Здравството кај нас

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.934
Поени од реакции
8.572
Taka e Kadaifce, potpolno si vo pravo.....no, vo Makedonskoto zdravstvo, na golema zalost, postoi edno nepisano pravilo, a toa e:
Koga nekoj doktor ke stekne slava, koga ke go "bie" dobar glas deka e strucen, iskusen, so golema brojka na super izleceni pacienti, togas toj u pored platata sto si ja dobiva, ima "pravo" da bara mito, da si stavi i negova licna tarifa plus, nadoknada dadena u pari vo plik........site nie znaeme koj doktor kolku pari zima mito, ama site vo ime na zdravjeto i makata, neli koga imame zort ili se raboti za bliska sakana osoba, im davame i im se klanjame ko da se bogovi.
Strasno e sto oni i mislat deka se bogovi, stanuvaat vrkoholici, nenasitni, alcni, no samo za poveke pari a ne od sto se humani i pozrtvuvani.....toa trae se dodeka ne napravat nekoj kiks i im padne slavata.
:toe:
За тоа се одговара кривично по повеќе закони.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.606
Поени од реакции
37.544

...народот го храни митото кај докторите, сите се со наведната глава пред авторитет од неговото име, а не од стручноста, секогаш нашироко и брзо се шири успешноста на терапија и лечење кон пациенти, ама и вешто се прекрива и нивните фатални и банални грешки што земја ќе покрие и никому ништо ,,така било пишано,, за тие пациенти.
...и колку да е познат, успешен, експерт ниеден не би зел однапред нешто од пациентот или би го условувал по трето лице, но после успешноста на лекувањето тогаш може да прима подарок како благодарност од пациентот ееее тој е вистински професионалец, све друго се фушерај и чакали само за пари.
Samo vo Mk ne e taka :toe:..ako go prijavis,doktorot za mito, ke si ostanes neizlecen.
...а што мислиш во Германија не земаат, само се подискретни и идат по трето лице, за време на пандемија посебно се опуштиле во ,,подмачкување,, ако се сака да се гледа подобро пациентот.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.934
Поени од реакции
8.572
...а што мислиш во Германија не земаат, само се подискретни и идат по трето лице, за време на пандемија посебно се опуштиле во ,,подмачкување,, ако се сака да се гледа подобро пациентот.
Направи ти такво нешто во Германија, ќорка од двоцифрен број години не ти бега!

Ако сакаш биди и најбогатиот германец, џабе ти е.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.285
Поени од реакции
22.980
Истовремено крв да плукаат, мочаат и серат тие кои го смислија новиот начин на препшиување лекови. :popce:
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.285
Поени од реакции
22.980
...барем кажи ја причината!
Сега треба кај секој рецепт да се пишува датум на препишување на лекот и шифрта на извештајот ако е лек со препорака а за сите лекови мора да бидат напишани точно колку ќе трае терапијата. Не знам добро да објаснам али ај еве пример ако препишуваш лизиноприл и пишуваш 3х1 тогаш секоја рецепта треба да ја пишеш за 10 дена зошто за толку дена ќе трае кутијата. Тоа е бидејќи најчесто имаат по 20 таблети во кутија АКЕ инх, како скоприл па затоа 3х1 кутија ќе има пациентот за 10 дена. Арно ама ирумед е исто лизиноприл кој има 30 таблети и горе математиката не одговара. Антибиотиците максимум можат да бидат препишани за 8 дена али океј тоа не е проблем, проблем е што врска неам колку апчиња има секој лек во кутија, пример вчера препишував венлафаксин 3х1 и иди барај по Гугл и јавувај се по аптеки да дознаеш колку таблети има во едно пакување за да напишам колку точно денови ќе трае терапијата за секоја кутија посебно.

Наместо да се поедноставува системот тој се повеќе се комплицира, наместо да те ослободуваат од глупости, да прошируваат дијагнози за лекови или воопшто да ги укинат зошто ретко кој специјалист е запознаен со фактот дека секој лек си има свои дијагнози и треба да ги пишуваат тие а не да ставаат аторис на i10, системот те кочи максимално и на крај пациентите се тие кои го "кркаат" на крај.

Патем ид 01.11 ќе биде системот воведен официјално и сите препишани рецепти кои биле по стар систем ќе бидат неважечки (буквално сите хронични), во превод цела држава наеднаш ќе навали кај матичните лекари да им се препише нова терапија кои пак сега ќе треба да бројат таблети по кутии и да бараат извештаи по мој термин или во купот хартија кој е во картонот за да го пишат бројот и датумот и на крај во аптека каде ако матичниот утнал бројка ќе мора да ги вратат на корекција.
 
