(part 1)
Уф, од каде ли да почнам. Ајде со ред, ама сигурно ќе заборавам нешто. Падна договор за Јапонија уште во Јуни. Прва информација што ја најдовме е дека не примаат туристи што идат со сопствен аранжман, мора туристичка агенција. Најдовме една да ни среди за документи, најбитен е ERFS, кој го издаваат само на агенции. Секако беше потребна и виза која ја добив за 24 часа од аплицирање. Детали нема да ви објаснувам затоа што од 11ти месецов, визите се укинаа па нема потреба да аплицирате.
Летот беше Белград - Доха - Токио Нарита. Првиот лет беше во 15:50 попладне и околу 5 часа до Доха, 4 саати чекање и околу 11 часа до Токио, при што слетавме во 18:00 по локално време (7 часа се пред нас). Картата повратна чинеше 830 евра по човек со Катар Ервејс.
За Јапонија што да се каже, уште на аеродром те удира културолошки шок, запрепастен од нивната љубезност, култура и организација. За 30 минути стигнавме од аеродром до метро. На самиот аеродром стои метрото и карти можете веднаш да купите. Ќе ве излажам за цената на билетот ама не беше повеќе од 200 денари. Исто цената зависи и до тоа каде се симнувате. Колку што сфатив Токио е град создаден од 23 дистрикти односно 26 градови. Масивен е, и доаѓа на 3то место според км2 и на прво според број на жители - 39м!
Така што не знам локалците што сметаат за централно подрачје, мене се ми беше центар. Да не должам многу, бевме сместени во Гинза, бизнис центар и доста популарен регион за шопинг со многу познати брендови. Сместени бевме во AC Hotel Ginza, и чинеше 2400 евра за 13 ноќевања. Хотелот е на одлична локација, блиску до метро станица што ве поврзува до цел град, а блиску е и за пешки до Shinjuku и Shibuya дистриктите на 1:30/2 часа одење. Ние ги избравме овие како најпопуларни и знаевме дека тука ќе потрошиме најмногу време. За туристички атракции, нема да зборам затоа што има милион и тешко е на секој да му се погоди вкусот, подобро прашајте па ќе ви објаснам што и како.
За Јапонците не знам што да кажам, не постои речник за да ги опишам. Мене ми беше незгодно што постојам. Влагаш во ресторан, ти се поклонуваат до земја. Во хотел 100 пати ни се заблагодарија иако сеуште не знам зошто. У еден бар таа што не служеше ни наплати 10 јени повеќе што не е ни 5 денари, после километар пешки не најде да ни ги враќа и да се извинува, девојката беше усрамена и се поклонуваше 10 пати. Во една продавница се смеевме колку пати ќе ни каже аригато. На каса за 3 производи добивме факинг 8 пати аригато. Карта не знаевме како да купиме и иако не знаат англиски, не одбиваат да ви помогнат. Ниту еднаш не видовме некој да е лут или нељубезен. Увек се со позитивна енергија и секогаш се насмеани. У продавница барам 43ка број за патика тие носат 3 броја поголеми и 3 помали, за недајбоже едни да не ви се точни, одма да имате и друг пар без да чекате. Ај џабе објаснувам вака до утре можам.
Токио
Општо
На прв поглед, а богами и втор Токио е многу overwhelming. Прво ради големината, второ ради бројот на луѓе што движат и трето е онаа културна разлика, што прави да се осеќате ко најголем сељак. Се што знаете, заборавете. Овде поинаку функционираат и се е различно. А, да и се е на Јапонски! На улица комотно можам да кажам дека поминавме повеќе од 200км пешки. Не постои маана за градов. Трева има кај што треба да има, знаци ко вчера монтирани, руинирани згради нема, улиците бојата ко пред 15 минути да е ставена. Замислете дека сте во некоја игра city builder и дека се е совршено. Плочки скршени не постојат, крпени улици нема, реката е чиста, абе хартивче нема, а не пак некое пластично шише да плови. Градежни активности се вршат денски само ако не блокираат сообраќај, во спротивно се извршува после 21:00. И пази околу се што се прави, секој излез на гаража, секоја раскрсница каде движи поголема маса на луѓе, постојат редари што стопираат коли или градежни активности за вие да може безбедно да поминете.
Градот е толку чист што патики и кондури ниту еднаш не чистев, а у примцип тоа го правам 2 пати дневно. Кола прљава нема да видите, па и оние камиони градежни за малтер и песок се чисти да ги лижеш, светат на километар.
Корпи за ѓубре скоро и да не постојат, овој народ рециклира и селектира 100 години. А, реткост е да видиш некој да јаде во одење или да пие некоја вода/сок, едноставно не прават ѓубре. Ако земете нешто за јадење или пиење бидете спремни да го носите со вас подолг период. Околу vending machines се наоѓа ѓубре за пластични шишиња. Цигари не пушат на улица, а за тие што пушат има затворени простории специјални за тоа. Абе лудило се.
