- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 10.265
- Поени од реакции
- 18.226
За се си ова у право, го иам истото и напишано на почеток на темата. Сепак нема потреба да се игнорира реалноста. Игорче не е никаков шарен, одамна е на форумот.Твојата перцепција таму во Германија или каде и да си и мојата овде се разидуваат по многу основи. Секој кој што настојува да се одржи актуелното статус кво во државава, амерички протекторат со албанска управа и марионетска квислиншка власт, за мене е шарен, северџан, бугарофил, шиптарољубец и се по ред. Ако си ја има некој мувата на капата, негов проблем. Вие таму гледате на работите низ призма на одржување на некакова си економска сигурност и комодитет. Ние овде тоа никогаш не сме го имале за да го изгубиме. Ќарот за нас е опстанок како народ и држава. Давеникот се фаќа и за сламка, а доколку таа сламка на спасот се вика Русија, Кина и било кој друг фактор кој што би го ослабнал НАТО (САД) влијанието во регионов, тогаш би се фатиле за таа сламка.
Аирот од ЕУ, НАТО за нас значеше триесет годишна агонија, национално обезличување, грабеж, демографска катастрофа, понижувачки договори и апартхејд.
И не, не сум русофил, ниту фан на Русија, што само по себе треба доволно да говори за нивото на очај, штом во Русија сме виделе спасител, значи ситуацијата во државава е навистина јад и чемер. Чисто се раководиме од логиката „непријателот на мојот непријател е мој пријател“. А досега мислев дека на сите им е јасно кој е нашиот непријател и креаторот на оваа дистописка творба.
Во војнава нема никаква сламка за нас. Русија не може да си помогне себе си а не па нас. Премногу сме длабоко во западна зона на влијание. Барајте друга сламка, ако има негде воопшто.
За падот на западната хегемонија ќе им оставиме на правнуците да мислат што да праат изглеа. Војнава само ти покажа дека таа е далеку од готова.