Само една препорака имам до Комити, нека земат едно ладно пиво, нека седнат еден ден и нека си ги разгледат навивачките изданиа пред инцидентот со Охрид минатава сезона и по инцидентот, групата не само што не ви напредува, туку стагнира а во некој работи оди назад.
Се поставија јаки темели на кои се оддржувате и за тоа секоја чест, но групата тогаш и сега ви се движи по тотално две различни траектории, погледнете си колку бевте јаки на секое поле пред тој натпревар, а каде сте сега на секое поле по тој натпревар, на тоа теренчето на ФФМ имавте изданиа од светски стил и бевте забележани на светско ниво, тие што сме правите у навивачките води знаеме многу добро, но после тој натпревар а посебно ова полусезона изданијата ви се некој просек балкански, ништо специално, дури голем број балкнски групи кои лани беа позади вас сега ве преткркаа.
И тоа гостување кое го тупате во Виница е добро за група од македонски калибар кое нема некој контиунитет или традиција, но за група од ранг на Комити е нормала со која ама воопшто не треба да се чукате во гради, туку напротив да ве стави во дилема каде одите како група и како од група од светски ранг паднавте во просечни балкански а како продолжувате со паметот ќе си се вратите со нас остантиве макгрупи.
Се согласувам делумно со тебе.
Вистина е дека наши членови претеруваат со споредување со моменталните состојби на другите македонски групи. Особено со боцкањата со Комити и 100 пати потенцирање дека сме биле први, па многу празни места, па Лозари, Рибари итн. Океј, олабавете малку и уживајте во моментумот.
Да, во моментов сме подобри од сите, ама нема потреба од константно потенцирање на тоа, треба да си го тераме филмот и да гледаме да напредуваме уште повеќе. Од друга страна, па и другите константно го потценуваат нашиот труд, очекуваат работи од нас кои реално се премногу за стандардот на нашата држава и состојбата со иселувањето од истата и спортот кој е на најнизок можен ранг. Имаат по едно добро издание годишно, не си ги погледнале своите групи, сцената мизерија, а сакаат ние да бидеме како Делије. Стојте малку. Од градовите во Македонија, 90% се изумрени со млади, нема повеќе од 5 активни групи истовремено (и од тие активни, повеќето само закачуваат знаме и имаат смешна бројка), нема ривалство, има константни забрани, не споредувајте со другиве Ју држави, кога кај нив е целосно поинаква пошироката слика.
На крајот од денот, второлигаши сме, ако ги споредите нашите континуирани изданија во втора лига, далеку сме подобри од некои српски групи кои навиваат во подолни рангови и сите дркате на нив.
Ти ја сфаќам поентата, Комити не треба да се мерат со другите навивачки групи од Македонија, туку со големите групи од соседството. Тоа е практично невозможно, од причините кои ти ги набројав погоре. Ѕвезда и Партизан се носат со најдобрите европски клубови, ние играме со Слога Виница, дерби ни е со Воска. Епа колку сакаш сакај си го клубот, не можеш да привлечеш поголема бројност со вакви противници. Нека игра Вардар во Европа една година (ама да не губи со 0-6) со поконкурентен состав, па ќе правиме муабет за нешто повеќе.
Не знам зошто си го одбрал гостувањето во Охрид за пресвртница?
И после тоа имавме одлични изданија. Со Охрид на Градски со новите мотки, Тетекс во Маџари имавме добро корео со ракијата, исто и со Тетекс и Кадино дома на ФФМ, со сите имавме пиро шоу.
Единствено со Беса не се навиваше поради Велигден и имавме релативно слаба бројка и немавме корео (имаше спртоиставени ставови дали да се навива или не). Со Силекс одлична бројка во Автокоманда.
Изданијата на ФФМ ти личат подобри дека трибината нуди можност за таков тип на кореографии, со спуштања од кров. Што кореографија ќе направиш во Автокоманда, освен по некое покривно знаме? И тоа не се гледа убаво, затоа што трибината нема косина.
