Ти благодарам за советот, корисно во секој случај е за неговата возраст да тренира нешто, иако пред некоја година одеше на кошарка, па ракомет( како хоби, не е многу по спортот), но почна пандемијата и за жал прекина. Овој проблем го има од многу мал, но одвреме - навреме знае да се влоши. Е, сега, следниот месец треба да патува во друга земја, проект од училиште, ќе му биде прв пат да биде без родители една седмица, па веројатно тоа му прави притисок.. Затоа мислев да му дадам некој суплемент, за малку да се опушти пред патување и додека е таму, па здравје, после тоа ќе пробаме пак со некој спорт или сл. Не сакам да го оптеретувам со витамини уште од сега, горе-долу добра му е исхраната.