Здраво имам 2 чудни сонови па би сакал ако може да ми кажете што значат.
1. Се наоѓав на некоја непозната улица со дрво ред, бев со некоја плава девојка што не ја познавам. Знам дека некој не бркаше и цело време беше зад нас. Јас имав во рака прилично голема книга како со дрвени, стари, дебели корици и во неа имаше многу работи за тоа како можиш да се спашиш од лоши духови, лоши работи јас го барав тоа што нас конкретно ни треба низ книгата за да го прочитам и да се спасиме од тоа што не брка назад но тоа што не бркаше назад беше многу блиску до нас затоа што вниманието ни беше во книгата и бавно трчавме, ја затворив книгата за да трчаме побрзо свртивме десно и јас ја отворив книгата, книгата беше цела ичкртана, искината, запалена, максимално уништена за да не можам да прочитам и да се спасиме од нештото што не бркаше вртев низ страниците но се беше уништено. Во еден момент на девојката и реков “ Помогни ми те молам не можам сам да се снајдам во книгава “ не добив одговор, застанав се свртив кај нејзе таа стоеше пред дрво и лебдеше буквално со отворена уста во тој момент јас се уплашив и ми се стемни во сонот. Потоа се најдов во мојата соба на мојот кревет потпрен и на нозете ми беше книгата се уплашив ламбата трепкаше иако светеше не се гледаше ништо темно беше само книгата можев да ја видам и во еден момент почнав да слушам глас како ми вика “ Разбуди се (го кажува моето име), разбуди се (пак моето име), мораш да се разбудиш, разбуди се, мораш, разбуди се изговарајќи го и моето име со константно повишување на тонот. И се разбудив но сето ова накрајот со гласот што го слушав изгледаше и звучеше страшно многу реално како некој да беше до мене и да ми викаше дека морам да се разбудам. Сеуште немие јасен сонот.
2. Пред некој месец пријателка на мојата мајка беше во посета на Манастирот Острог. Оттаму ми донесе крст од Манастирот јас го ставив во новчаникот. По неколку дена го сонував тој истиот крст и некој како ми кажува дека треба да го ставам на моето ланче (јас веќе имам обично златно ланче) и како треба да го ставам на тоа ланче кога се разбудив не го ставив, истиот сон го сонував другиот ден и и кажав на жената што ми го донесе крстот ми рече да го ставам на ланчето и тоа го направив. Го носам веќе неколку месеци и имам чувство како да сум посреќен, како да ми е поубав животот, чувствувам некоја приврзаност кон крстот.