Во Маџари имавме добра кореографија со Локомотива, одлична изведба, која за жал не може да се долови на видеото.
Летово беа нацртани милион графити и тоа огромни (голем дел од нив вистински уметнички дела), цело Скопје го обележавме.
Гостувања со онаква бројка како во Радовиш и Виница не може да направи ниту една група во државава на обичен неважен дуел, ниту пак некогаш можела. Со запоседнување на градот од порано, со корео на трибина. Ако ги тргнам настрана ФА кои имаа добри гостувања на бош утакмици, ниту еден не може да се пофали со такви гостувања, особено не во 2022, години и години после бумот во навивањето и големите полициски репресии кои го уништија навивањето.
Не знам што се очекува, дека 1000 луѓе ќе отидеме со Саса на гостување во случај кога превозот го покриваме сами? Саса е, спореди ги екипите каде што гостуваат групите со кои сакате да не споредувате. Видете ги стадионите каде што гостуваат и термините во кои гостуваат.
Идеите за корео се добри, тешко е да изведеш добро корео на стадионите на кои играме, скоро невозможно за да би не забележала некоја светска страна за навивање.
Бројката е таа на која шкрипиме, али толку се можностите...
Во групата се работи на ниво, се обидуваме да опфатиме различни работи како ширење на групата во други градови, паднато беше знаме на најголемиот противник, групата има единство, имаше обиди за напад на противнички навивачки групи, летово паднавме еден куп реквизити за време на летните изданија на Слога и Шкендија, организација за прослава на годишнина, константна промоција на нови песни, одличен маркетинг итн.
Ако барате ние да сме ко Делије или Гробари, потрудете се тогаш вие да бидете како Фирма, Манијаци, Мераклије, ХЗ или барем Таурунум или Плава Унија.
Тешко, нели?
Пример, во Струмица немате никакво активно навивачко движење. Тешко оди организација? Тешко оди, како што е тешко за вас да напреднете, така и за нас, безразлика колку има навивачки умови и слично.
Гледај ФА колку се трудат во моментот, па коллу се дааааалеку од негогашните изданија. Колку се смешни ЦПБ.
Пак ќе кажам, се согласувам дека како најдобра навивачка група треба да се споредуваме со други Ју групи, ама тоа ти е исто како да чекаш играч од Вардар да се продаде во Манчестер Јунајтед, само затоа што некој играч од Ѕвезда или Динамо направил таков трансфер.
ЕДИТ: Настрана од ова, сакав да додадам нешто и за она што ни се потсмевате кога зборуваме за членови во други градови. И Чкембари ете имале членови во сите градови. Ама ние тука не зборуваме за некои ваши другари од факултетески денови што попатно ќе ги соберете за дерби, зборуваме за луѓе кои стварно ќе го сакаат клубот и ако не се редовни на трибина, ќе го следат бар на стримови. Тие не знаат еден играч на Пелистер, не па да ги броите како ваши членови од други градови, дошле за провод и забава и за да осетат добро навивање со две навивачки групи. Со годиниве добивме членови кои одвреме навреме или редовно доаѓаат на запад. Да бројот нивен може да се изброи на една рака, ама постојат. Се дмеете за Велесизам. Дечкото секој викенд доаѓа од Велес до Скопје. Тоа се потрошени пари и време. Се смејат луѓе што во свој град, каде што стадионот им е на 5 минути, не одат на натпревари. Го спомнаа еден член од Гостивар. И он беше дојден со Воска. Изникна графит во Велес, графит во Берово, во секој град од источна Македонија децата сакаат да навиваат со нас, сакаат стикери и слично.
Не зборуваме за подгрупи, далеку сме од тоа, но добро е да имаме редовни членови од повеќе градови. Како сакаме да имаме подгрупи кога до вчера во секој град фрлавме со дрвја и камења, пцуевме се живо и диво. Таа глупост мора да се исправи, ако сакаме да одиме напред.