...но сега се електронски рецепти, не се пишуваат рачно, зарем не се меморира претходната терапија од минатиот месец на хроничниот болен со се дијагноза? но кај да е ќе се укинат и тие електронски рецепти за хронични болести.
...и да те дополнам, не само што треба да се внимава на количина во пакувањето туку и формата на лекот една генерика на пример diklofenac od 75mg како ,,Rapten duo,, е во форма на филм таблети, а иста генерика ,,Naklofen duo,, е во форма на капсули, што не е свеедно при пациенти со гастрични тегоби, а ако истите се препишат на пример на 26 ти од месецот и ете ако од Х причини не се може да се подигнат или најдат лековите по аптеките, рецептите ќе пропаднат и не може да се подигне после пет дена зошто веќе е друг месец иако се работи за лекови за хронични болести.

Но,
сето ова е добро осмислено да функционира, но не е довршено нема ,,затворен круг,, матичен лекар во примарно, мој термин во секундарно и ,,матична аптека,, за подигање на терапија повторно се затвора кругот во примарно здравство.

...како би требало да биде ?
пациентот ќе ги подига лековите од позитивна листа (Фонд) само во матичната аптека како што ќе му бидат препишан од матичен лекар кој компјутерски ,,ќе влезе,, во матична аптека и ќе има преглед на сите лекови од позитивна, форма, јачина, количина исто како матичниот има увид во слободни ,,мој термин,, на специјалистите во секундарно здравство.

...матична аптека автоматски му припаѓа на пациентот таа која е во негова близина на живеење и таа е должна да обезбеди лекови за сите ,,свои пациенти,, зборуваме само за лекови на позитивна листа што велиме ,,иде на рецепт,,, е тогаш нема да постојат електронски рецепти за хронични болести освен за акутни состојби, со што се ослободува и матичниот лекар од оптоварување на месечно препишување, а и пациентот да трча по аптеки, неговата ,,матична аптека,, ќе му се јави и ќе му рече ,,да дојдете да си ја подигнете месечната хронична терапија,, која е во интерес на неговата МАТИЧНА аптека да ја издаде за да земе ,,капитација,, од ФЗОМ за услугата.
...значи во примарното здравство од кога се приватизира од 2005 година постојат матичен лекар, матичен стоматолог, матичен педијатар, матичен гинеколог, но не се оформи матична аптека и затоа хаосот.
П.С.
...ако те интересира зошто сеуште не е така, можам да допишам!
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.285
Поени од реакции
22.980
...но сега се електронски рецепти, не се пишуваат рачно, зарем не се меморира претходната терапија од минатиот месец на хроничниот болен со се дијагноза? но кај да е ќе се укинат и тие електронски рецепти за хронични болести.
До сега не се пишуваа датумите и броевите на извештаите ниту точната количина и деновите на траење на терапија, овие последниве две се најголем проблем. Пример за пациент со Е03 и со I10 рецептата иде вака:

Стар систем:

Левотироксин 50мг 1х1 [факсимил на специјалист] [количина = 1] [месец/и = 2]
Левотироксин 100мг 1х1 [факсимил на специјалист] [количина = 1] {месец/и = 1]

Сега ќе биде:

Левотироксин 50мг 1х1 [факсимил на специјалист] [количина = ???] [месец/и = ...] [датум на извештај] [број на извештај] [денови = 20]
Левотироксин 100мг 2хнеделно [факсимил на специјалист] [количина = 1] [месец/и = ...] [датум на извештај] [број на извештај] [денови = 6]

........................................................................................................

Стар систем:

Лизиноприл 10мг 1х1 [количина = 2] [месец/и = 6]

Сега ќе биде:

Лизиноприл 10мг 1х1 [количина = 1] [месец/и = 1?] [денови = 20]
Лизиноприл 10мг 1х1 [количина = 1] [месец/и = 1?] [денови = 10]

Плус сите рецепти ќе се нулираат, ќе треба секој човек во Македонија кој зел лекови за повеќе месеци (98% од народот) во текот на ноември да се јави на матичен за да му се обнови терапијата која сега многу покомплицирано се пишува. Ова горе е за 2 лека, има луѓе со по 8-10 лекови, за нив ќе треба еден час да се пишува терапија.

Патем броевите на извештаите најчесто ги има само на Мој Термин, за секој пациент кој има лек со препорака треба да отидеш на МТ, да го најдеш човекот, да му отидеш во историја и да го најдеш точниот извештај за да можеш бројот да го внесеш. Исто, многу ретко ама има и специјалисти кои нема да внесат електронски извештај па ако го нема бројот испринтано на листот на пациентот тогаш нема лек, ќе мора да се врати кај специјалистот кој му го препишал за да го внесе извештајот во МТ, да му даде нов извештај со бројот или да се праќа кај друг.

Ова ќе им направи и огромна главоболка на аптекарите кои сега сите лекови ќе треба да ги делат и водат рачун колку таблети имаат во која кутија итн.

