Така е, но затоа и производот кошта од 200 денари нагоре. И има многу поголем рок на трање.
Што сакаш да кажеш, дека помалку конзумираниов производ некако не смее да постои бидејќи што?
Другиот производ што доаѓа од добиток некако пооправдано е што користи до исто тони вода ДНЕВНО според гугл и тука лекции ми држиш?
Или ја сум грешка, сигурно не се потребни никакви ресурси за да дојде тетрапак млеко, така може магично без вода, нафта и струја се појавува на полиците во Кам.
Немаш доволно холестерол изгледа, слаб си со математика.
Госпожа, слабо спиновите, само покажуваш колку не поврзуваш одредени работи.
Зашто мешаш баби и жаби... јасно е дека повеќе СО2, подобро растат растенијата, ти дрн дрн.
Ако за 1л бадемов сок, треба 150 литри вода, а за 1литро кравјо млеко, треба 10 литра вода, за кој производ повеќе штета се прави на природата? 150 литра вода да обезбедиш вс 10 литра, значи неколку пати повеќе штета правиш.
За да има толку бадеми и храна за веганите, милиони хектари природен екосистем треба целосно да се уништи, од најситни животинки, па до шуми кои со векови се развивале. За тие животни што живееле во тој еко систем, не ти е гајле за нивното страдање и исчезнување...
Без тие дрвја што се таму според законите природата, ниту вода ќе има, ниту услови за диви животни да живеат, ерозија, а ни природна регулација на СО2.
За да ти го донесат бадемовиот сок, авокадото, гоџито, чиа семето, колку нафта се троши и други ресурси, а колку за млекото во Кам... Јас на пример, денеска бев со точак до зелено пазарче, си купив пресно кравјо млеко, па пресметај кој повеќе прави штета.
Животните кои човекот сам ги одгледува и размножува помалку штета прави него ли тоа што поради вас веганите цел еко систем се уништува. Ако човекот не ги одгледува, размножува, нема ни да постојат, значи не ја уништува природата толку многу. Кравите со пасењето, само позитивно влијаат врз природата и помагаат да се развива, а за веганите мора да се уништи и стерилизира.
Има уште, така да пробај освести се и види колку ти со твојот избор учествуваш да се зголеми страдањето, наместо да го намалиш:
Stradanjeto ne moze nikogas da zapre, sekogas ke postoi vo nekakva mera. Rabotata e dali moze da se namali taa entropija. A moze.
Изиграваш светиња, а си ѓаволица.