Многу туристички атракции, има што да се види, градот е одлично поврзан, секогаш секаде има некој настани, добро е обележан иако на јапонски, големи маркети нема, се е во знак на оние мини маркети како 7 eleven, family mart и слично. Цените се евтини за одредени продукти, за некои и поскапи, на пример едно јаболче е 120 денари, и така.
Превоз
Е ова за мене беше најзаебаниот дел. Имаат 6 компании што оперираат како метро и дури 19 различни линии. 13 се за Токио, а другите се за као greater area. Вас ве интересираат линиите што оперираат централно. Тоеи, Токио Метро и Ринкаи. Ринкаи повеќе функционира како воз ама ве поврзува до туристички атракции. Цените се релативно евтини, меѓутоа не постои билет или јас бар не најдов што ви дозволува да се возите со сите компании. Тоеи оперира одредени линии и нивната карта важи само за тие. Исто и за Ринкаи и Токио Метро. Дневен билет е околу 400 денари или 200 јени за една вожња т.е околу 100 денари. Ние ги користевме овие за една вожња бидејќи повеќе одевме пеш. Исто е и за автобусите, картите се малку поефтини, ама побрзо ви е со метро. Такси заборавете освен ако не сте спремни да искеширате добра сума. За 2 вожњи од по 7км плативме околу 35 евра по вожња.
Квартови што ќе ве интересираат се Шибуја, Шинџуку, Гинза, Акихабара, Кото и Шингава. Според мене...
Храна и ресторани
Рајот на земјата е ова за сите љубители на храна. Од еден колега кој е роден во Токио и ни покажуваше низ град, спомна дека веќе во Токио има над 170.000 барови и ресторани. И навистина е така, поготово ако прошетате околу 12-13:00 кога им е ручек пауза, река од луѓе, а ресторани на секој чекор. До тој степен одат да во една зграда од 5-6 спратчиња да имаат 10 различни ресторани. Ако нешто со сигурност доволно истражив, тоа се рестораните и баровите. Па дневно можеби јадевме по 4-5 пати секогаш во различен ресторан.
И замислете дека не најдовме ниту една маана за храната. Кај и да одиш е превкусна. Од елитни ресторани до прчвари од 5 квадрати на Omoide Yokocho (кварт за храна, подоле ќе пишам повеќе.
Е сеа пазете, Токио читав дека важи за многу скап град иако тоа не го осетив по ресторани. Цените у главно се движат ко у Европа, а некои локации и дури подобри цени од Скопје. На 2 пати бевме во мишелин ресторани и плативме по 250е од човек, ама јадењето беше врв. Ова е повеќе луксуз и нека не ве плаши. Во нормални ресторани нема да платите повеќе од 20-25 евра за МАСИВЕН оброк. Кога ќе порачате некое јадење ќе се изненадите колкава порција ќе ви донесат. Тоа кај нас се вика закуска, кај нив е главно јадење. Ама без гајле, ќе си продолжите со порачување, тие ќе се смеат и чудат, а луѓето од страна ќе останат збунети.
Ако на други маси имаше по 4-5 чинивчиња, кај нас имаше по 10-15. Добра ствар е што јадат многу лесна храна и брзо се вари ако имате доволно активности во денот, па од таму и тоа 4-5 јадења во денот. Лошата страна е што ретко постојат менија на англиски, се е на јапонски, ама имаат слики или некој вработен што ќе помогне со преводот. Ако се движите во центарот на Шибуија и Шинџуку нема да имате толку проблем.
Навистина, сите до еден беа насмеани, љубезни и многу услужливи. Место вие да им се заблагодарите за вкусната храна и убавиот пречек, они го прават тоа за вас.
Ако треба да одвојам нешто што вреди да посетите тоа ќе биде Omoide Yokocho квартот. Ова е исто како и Golden Gai (во ноќен живот за ова), само што тука служат храна место пијалок. Мали и тесни уличќи со збиени "ресторани" кои не собираат повеќе од 5-7 луѓе. Тесно е, седите на шанк, и пред вас е шефот кај што правите порачки. Најчесто се служи скара у форма на ражничи у многу мала варијанта ама се е превкусно. Имате од свинско, пилешко, говедско, унутрашници, зеленчуци и милион други комбинации. Обавезно некое локално пиво да си земете или Lemon/Plum Sour, алкохолен пијалок + сода и вкус. Ептен освежително.
Следно на листата е рамен. Не знам дали во светот се тотално 3 или само во Токио, ама ќе најдете дури 3 ресторани со мишелин ѕвезда за рамен нудлс. Nakiryu, Tsuta и Soba. Ние бевме во Tsuta бидејќи е првиот мишелин за рамен и плативме околу 3500 јени за раменот што е некаде околу 24 евра.
