Најдов постар случај каде се спомнуваат Оливер Петров Оли и Ефимија Таневска Ефче како обвинети за сериозно дело.
Убава си како срцево што ти го подарив
Време / 11.08.2004
КАКО ЗАВЕДУВАЛ ПРАТЕНИКОТ СТОИЉКОВИЌ Ефинија Таневска (19), ќерка на сопартијката на Иван Стоиљковиќ, вчера во скопскиот Основен суд 1 сведочела на судењето против нејзината мајка Снежана Таневска, нејзиното момче Оливер Петров и неговиот другар Енцо Тутели, обвинети дека го тепале претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија. Таневска пред кривичниот совет потврдила дека пратеникот Стоиљковиќ и се умилкувал подолго време. Таа дури опишала ситуација во која Стоиљковиќ на српски јазик и рекол: „Убава си како срцево што ти го подарив“. Според изјавата на девојката, тоа се случило по завршувањето на кампањата за претседателските избори годинава, во штабот на СДСМ во скопската населба Карпош. Таму била организирана забава. Во еден момент на свеченоста во кујната од просториите, Стоиљковиќ ја начекал девојката додека била сама. Сепак, Таневска пред судот рече дека по љубовните изјави на пратеникот успеала да се извлече од просторијата и да побегне од него. По нејзиното сведочење, рочиштето беше одложено за сослушување нови сведоци. На минатото рочиште кривичниот совет и ја укина мерката притвор на Снежана Таневска, која е осомничена како нарачателка на тепањето. Според обвинителниот акт, Оливер Петров и Енцо Тутели се товарат дека во почетокот на јули годинава го тепале пратеникот и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, пред седиштето на партијата во центарот на Скопје. Двајцата обвинети насилници во полициска станица изјавиле дека физички го нападнале Стоиљковиќ бидејќи тој и се умилкувал на ќерката на неговата сопартијка Снежана Таневска, која му била девојка на Петров. Откако за овој случај беше завршена истрагата и беше покренато обвинение, претседателот на скопскиот Основен суд 1, Боро Тасевски, предметот му го доделил на судија што во моментот бил на годишен одмор. Откако го сторил тоа, и Тасевски наредниот ден отишол на годишен одмор. Републичкиот судски совет неколку дена потоа на седница оценил дека Боро Тасевски со тоа го прекршил Законот за кривична постапка. Покрај ова, РСС заклучил дека била направена грешка и со тоа што им бил продолжен притворот на тројцата обвинети. По ова, од РСС контактирале со Јованка Никодиновска, заменичка на Тасевски, и и препорачале да постави друг судија. На крајот на јули годинава, со одлука на Никодиновска беше назначен нов судија за случајот со тепањето на пратеникот Стоиљковиќ. РСС одлучил дека Боро Тасевски, претседател на Основниот суд Скопје 1, со своите одлуки го прекршил членот 60 од Законот за судови, со тоа што притворски предмет му доделил на отсутен судија. Реакцијата на РСС, според изјавата на претседателката на Советот Ленче Софрониевска, следувала по објавувањето на серијата текстови за овој случај во „Време“.
