Како што ми гледа не е стапица. Мислам дека едноставно се изненадени Русите. Претходно се збореше доста долго за напад на Керсон, и мислам дека не очекуваа тука да нападнат Украинците со толку сила. Decoy-от им е успешен на Украинците.
Според мене доста логичен потез, Керсон е многу добро бранет и нема шанси тука да направат нешто Украинците со тоа што го располагаат, а очајно им треба победа. Додека во цела Харкивска област ми се чини немаат ни 10К војска. А на потегот што е пробиен вкупно ни 3К немаат.
Како што читам Украинците бајаги ја имаат променето тактиката и навлегуваат со брзи возила. Во првиот налет користеле околу 40К војска, а сега се трупало уште повеќе. Има некои информации дека ќе пробале да влезат и во Руска територија, па нека им е со среќа.
Јас имав една теорија пред некој ден ја пишав, дека доколку Русија сака да се одложи војната, ќе треба да даде жртва освоена територија, за да им даде морков на стап на Европјаните. Можеби тоа се случува од кај да знам