Тоа ти е класичен код на денешниот посткомунистички мајндсет на размислување.
Сам си менуваш име, ти се криви другите кога те нарекуваат Северна Македонија.
Сам не си почитуваш историја, идентитет, самоопределување. Фрлаш со дрва и камења по другите ако не застанат на твоја страна.
Тоа ти е судбина наша Македонска. Се некој друг ни е крив, се некој нам заговор ни спрема итн. А не гледаме дека самите прво не се ни сакаме, ниту се самопочитуваме. Кој сакаш да те почитува ако сам не се почитуваш? Ако сам не се браниш, кој очекуваш дека ќе застане да те брани? Кога сам не си ги браниш интересите во надворешната политика (каде нема многу љубов и правда, има само гол интерес), кој очекуваш дека ќе застане позади тебе?! Никој. Реалноста е таа...
Ние за жал не сме научени да функционираме во демократија и слобода. Ние сме земја, жалам што морам да констатирам, со најропски менталитет на земјината топка, толку сме мазохисти во очите ни се гледа.