Досега сите воени интервенции на РФ, под Путин, беа со клиничка прецизност започнувајќи од војната во Чеченија, воената интервенција во Сирија, и воспоставувањето граѓански ред во Белорусија и Казахстан. До тука, администрацијата на Путин, 20 години, немаше ниту една надворешна политичка грешка. Но мислам дека во оваа војна РФ влезе доста неподготвена, бавниот напредок на терен е далеку неповолен за РФ. Проследен е со многу воени загуби, иако првичната цел беше што помали цивилни загуби, што резултираше со дополнителна мобилизација. Компензација им е проследена со зголемената цена на гаста, но тука мора да се земе предвид и инфлацијата која е под 15%, но цел свет е зафатен со овој инфлаторен бран.
РФ и Украина имаа договор за ненапаѓање, каде РФ доследно се држеше до него се до неговото истекување во 2019 година. Украина не сакаше крај на војната во Доњецк односно вложи точно нула напори за да стави крај на огнот. Го прекршија секое можно примирје со поддршка од западните агресори.
Војната ја започнаа оние кои извршија државен удар над Јанукович. Неговата промена беше антиуставна. Можеше да посегне по воена интервенција за воспоставување на граѓански со цел да ја сочува власта, можеше да побара воена интервенција и од Русија, можеше да остави река крв на улиците, за тоа имаше уставна моќ, но тој само ја напушти држава. Порошенко, од друга страна, ја хранеше таа војна. Таа војна го држеше во Политички живот. Мислев дека Украинците се уморни од војна, затоа го одбраа Зеленки, кој се залагаше за примирје, но продолжи онаму каде застана Порошенко.
Лично не ми се допаѓа оваа нова мобилизација, војната сега ќе ескалира, а и реакцијата на Путин беше многу задоцнета. Украина е наоружана до заби, целиот западен свет ја финансира оваа војна, а и беше оставен простор за контраофанзива што им даде ветар во ерата на Украинците. Ова е првиот значителен успех на Украинците во оваа војна кои докажаа дека заслужуваат држава повеќе од нас и од Бугарите, кои чекаат да го видат исходот од војната за да можат да фатат страна. Дури и со таков ментален склоп, повеќе од 100 години го имаат осетено воениот победнички еуфоризам. Не сум ни фан на референдуми и менување на устави во воена состојба. Тој конзистентен став го имам и за 2001 година заменување на Уставот во Македонија. Тука се крши и Уставот на Украина, а со тоа уставниот поредок и територијалниот интегритет на Украина, нешто што го немаше на Косово кое самото по себе си прогласи независност, при прогонот на илјадници Срби од своите огништа кој помина со ракоплескање од западниот свет, кој подоцна ја призна неговата независност. Ја потенцирам само лицемерноста на западниот свет кој направи агресија на Србија 1999, без согласност на Советот за безбедност, кршејќи ја истата конвенција на ООН на која сега се повикуваат и истурајќи осиромашен ураниум на оваа територија, каде и ден денес се чувстуваат импликациите, посебно по високите стапки на рак. Радијацијата не ги почитува државните граници. Преседанот е веќе направен.
Македонија активно беше инволвирана во војната во Авганистан, каде нато ја загуби. Најоперемната, најорганозираната, најмоќната, најдобрата воена организација беше протерана како куче од неписмени камилари. Беа поразени и во Сирија. Парцијално и во Либија. Да, РФ уште е во игра во Украина, да бавно напредува, да имаше воени загуби, ама не можат истите да ги заменат оние со Авганистан кои се најсвежи. Од намалување на војската на терен, до уништување на доверливи материјали, оставање на оружје вредно 100-тици милијарди, заборавање на своите стратешки партнери во самата држава и на крајот буквално бегање на авиони во лет. Сите знаеме како тоа заврши. И сега војуваат во рускиот двор. Оваа војна нема да заврши славно за Украина, скоро 1/4 од населението ја напуштило Украина, 20% од теротирија е под руска контрола, големите градови се речиси разурнати, штетата ќе биде проценета во трилиони, а згора на сѐ зимата доаѓа и есенската сеидба е пред на нас! Заедно се произведители на 20% од светското производство на јачмен и пченица, а тука е и маслото за јадење и зависноста на Европа од рускиот гас. Тоа ќе има сериозни глобални импликации. А веќе балтикот и Молдавија имаат и по 30% стапка на инфлација, така состојбата може и таму да ескалира, покрај новата Ерменско-Азербеџанската војна!
И да, мислам дека Путин не блефираше. Западното оружје убива Руси, убива од 2014 година, и претходно имаше слична реакција, не со ваков тон и речник, која остана на празни зборови. Но сега е во економска и политичка криза, со повеќе вложени средства, со 500.000 војници на терен, со ново оружје од Иран и Кина и сите карти му се фрлени во Украина. РФ уште е во игра, ама ако нема значителни победи во скора иднина, може да дојде до деморализирање на војската проследена со неповолни климатски услови. И да, мислам дека сакаат само контрола на териториите кои ги имаат освоено, и евентуално ширење на територијата до Миколаив и Одеса до крај на есента. Така ќе имаат апсолутна контрола над црното море.