Кога не успеа милум Стоиљковиќ се обиде силум
Дневник / 11.08.2004
ДЕВОЈКА СВЕДОЧЕШЕ ПРОТИВ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДПС Жртвата тврди дека пратеникот ја затворил во кујна додека биле на забава и барал да спие со неа со зборовите: "И така не ти е прв пат" Иван Стоиљковиќ прво ја затвори вратата од кујната, а потоа ме притисна врз неа. Побарав да ме пушти, а тој ми рече да не се противам оти "и така нема да ми биде првпат", рече ќерката на обвинета Снежана Таневска вчера во скопскиот суд. Мајката се товари дека го нарачала тепањето на пратеникот Стоиљковиќ. Девојката сведочеше дека претседателот на Демократската партија на Србите почнал да ја штипка и да и намигнува уште за време на парламентарните избори пред две години, но оти таа не го сфаќала сериозно. Работите се вжештиле кога Стоиљковиќ изразил желба да и го закачи изборниот беџ на коалицијата "Заедно" во облик на светлечко срце со зборовите: "Убава си како ова срце што свети, дај да ти го закачам". Девојката повторно го видела пратеникот на една забава на последните претседателски избори. - Отидов по сок од фрижидерот, кога зад мене се појави тој. Ме држеше и ми зборуваше вулгарни работи. Некако успеав да излезам и веднаш ја напуштив забавата. По неколку дена почна да ми се јавува на мобилен телефон. Се јавуваше од непознати броеви. Ме викаше да појдам со него за да му го разубавам друштвото - изјави ќерката Ефимија Таневска. Според верзијата на девојката, за проблемот со Стоиљковиќ му кажала само на своето момче Оливер. Тој и рекол да не се нервира и да го одјави мобилниот и оти тој ќе разговара со него. Пратеникот Стоиљковиќ вчера во судницата не ги препозна тепачите. Тој негираше дека ја познава ќерката на обвинетата и дека и се јавувал на телефон. Пратеникот изјави дека немал недоразбирања со Снежана Таневска. Ниту двајцата сведоци на одбраната не ги препознаа обвинетите Оливер Петров и Винченцо Татули. Тие виделе дека двајца го тепаат пратеникот, но не можеле да ги препознаат поради гранките на дрвјата. Оливер Петров и Винченцо Татули се обвинети дека на 3 јули, пред седиштето на партијата, во центарот на Скопје, го претепале претседателот на Демократската партија на Србите Иван Стоиљковиќ. Третообвинета е Снежана Таневска, негова сопартијка, која е посочена како нарачател на тепањето. (И.Ш.)
Судскиот спор на Стоиљковиќ се претвара во љубовна драма
А1 / 10.08.2004
18-годишната Ефимија Таневска, денеска во судот го обвини пратеникот Иван Стоиљковиќ дека непристојно и се умилкувал, употребувал вулгарни зборови и и се јавувал на мобилен телефон. Оваа изјава е дадена во судски спор против нејзината мајка Снежана Таневска, која е обвинета дека го нарачала тепањето на сопартиецот Иван Стоиљковиќ, кое се случи пред еден месец пред седиштето на ДПС. Обвинетата Таневска видно вознемирена од сведочењето на својата ќерка, рече дека дури сега дознала што навистина се случувало. „Тоа што го кажа мојата ќерка мене ме шокираше, тоа се работи кои не сум ги знаела. Ни на крај на паметот не ми паѓаше дека такво нешто може да му се случи на моето девојче“, изјави Снежана Таневска. Според адвокатот на оштетениот Стоиљковиќ, сведочењето на Ефимија Таневска нема врска со вистината. „Нема никакви докази за нејзините тврдења, се работи за еден предизборен митинг, во кој оштетениот има држено говори и немал никакви контакти со сведокот, така што се е лага“, изјави Жика Стоиљковиќ. Пратеникот Стоиљковиќ, денеска во судот изјави дека не ја познава ќерката на Снежана Таневска. Обвинети во овој случај, покрај Таневска, се и момчето на Ефимија, Оливер Петров и неговиот пријател Винченцо Татули, како извршители на нападот врз пратеникот. Тогаш Стоиљковиќ заврши во болница со тешки телесни повреди, а обвинетите уште истиот ден беа приведени од страна на полицијата.
КАКО ЗАВЕДУВАЛ ПРАТЕНИКОТ СТОИЉКОВИЌ Ефинија Таневска (19), ќерка на сопартијката на Иван Стоиљковиќ, вчера во скопскиот Основен суд 1 сведочела на судењето против нејзината мајка Снежана Таневска, нејзиното момче Оливер Петров и неговиот другар Енцо Тутели, обвинети дека го тепале претседателот...
time.mk