Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    734
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Најново од Стрелков. Леле руските мили блогери денеска ќе имаат нервен слом, Украина имала и воздушна супериорност :pos:

Жестоките борби продолжија и вчера цел ден на фронтот Керсон. Непријателот ги насочи главните напори кон правецот Берислав - напредувајќи во областа Дудчан (поголемиот дел беше преземен од непријателот, нашите трупи се повлекоа, кревајќи ја браната на резервоарот) и Давидов Брода, каде што ситуацијата за нашите единици исто така постојано се влошува. . Непријателот има супериорност во сè, дури и со користење на авијација.

Во насоката Сватовски на Луганскиот фронт (од Северски Донец до поранешната граница со Руската Федерација) - нашите трупи продолжија да се повлекуваат. Ситуацијата не е целосно јасна, но има непроверени информации дека непријателот веќе успеал да го пресече автопатот Рубижноје-Сватово и со своите напредни групи се заканува да стигне до задниот дел на гарнизонот Сватово и да ја обвие Кременаја-Рубижноје.

 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.776
Поени од реакции
34.034
Дур е шира не мешам ништо, за да не се замати и да пијам бистар сок од грозје, но по 2-3 дена чим почне бурно вриење, се ствара капа најгоре и таа е во директен контакт со воздухот и може да се расипи. Затоа мора да се меша за да се потопи капата да не го скисне виното.

Така околу 10 - 14 дена, сега не го мешам повеќе, само го пробувам да видам до каде е и да го затворам горе на капакот со кит за стакло. Виното го пијам во главно комињарник, иако понекогаш кога имам време си правам експерименти и го лачам во различни садови, во различно време.
ОК, разбрав. Комињето го мешаш за да не се расипе горе на површината. Така се прави, ок е тоа... Туку пак мешаш термини (како и обично), шира е исцеден свеж сок и сеуште неисферментиран. Некои така го прават виното (сите поскапи вина), со одделен квасец наместо со природните квасци од зрната. Си бара опрема тоа, треба во ширата (сокот) да се неутрализираат природните квасци (и лактобактерии) пред да се додаде наменски вински квасец. Требаат големи иноксни садови со вградени спирали за загревање и ширата да се загрее до 70-80с и да се држи така некое време. Здравје мож' ќе биде и тоа некад.

Ај не се расправам со тебе за Украина, еве од 2014 го правиме тоа и не може да се разбереме, така да само за ширата ќе ти кажам :)
Да де. Заради когнитивна дисонанца, објаснив веќе во претходниот пост. :D
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Друже вака да ти кажам сега се гледа дека не ги разбираш работите малце
значи русите не губат само ти не разбираш руски тактики и доктрини
нештото се вика Маскировка значи тоа ти е исто како пролетоска не знам дали се сеќаваш
тргаш ти со 50000 војска на киев, брзаш со сета сила заобиколуваш градови
украинци нато мислат ќе го земаш киев - кој глупаци замисли
ти уствари го земаш Херсон на југ, пошто нели во секоја војна најважно е да им земеш еден град сркоз на страна а не главниот град и да заврши војната за три дена
е тоа ти е маскировка
Е сега во случајов најверојатно играат пак некоја маскировка за уствари украинциве да си помислат дека се готови и да им нагрнат на белогород-москва
трасата ти текнува(види фотос) тие им влегуваат у дубина и уствари сами си прават котел, русите предводени од најголемиот русин Рамазан Кадиров(старо православно име) јаваќи на мечка им го затвораат котелот и лап цела украина е во котел уствари на среде русија автоматски во украина нема појче никој, 5ти октомври е веќе поминат, се е влезено во службен весник и сега русија правно може да ги користи ласерите и сета стар ворс техника до сега што неможеа законски по меѓународно право да ја користат и овие во котелов ги пржат како на марс напаѓа
во меѓувреме Лукашенко на 2 милиони белоруски сиромаси им прави филм дека во Киев имало уствари леб и млеко и тие го окупираат одма(сиромашка работа хехе)тоа ти е помалата стрелка на мапата гледаш блиску е киев до белорусија и ете ти крај на војната
во меѓувреме во европа веќе нема ништо, вода, струја, пелени, лаптопи, лекарства, интернет(пошто се на светов иди од русија)
Значи во основа ова ти е дубока битка и маскировка али ти се гледа дека не се одбираш многу во писанијата на Иссерсон и Трендафилов, Тукачевски да на правиме муабет, затоа едуцирај се малце не се бламирај овде
@Hello Kitty маче ај објасниму на детево малце котловање дубока битка ово оно Bewegungskrieg или овие што не се разбираат што би рекле блицкриг
Прегледај го приврзокот 347106
Нормално дека не ги разбирам, не сум во генералштаб на Русија... Ова ти што го тврдиш уште го нема на бојното поле, кога ќе се појави можам да ти кажам дека е така. Сега во моментов друга е ситуацијата.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.700
Поени од реакции
42.286
поглуп и поинатлив народ од украинциве и нивниве поддржувачи не постои, прашање на време е кога ќе им скурчи на русиве и ќе решат да ги атомизираат.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.776
Поени од реакции
34.034
Кога ги читам твојве постој, пак ми се наметнува она мое, а од тебе неодговореното прашање, цитирам:

