мада би дошол добро против екипи што се бранат и јас искрено би го земал. Оној Шешко е дете, неможеш да се потпреш на него. Други искрено и не ми текнува, евентуално некој ветеран ама и тој ќе црпи голема плата, а нема да е од корист долго време, Гакпо барем е млад.