Najverojatno ke se odlozat za nekoi podobri vreminja
Цитат од Законот за данок на личен доход
Член 116
Одредбите од членовите 55, 56, 57 84 и 92 од овој закон кои се однесуваат на оданочувањето на каматите од орочени депозити, како и одредбите од членовите 58, 59, 60, 61, 62, 84 и 92 од овој закон кои се однесуваат на оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, ќе се применуваат од 1 јануари 2023 година.
*Ова значи дека доколку не се направи измена на овој член и ова “1 јануари 2023 година“ не се замени со друг датум, тогаш капиталните добивки од х.в. и каматите од банки ќе се оданочуваат од 01.01.2023.
Напомена: Моментално нема предлог закон пуштен во собрание или во јавна расправа како најава дека рокот ќе се продолжи
Ако не смени законот, тогаш од 1.1.23 важат доленаведените одредби од ЗДЛД кои се однесуваат на оданочувањето на капиталните добивки.
*Со црвено и болд ги обележувам поинтересните
-ДАНОЧНИ СТАПКИ-
Член 11
...
(4) По исклучок на ставот (2) од овој член за
доходот од капитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд,
данокот се плаќа по стапка од 15% доколку имателот ги поседувал до една година, односно по стапка
10% доколку ги поседувал за период од една до 10 години.
Член 12
...
(1)
Данок на доход не се плаќа на:
...
39-a) к
апитални добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд доколку имателот
ги поседувал за период подолг од 10 години;
-ДАНОЧНА ОСНОВА-
Член 60
...
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член,
за капиталната добивка остварена од продажба на хартии од вредност, удели издадени од инвестициски фонд, учество на капиталот, друг подвижен имот и недвижен имот во кој обврзникот живее најмалку една година пред продажбата,
се признаваат нормирани трошоци од 10%.
Член 61
...
(2) За целите на утврдување на капиталната добивка, како продажна цена на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, се смета договорената цена.
...
(6) Како куповна (набавна) цена на хартиите од вредност кои се продадени или купени на берзата се смета цената која обврзникот ја документира како стварно платена, или ако тоа не го стори, најниската објавена цена на берзата по која е извршена купопродажба во период од една година, која претходи на продажбата на хартијата од вредност.
Член 62
(1) Капитална загуба остварена со продажба на хартии од вредност се пребива со капиталните добивки остварени со продажба на хартии од вредност.
(2) Ако и по извршеното пребивање, според став (1) на овој член, се појави
капитална загуба, вишокот се пренесува на идните капитални добивки во наредните три години.
-ПРИЈАВУВАЊЕ-
Член 85
...
(3) По исклучок од ставот (1) на овој член, исплатувачите на
капиталните добивки од хартии од вредност и на уделите во инвестициски фонд се должни до органот за јавни приходи да достават пресметка за бруто-доходот, одбитоците и пресметаниот данок по одбивка за секој обврзник поединечно, кој остварил капитални добивки од хартии од вредност и удели во инвестициски фонд
најдоцна наредниот ден по денот на исплатата на доходот.