„...Со кој психолошко-психијатриско-психопатолошко-невропсихијатриски термин ќе го објасниш твоево погрешно и нелогично размишљање?...„.
Нема потреба од патологија, кај него е чиста глупост произлезена од тунелска визија и неможност за процесирање на факти кои се спротивни од всадение убедувања.
Автоматски споено мислење:

За разлика од повеќето тука на форумов, јас ги преиспитувам моите ставови и ги менувам ако видам дека грешам, така да гледам да не одам со главата во ѕид, што би се рекло да влезам во когнитивна дисонанца ... :D
Ова подвлеченово е најневистинитото нешто било кога напишано на темава и на форумов... Што ќе каже, одма награда треба да ти доделат! :D
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Површно гледано несомнено е така, посебно ако информациите се земаат исклучиво од медиумите на едната страна.
Во реалноста пред неколку месеци ситуацијата на фронтот дојде до точка да бројката на активни руски воени единици стана непропорционална со големината на територијата што ја освоија. Се што следи понатаму е резултат на тој факт. Една работа што повеќето апсолутно не ја разбираат е едноставниот факт дека ова не е војна за територија. Ова е војна до целосен пораз на една од страните, а териториите се алатки за постигнување на таа цел. Овој факт треба да се „свари“ за да се разбере реалноста на случувањата. Украинците одамна ќе потпишеа примирје, да беше одлуката на нив (а не е и никогаш не била, тие се само пиони во војнава).

Не дека ова погоре ги објаснува некои од очигледните грешки на руска страна, од кои првенствено неградењето на дефанзивни линии и фортификации (претежно во деловите под одговорност на Западниот воен одсек на руската војска). Но ова што го прават е класично отстапување пред поброен противник, извлекување на противникот на отворено, и нанесување на загуби. Менуваат територија за возврат на загуби во луѓе и техника.
Јас тоа цело време го трубам, со оваа војска што ја имаат русиве во Украина неможат нити да се одбранат а не па да напредуваат.
Е сега дури не се смени ситуацијата јас неможам да си дозволам да нагаѓам дека на 5ти Октомври ќе ја снема Украина.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Нормално дека не ги разбирам, не сум во генералштаб на Русија... Ова ти што го тврдиш уште го нема на бојното поле, кога ќе се појави можам да ти кажам дека е така. Сега во моментов друга е ситуацијата.
Ти друже Македонец си?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.776
Поени од реакции
34.034
Јас тоа цело време го трубам, со оваа војска што ја имаат русиве во Украина неможат нити да се одбранат а не па да напредуваат.
Следен чекор (во разбирањето) е да разбереш дека одбраната не е цел сама по себе, ниту напредувањето. Целта е победа во војната, се друго е од споредна важност.

Потсети се кои целите на РФ во војнава, и полесно ќе дојдеш до истиот заклучок. Зошто влезе Русија во војнава? Заради територии како што трубат билмезиве, или има(ше) нешто повеќе? И ако беше баш заради територии, зошто сега? Ова е војна за неутрализација на Украина како воена закана (како алатка на САД), бараниот услов за неутралност ќе беше доволен за војната воопшто да не почне.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Ти друже Македонец си?
Предавник сум.
Автоматски споено мислење:

Следен чекор (во разбирањето) е да разбереш дека одбраната не е цел сама по себе, ниту напредувањето. Целта е победа во војната, се друго е од споредна важност.

