Слободоборци, продолжете со борбата, до последниот Украинец.
Кому му е гајле што сакаат Украинците
За време на војната, руски и украински преговарачи тајно се состанале и некако скицирале решение за ставање крај на војната. Само што Бајден не бил задоволен а Борис Џонсон подоцна му објаснил на Зеленски:
Дури и Украина да е подготвена за некои гаранции за Путин, Западот не е.
...
Уште во април 2022, според напис во магазинот „Форин полиси“, преговарачи од владите на Русија и Украина тајно се состанале и „изгледаше дека
претпазливо се договориле за контурите на едно преговарачко решение
за ставање крај на војната“.
Условите на договорот
беа едноставни. Русија ќе ги повлече своите трупи од Украина. Украина ќе вети дека нема да влезе во НАТО, така што секоја страна ќе го добие она што најмногу го сака.
Но,
администрацијата на Бајден категорично се спротивстави на оваа спогодба. Советниците на Бајден не сакаа само Русите да ја напуштат Украина. Така ни кажуваат на телевизија, но не е така. Советниците на Бајден
сакаат целосна војна за промена на режимот во Русија, очигледно за да се одмаздат за изборот на Доналд Трамп, за кој веруваат дека е одговорен Путин. Беа
подготвени да се борат до последниот Украинец за да го добијат тоа.
На 9 април 2022, Белата куќа го испраќа својот несреќен отпадок, тогашниот британски премиер Борис Џонсон, во Киев. Според украинските медиуми, Џонсон ѝ соопштил
две пораки на владата на Зеленски: „
Првата е дека Путин е воен злосторник. Тој треба да биде притиснат, а не да се преговара со него.
Второ, дури и Украина да е подготвена да потпише некои договори за гаранции со Путин, Западот не е“.
Со други зборови, кому му е гајле што сакаат Украинците.
Америка и Обединетото Кралство бараат тотална војна со Русија, војна за промена на режимот во Русија а фстени во средина, Украинците немаат друг избор освен да се согласат. Неколку дена подоцна, мировните преговори пропаднаа.
За ова речиси и да не се известуваше, а беше пресвртница во војната во Украина.
...