Ќе биде весело кога пензионерите неразбирајќи го новиот систем ќе почне да се кара зошто докторот/аптекарот не сакал да му дава лекови па го крадел, му давал помалку итн. Па ако му фали некој лек имаш право тековниот месец да му пишеш рецимо плус метопролол но нареден месец ќе треба да му дадеш минус толку колку што си му дал претходно.

...и да те дополнам, не само што треба да се внимава на количина во пакувањето туку и формата на лекот една генерика на пример diklofenac od 75mg како ,,Rapten duo,, е во форма на филм таблети, а иста грнерика ,,Naklofen duo,, е во форма на капсули, што не е свеедно при пациенти со гастрични тегоби.
Во програм матичен доктор внесува или генерика или комерцијално име (доколку го има), но ако пациентот не специфицира аптекарот може да му даде било што, пример пишувам диклофенак/рандом комерц. име, во аптека може да му дадат Наклофен Дуо, Раптен Дуо, Дикло Дуо, Волтарен итн.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.606
Поени од реакции
37.544
Во програм матичен доктор внесува или генерика или комерцијално име (доколку го има), но ако пациентот не специфицира аптекарот може да му даде било што, пример пишувам диклофенак/рандом комерц. име, во аптека може да му дадат Наклофен Дуо, Раптен Дуо, Дикло Дуо, Волтарен итн.
...зарем не ја запишуваш формата? мора да ја пишуваш, инаку ако пишуваш само ,,диклофенак,, тогаш може да биде и супозитории и гел и капсули, таблети или обложени филм таблети.

GTY_pill_bottle_kab_140618_4x3_992.jpg

...сето тоа што си напишал им држи вода за програма на лекови за хронични болести паковани во болнички количини, да една кутија има 500 или 1000 таблети и да се изброи како рефуз во друго пакување колку му треба на пациентот и да се залепи етикета сигнатура со име и презиме на пациент, живеалиште и начин на примена, а не во оригинални фабрички пакувања кои ќе бидат применливи само за комерцијална продажба.

prescription_meds_20120503163647_640_4801_37006289_ver1.0.jpg

...фондовските лекови ќе се разликуваат од приватните оригинални фабрички пакувања, во иста пластична амбалажа со налепница податоци на пациент, матична аптека и начин на примена на лекот.

00pharmacists-trexall-mobileMasterAt3x.jpg NowRx-Pill-Bottle-1-768x1024.jpg

....пациентите нема да се замараат со целото упатство, а тие фондовски лекови ќе бидат поради амбалажата и големо пакување многу поевтини и не ќе има злоупотреба на истото за препродажба.

generic-simvastatin-prescription-container-generic-simvastatin-prescription-bottle-two-tablets...jpg sertraline-generic-prescription-container-held-patient-hand-generic-sertraline-prescription-16...jpg

...па изгледа идат прво на ваков начин што ги истакна ти недостатоците и проблемите што ќе се јават, наместо веднаш да се иде на големи пакувања, све наопаку се работа, односно веќе не се знае што се работи, диктирани од неискусни и неедуцирани кадри со дипломи.

helpformanagingmultiplemedteaser.jpg
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.285
Поени од реакции
22.980
...зарем не ја запишуваш формата? мора да ја пишуваш, инаку ако пишуваш само ,,диклофенак,, тогаш може да биде и супозитории и гел и капсули, таблети или обложени филм таблети.
Се е електронски, пишуваш диклофенак (или некое комерцијално име) и ти излегува се што е фондовски и бираш форма, пишуваш дозирање итн.

Ако те интересира ќе ти сликам во вторник.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.934
Поени од реакции
8.572
треба да се внимава на количина во пакувањето туку и формата на лекот една генерика на пример diklofenac od 75mg како ,,Rapten duo,, е во форма на филм таблети, а иста генерика ,,Naklofen duo,, е во форма на капсули, што не е свеедно при пациенти со гастрични тегоби,
Може да објавиш студија од релевантен извор која го подржува ова?
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Може да објавиш студија од релевантен извор која го подржува ова?
Ке објави,ама слики со безвезни содржини,дезинформации и полуинформации
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.606
Поени од реакции
37.544
Може да објавиш студија од релевантен извор која го подржува ова?
...
Ке објави,ама слики со безвезни содржини,дезинформации и полуинформации
...а ти демек со веза си, може бе да ме ставиш под игнор и ич нема да гледаш и читаш безвезни содржини,

ice_screenshot_20221022-161831.jpeg
а Кадаифот пошто ова твое „буцко размишља“ ти го лајкна нема што да му одговорам, затоа што не знае ни да дебатира!
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
...

...а ти демек со веза си, може бе да ме ставиш под игнор и ич нема да гледаш и читаш безвезни содржини,

Прегледај го приврзокот 349071
а Кадаифот пошто ова твое „буцко размишља“ ти го лајкна нема што да му одговорам, затоа што не знае ни да дебатира!
Испод 100 кила сум паднат,не сум више Буцко за жал
 
Kajgana Shop

На врв Bottom