Потсети се кои целите на РФ во војнава, и полесно ќе дојдеш до истиот заклучок. Зошто влезе Русија во војнава? Заради територии како што трубат билмезиве, или има(ше) нешто повеќе? И ако беше баш заради територии, зошто сега? Ова е војна за неутрализација на Украина како воена закана (како алатка на САД), бараниот услов за неутралност ќе беше доволен за војната воопшто да не почне.
Денацификација и демилитаризација, односно да ја направат како Германија после WW2. Териториите одпосле дојдоа во игра.
Но неможе ни една држава во светов економски и воено како сакаш да си дозволи да демилитаризира противник со години.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.772
Поени од реакции
9.892
Автоматски споено мислење:

Нешто слабо се активни малечката невеста од Белгија,Австралискиот офчар и уште некои русофилни ботови.Ако ги види некој нека ги поздрави.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Знаев, а ние овде со ванлок се мачиме да ти објасниме тактики и доктрини, пу јзк да ти е
Значи ова со менувањево на неспособниве генерали доктрина да ти било, ги лажат на укриве да наседнат па после ќе видат колку е способен.
Јас не се разбирам од доктрини, а и да се разбирам сигурно не се јавно достапни тактиките на генералштабот.
Ти нагаѓаш, јас отворам мапи од сабајле и гледам отишле 30,50, 100 км напред.
Кога ќе видам дека русите одат 50, 100 км напред ќе кажам дека победуваат.
Ти свесен си дека со секое повлекување на русите недолжните про руски цивили масакар трпат? Или тоа не ти е гајле?
Па уште да ги бранам русиве дека нешо тактики дрн дрн. Ги оставаат на цедило луѓето кои таму со букети ги дочекуваа, ебате неспособните ебате.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.776
Поени од реакции
34.034
Денацификација и демилитаризација, односно да ја направат како Германија после WW2. Териториите одпосле дојдоа во игра.
Но неможе ни една држава во светов економски и воено како сакаш да си дозволи да демилитаризира противник со години.
Не може? Па сам ја наведе Германија, а тука се и други примери како Јапонија, итн... Но бегаш од поентата, тоа „со години“ е споредно во однос на „сега“.

„Денацификација на Украина“ читај го како „престанување на убивање на Руси во Украина“. Ова им било наменето за внатрешна намена, но повеќе корен фати на западот (за пропаганда). Факт е дека веќе 8+ години Украинците редовно гранатираат градови, најмногу Доњетск, и убиваат цивили. Буквално гаѓаат цивили за да убијат цивили, заради ширење терор. Воопшто не се ни преправаат дека гаѓаат воени цели, па случајно погодуваат цивилни цели и цивили. Па тука се и репресиите против цивилите на (засега) украинска територија. Мачења, силувања, итн... Овие терористички операции ги извршуваат дефакто и дејуре нацисти. Скинхеди со тетоважи и со куп наци симболи и ознаки. Ова е неспорно.

Моменти како ова редовно се случуваат од 2014-та наваму: https://southfront.org/13-civilians-fell-victims-of-precision-strike-by-ukrainian-nazis-in-donetsk-photos-videos-21/
Предупредување, содржината од линкот е 21+.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.934
Поени од реакции
14.968
Извештај од проруски телеграм:

20221004_112550.png

Не гледам алтернатива на употреба на тактички нуклеарки од Путин. Украинската армија е во налет и во моментов е подобро опремена, побројна и помотивирана од руската армија, згора на тоа имаат непресушен извор на модерно вооружување, за разлика од Русија. Дури и тие 300 000 кои би дошле на фронтот за некој месец мислам дека нема да направат некоја значајна разлика со оглед на нивната (не)обученост и застарена опрема, освен можеби утврдување во донбас и крим. Керсон набрзо ќе падне со оглед на тоа што практично е неодбранлив за руската армија. Доколку одлуките не беа политички тогаш одамна ќе се повлечеа од таму. Во Луганск исто така продолжува офанзивата без поголем отпор од русите. Губење на Керсон и големо повлекување во Луганск уште повеќе ќе го сруши и така нискиот морал кај русите и ќе го зголеми притисокот врз Путин. Ваквата ситуација ќе го принуди Путин на избор меѓу пораз или тактички нуклеарки. Ако нема пуч во Русија, тогаш сигурен сум дека ќе имаме употреба на нуклеарки.
 

Attachments

Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Гледаш, демократијата е преубава, секој може да си каже свое мислење без да биде приведен или стрелан на улица.

Кај чичко путлер пример го нема тоа, за бел лист идеш у ќорка 10 години, а ако напишеш нешто можеш несреќно да паднеш од некоја зграда.

Вас ви е чудно и несфатливо што украинците гинат за својата држава, и тоа е сосема разбирливо за тебе, кано, белгиската невеста и другиве на кои грујко им даде 100 идентитети во рок од 10 години.
Кој си бе ти?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom