Почело је почело
Преземен статус
Русија ја менува стратегијата во Украина
Официјална Москва е принудена после губењето на Харковската област да ја менува стратегијата во Украина.
- Москва изјави дека доколку САД и испорачаат на Украина балистички ракети со долг дострел, тие автоматски стануваат учесник во конфликтот и светот влегува во Трета Светска Војна
- Извршена е корекција на генералниот воен план и начинот на дејствување. Русија започна со уништување на клучната енергетска, транспортна инфраструктура на Украина. Русија е подготвена доколку тоа е потребно да ја врати Украина во 19 век, без електрична енергија, гас, интернет, и транспортна инфраструктура
- Зјуганов, лидерот на Комунистите, како и Миронов, лидерот на Справедлива Русија повикаа на правно-нормативни промени на операцијата во Украина, прогласување на воена состојба, и мобилизација на економијата и армијата. Зјуганов изјави дека не се работи за никаква специјална операција, и дека се работи за војна од која зависи судбината на Русија
- Рамзан Кадиров е предводник на промените во стратегијата и начинот на војување. Кадиров повика на промени на стратегијата на руската армија во Украина, ограничена мобилизација на општеството, ограничена мобилизација на армијата и на мобилизација на економијата
- Кадиров ги повика раководителите на сите 82 региони во Русија да пристапат кон формирање на доброволни одреди кои што ќе се упатат во воените зони. Започнат е процесот на создавање на тие одреди. Се проценува бројката на тие одреди да достигне над 100 000 доброволци, кои што ќе бидат користени како втор ешалон, патролирање и контрола, за да се овозможи ослободување на основните единици на армијата
- руската армија ќе го зголеми својот персонал за 162 000 војници во наредниот период. Во фаза на формирање се плус два нови корпуса
- Приватната воена компанија Вагнер пристапи кон привлекување на нови борци ширум Русија, па и меѓу затворениците. Платите се движат од 4 000 долари па до над 10 000 долари, зависи од специјализацијата
- руската воена индустрија започна да работи во три смени, без одмор, за да ги задоволи потребите на армијата