Обавезно да најдете и некој добар ресторан каде што служат wagyu A класа, и вие си го печете. Не ми текнува името на ресторанот ама се наоѓаше на Шинџуку. За двајца плативме околу 90 евра, со тоа што имавме по 4 пива од човек. Суши и сашими мислам дека нема да имате утка каде и да одите, сите се горе доле вкусни. Ние бевме 2 пати на суши во Токио и во Кјото. Во Токио бевме во Yoshitake и е исто мишелин ресторан, и работи само со резервации. Цената беше околу 200 евра по човек ама шефот е лудница. Беше изненаден што гледа белци бидејќи Јапонија била скоро целосно затворена за странци 2 години, освен за бизнис луѓе. Си добивме поклонче од него и дефинитивно ќе биде спомен за паметење.
Long story short, немате утка со ресторани во Токио.
Must see
Ако патот ве води во Јапонија, дефинитивно ќе треба да одвоите некои ден и за овие локации, доколку сте дојдени да видите нешто повеќе од Токио. Секој град е различен па одлучете самите што ве влече, дали прирорда, дали храмови или пак ноќен живот.
Кјото
Од Кјото имав високи очекувања, ама или не ми се исполнија или нешто утнавме. Ќе ја најдете бамбусовата шума за сликање и инстаграмски фотки, ама разочарување е што има преголема гужва и тешко да направите некоја убава фотка без да имате 150 баби у позадина. Бевме во 2-3 храмови со зен градини, а во Кјото ги има премногу. Еден кој ми остави најголем впечаток е Kiyomizu-dera и Kinkaku-ji кој има Феникс на врвот како се издига од пепелта, и кул приказна, што ваљда е фејк
Вреден за посета е и Tenryu-ji.
Центарот на Кјото е убав и можете да го прошетате за 1-2 вечери максимум. Обавезно да идете и во квартот на Гејшите. Според закон наводно било забрането да сликаш Гејши на улица, и многу е мала веројатноста да сретнете некоја бидејќи уствари не искачаат од дома, си имаат цел тим што се грижи за нив и ретко се на улица. Ама имав среќа да фотнам една! И да, Гејшите се уствари многу дисциплинирани и учат 5 години школо за да станат Гејша.
Е тука имаше и еден многу мега јак момент со Јакуза, али повеќе во ноќен живот делот.
Осака
За Осака немавме многу време, поминавме еден цел ден од сабајле 7 до вечер 11 и тоа беше тоа. Имавме среќа да начекаме фуд маркет каде што обични кроасани и колачи изгледаа како најлуксузно нешто на светот. Какви Французи какви бакрачи, ни до пола не им се на Јапонциве. Јапонец ако зима идеја од друг, ја зима и ја усовршува х10 од оргиналот. Маестрални вкусови. Тука ми текна да спомнам дека pastries во Јапонија не се нешто евтини. Под 150-200 денари кроасанче не наоѓате. Ама благите им се oh my god, лиги ми течат дур пишувам. Друго вредно за споменување е да се посети Nanba делот. Една улица од добри 5-6 километри што се дели на уште 150 други мали улици и сите со мали продавнички, ресторанчиња, барови, наоколу милион неонски реклами, перверзија. Тука доминиравме на стрит фуд, па отидовме на масажа.
Нико
Ако сте по храмови и традиција, Нико е местото за вас. Мало убаво, полно со приказни и одлични локации за слики. Знае да биде ладно, се наоѓа во шума поред река ама местото вреди за сите пари. За овде исто доволно ви е еден ден, не повеќе.
Фуџи
Hit or miss, за мене miss. Стравував од магла и дека џабе ќе тепам пат, па останав во Токио. Другите што отидоа беа фасцинирани, ама погрешна сезона викаат. Така да чекајте ја Чери сезоната за тука, од сликите што ми ги покажаа дефинитивно е одлично место.
Сума сумарум, за сите овие места освен Токио па еве и Кјото доволно ви е 1 ден. Кјото и Осака можете да ги комбинирате во 1 ден затоа што се на 20 минути со шинкасен (брз воз).
Она што исто вреди да се види се веројатно и Нагоја и Јокохама. Е сеа ако сме буквалисти и се останато, затоа што нема грда работа во Јапонија, ама тоа е веќе екскурзија од месец дена.
Возовите се ефтини, на време, климатизирани, тивки без галама, чисти, вецињата одлични, служат кафе, чај, вода цело време и станиците им се маестрални. Толку гужва, а почисти вециња немам видено.
Ние патувавме со шинкасен брз воз и билет од Токио до Кјото чинеше 130 евра повратен билет.