нон стоп го повторуваш ова никој немал хиперсонични оружја, дај малце поткрепи го тврдењево со нешто.
Не можам да поткрепам нешто што не постои, тежината на докажувањето паѓа на страната на тој што тврди дека има такво нешто.
За наводните оружја што ја менуваат равенката со нуклеарни бомби, за кои се зборуваше пред некоја година (гејм чејнџери) е дека со нивната хиперсонична брзина НИЗ атмосферата ќе стигнат до целта не само несоборливи, туку и недетектирани. Нормално, од нив досега ни трага ни глас.
За да биде едно оружје хиперсонично (мора да лета низ атмосферата, во спротивно секое тенџере лансирано надвор од атмосферата е хиперсонично х10) мора да има мотор кој ќе може да го одржи при толкави брзини подолг период (ракетниот мотор работи 2-5 минути) и да биди направено од материјали кои може да ги издржат температурите предизвикани од толкава брзина низ атмосферата. Колку што знам, досега никој го нема решено ни едниот, ни другиот проблем.
Може да реклмираат колку сакаат дека некои проектили се хиперсонични, но тие се лансирани надвор од атмосферата и на враќање кон површината се хиперсонични но само многу краток дел од летот, во кој имаат крајно ограничена или непостоечка маневрибилност, или ракетен мотор ги турка кон тие брзини сосем кратко на помалку од минута. Такви проектили се некои од С-400, кои за минута достигнуваат брзина од 2км/с, или скоро секој балистички проектил, каде финалната фаза од летот е огромна (од 2км/с до 6-7км/с) и не трае повеќе од минута-две.
Уште еднаш, хиперсоничното оружје (гејм чејнџерот) мора да се одржи со минути, ако не и часови во лет низ атмосферата.
Глајдерот е хиперсоничен така да со среќа во соборувањето, тоа дека Ј-20 нема стелт мотори не ја менува играта дека го имаат и дека ќе го усовршуваат со тек на време. Дека 055ката не е актуелна, затоа и Американците последниот DDG(x) го прават копија на 055ката.
Кина почна сериозно да се вооружува пред 20тина години, освен ако не рокне во 3та светска нема шанса да се примешаат во оваа војна (затоа и си премолчија со Тајван) затоа што примарна цел им е да задржат добри односи со двата блокови (од Русија ефтини енергенси и многу енергенси што ќе им купи неколку години додека да постигнат енергетска независност, а со западот трговија).
Истата игра ќе ја игра и Индија, и овие 2 земји ќе бидат сериозна закана за 20-30 години од сега.
Досега Кина или Русија имаат колку успешни глајдери тестирано???
Патем, дури и на глајдерот финалната фаза им е балистичка и до некој степен предвидлива. Башка што го зафаќа целиот простор на ракетата, каде обично влегуваат 8-12 боеви глави.
Ј-20 не само што има мотори стари 40+ години, туку со канардите и големата должина е далеку од стелт. Би бил лесна мета на просечен авион од 90тите како Су-30 или Ф-15.