Криминалци и криминални групи во МК

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.298
Поени од реакции
5.873
koj se privedenite dali znae nekoj
За убиството на Камер Идризи мислам дека се уапсени Гани Туша и Блерим Даци ликовите ги спомнаа пред скоро време на темата, туку многу касни акцијава им се спремаа од кога се случи убиството на Јонуз Идризи инаку овие што се во бегство на Косово под заштита на Агим Красничи познатите Ариф Кока и Бедри Бериша ќе си почекаат за нивно апсење изгледа, за Аќиф Јусуфи и Бурим Сулејмани се уште немаат докази најверојатно, а возилото со кое се извршени делата иако го имало на камери го држат во тајност досега.
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.298
Поени од реакции
5.873
Наркобосот чиј двор во Истанбул го прекопува полицијата по дојавата дека има закопано тело немал еден, туку два македонски пасоши
СВЕТ 09.11.2022 / 16:32

"Турската полиција објави видео од куќата на припадникот на Кавачкиот клан, Жељко Бојаниќ (56) од Котор, под сомнение дека го извршил убиството на Ристо Мијановиќ (33) од Шкаљарскиот клан , а телото го закопал во дворот од неговата вила.

На снимката се гледаат неколку дупки ископани во дворот на вилата, како и целата луксузна населба снимена од птичја перспектива.Но телото не е пронајдено.

Истанбулската населба Саријер е наменета за богати луѓе кои можат да си дозволат луксуз, а меѓу нив беше и Бојаниќ, кој продолжи да се занимава со криминални активности во луксуз, поради што од 2016 година е на листата на барани лица на Интерпол како еден од 45-те најбарани криминалци од Европа.

Како што е утврдено, Бојаниќ влегол во Турција со фалсификуван пасош на име Јордан Анделев Белчев и го користел прекарот Борис. Двата пасоши се на Република Македонија.

Жељко Бојаниќ, Милан Миловац и Петар Чошиќ, најблиските соработници на Дарко Шариќ, најголемиот наркобос на Балканот, од 2019 користат македонски пасоши со украден идентитет. Бојаниќ имал дури два македонски пасоши, еден на име Спиро Аговски и втор со име на украден идентитет на Јордан Белчев.

Црногорските медиуми го прогласија за најбараниот криминалец во Европа. Една од меѓународните потерници по него беше издадена од Интерпол на Словенија за трговија со дрога. Сепак, на 8 јули 2019 година Бојаниќ добива македонски пасош со украден идентитет на Спиро Аговски, а два месеци подоцна, на 25 септември, му бил издаден уште еден македонски пасош со украден идентитет на име Јордан Белчев. На два пати, Бојаниќ во некоја од канцелариите на управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи се фотографирал, оставал отпечаток на прст и добил два пасоши со две различни имиња. Дури на 2 март 2021 година е откриен неговиот вистински идентитет.

Жељко Бојаниќ беше еден од најдоверливите луѓе на Дарко Шариќ, познатиот балкански наркобос. Бојаниќ беше задолжен за транспорт на кокаин од Јужна Америка кон Европа со користење мегакрузери и перење пари од трговијата со кокаинот со вложување во недвижнини."

 
Член од
5 февруари 2019
Мислења
68
Поени од реакции
160
За убиството на Камер Идризи мислам дека се уапсени Гани Туша и Блерим Даци ликовите ги спомнаа пред скоро време на темата, туку многу касни акцијава им се спремаа од кога се случи убиството на Јонуз Идризи инаку овие што се во бегство на Косово под заштита на Агим Красничи познатите Ариф Кока и Бедри Бериша ќе си почекаат за нивно апсење изгледа, за Аќиф Јусуфи и Бурим Сулејмани се уште немаат докази најверојатно, а возилото со кое се извршени делата иако го имало на камери го држат во тајност досега.
Ne gledam nikade inicijali od spomnative
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.553
Поени од реакции
7.937
Гледам сеуште не е постирано интервјуто, кое е топ тема последните 2 дена :D
Томо Аврамски Мурто кај Васко Ефтов.

Во интервју со Диневски се кажа дека Богдановски бил донесен со дипломатска кола преку граница. Овој берофскиот труби со ладњача во студена војна од франција преку романија???

Од кога тресна таква глупост, се што кажа му се зема со резерва.

Шлапотало
 
Член од
8 јануари 2022
Мислења
82
Поени од реакции
238
Во интервју со Диневски се кажа дека Богдановски бил донесен со дипломатска кола преку граница. Овој берофскиот труби со ладњача во студена војна од франција преку романија???

Од кога тресна таква глупост, се што кажа му се зема со резерва.

Шлапотало
Како раководител на ДООМ во 1977 г. Богдановски е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на СДБ, во станот на друг член на ДООМ, и со дипломатско возило е пренесен во Љубљана, а подоцна и во Скопје. Со врзани очи бива одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што е под истрага 18 месеци. Судскиот процес против него е организиран зад затворени врати
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
21
Поени од реакции
25
Дајте нешто повеќе за интервјуто на Томо Мурто. Мене ми делува дека пола што кажува е искрена вистина а другата пола се шарени бајки. Мислење ?
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.080
Поени од реакции
2.040
Дајте нешто повеќе за интервјуто на Томо Мурто. Мене ми делува дека пола што кажува е искрена вистина а другата пола се шарени бајки. Мислење ?
Па ако имаш ти некои инфо шо се поточни и кој се шарените бајки добро е да ги кажиш?
Tој дудукот од Охрид /од Дпмне шо ги влечкал тие за двете миљарди точно го опиша (дека е глуп и незнајт ниеден странски јазик)и за средбата во хотел два бисера само шо ја згреши локацијата не е Пештани него Лагадин.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.298
Поени од реакции
5.873
Ноќни бркотници низ Куманово: Голем број маскирани лица нападнале младо момче, видео снимката ќе ви разјасни сè (ВИДЕО)

watch_later 15. НОЕМВРИ 2022. @ 13:42 timelapse 1 МИН.


На интернет секакви коментари се раширија за случајот од тоа дека е типична одмаздничка тепачка поради претходна закачка, па се до тоа дека се работи за криминална екипа со терористичка позадина ама ќе видиме што е вистината за брзо време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom