Premier League - 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?


  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Секогаш ке биде полесно да смениш тренер, отколку тим. Искрено, не го очекував ова ни најмалку, ама делуваше дека половина тим не сака да трча за тренерот. Истиот тренер кој ги направи прваци во ЛШ. Да ми извини ЛГБТ заедницана на форумот, ама многу педерски од нивна страна.
 
После успешните две сезони на Тухел со Челзи, наместо да направи чекор напред Челзи како клуб со одлукава се вратија три чекори назад.

Преконкурентна е лигава за да си дозволи некој клуб вакви непромислени одлуки.
 
му се ослободи место во Лајпциг на Тухел... пак ќе кине нерви со Тимо Вернер :pos:

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Потер е топ избор ако озбилно имаат шанси да го донесат.


Многу прашалници околу ова, искрено. Нели, едно е во Брајтон да си добар (а Потер навистина е добар во секаква смисла), без притисок и императив, друго е во Челзи каде ситуацијата е спротивна. Меѓудругото.

Но, доволно го ценам и почитувам Потер за да му ги посакам овие играчи. Ќе му ја уништат кариерата, фиксно. На Ставрогин ваков кадар не му посакувам.

За овие лиглиња, некој Дајч, да ги тепа со шипка на тренинг и да го поплукаат мајчиното млеко. Инаку, не го заслужуваат ниту Мирсад Јонуз.
 
Потер е топ избор ако озбилно имаат шанси да го донесат.

Потер има импресивен напредок во кариерата, од тренер во 4-та лига во Шведска/Норвешка до ПЛ, и Брајтон игра добар фудбал скоро секоја година, иако му продаваат битни играчи. Но, тој скок од Брајтон во Челси е огромна коцка. Од неутрален аспект, би сакал да му дадат шанса во поголем клуб.
 
Многу прашалници околу ова, искрено. Нели, едно е во Брајтон да си добар (а Потер навистина е добар во секаква смисла), без притисок и императив, друго е во Челзи каде ситуацијата е спротивна. Меѓудругото.

Но, доволно го ценам и почитувам Потер за да му ги посакам овие играчи. Ќе му ја уништат кариерата, фиксно. На Ставрогин ваков кадар не му посакувам.

За овие лиглиња, некој Дајч, да ги тепа со шипка на тренинг и да го поплукаат мајчиното млеко. Инаку, не го заслужуваат ниту Мирсад Јонуз.

Седи мирен, да не ви дојде богатац Роџерс. Не можам да се изначудам на потегов со отказот, уште било решено и пред синоќешниот меч.

 
Седи мирен, да не ви дојде богатац Роџерс. Не можам да се изначудам на потегов со отказот, уште било решено и пред синоќешниот меч.

Да, наводно не била ова одлука донесена сега, поради последниве резултати. Откако превземаа ја анализирале ситуацијата и дошле до одлука дека нема да се подобрат работите под Тухел. Уште после припремите пишав дека Тухел изгледа многу поразлично и веќе не е истиот од претходно. Многу поразлично однесување на пресовите, самата појава беше различна. Никогаш сум немал толку лошо чувство и до толку не сум бил возбуден за старт на сезона откако следам. Ама со се што се случуваше и како се однесуваше клубот цело лето, логичното беше да тераат со Тухел до крај и да му дозволат да прави што сака за да го издигне клубот. Дури и да ја има изгубено цела соблекувална, со поддршка од горе ќе мораше играчите да почнат повторно да играат за него, или воопшто да не играат. Не гледам како би нашле подобар тренер од Тухел. Шокантна одлука.
 
Ајде, ајде, шокантна. Како да не посакувавте потајно вакво сценарио.
Баравте напаѓачки патерн ( :pos: ) со лешпери како Зијеш, Пулишиќ, Хаверц и 33-годишен напаѓач од Габон, донесен на први септември.

Нормално дека се однесувал поинаку, кога до средина на мај на клубот му се закануваше опасност од згаснување, па Тухел мораше да изигрува портпарол, тренер, спортски директор, сопственик, аниматор, шофер на автобус, економ. Попатно, му замина цела одбрана, имаше очајна турнеја низ САД и до први септември не му ни беше заменет ебениот Кристенсен.
Престанете со игнорантниот однос веќе.

Се надевам дека 18-ти ќе бидат со новиот тренеер и ќе навивам лагано да испаднат од лига. Само нека има патерн.
 
Многу прашалници околу ова, искрено. Нели, едно е во Брајтон да си добар (а Потер навистина е добар во секаква смисла), без притисок и императив, друго е во Челзи каде ситуацијата е спротивна. Меѓудругото.

Но, доволно го ценам и почитувам Потер за да му ги посакам овие играчи. Ќе му ја уништат кариерата, фиксно. На Ставрогин ваков кадар не му посакувам.

За овие лиглиња, некој Дајч, да ги тепа со шипка на тренинг и да го поплукаат мајчиното млеко. Инаку, не го заслужуваат ниту Мирсад Јонуз.
Што знам, точно е се ова и ти и видук што го зборите ама беш му матер, ретко има Пеп/Зидан случај на тренери, најголемиот дел од добрите тренери у големиве екипи прво почнале во некој Брајтон.

Импресивно CV има Потер, приказна као од Фудбал менаџер.
У 2010 ги зима Остерсунд у Шведска 4та лига, до 2015 ги носи во прва лига, во 2017 игра Европа лига и ги тепа Арсенал во Лондон во елиминациона фаза. Импресивно.
После една веројатно не толку славна епизода у Свонси у чемпионшип (иако статистички не била толку лоша) кај што на крај на сезона сам си дава оставка.
У Брајтон горе доле на сите ни е познат, секогаш заебан за големите екипи. Лани завршиле 9ти а губат барем по еден 40+ милионски играч секое лето, сезонава после Арсенал и Сити, Брајтон игра најубав фудбал и моментално се 4ти.

Години наназад ми е еден од омилените ликови у ПЛ и со мерак чекам да го напраи тој скок у поголем тим. Се мислев ќе заврши у Тотенхем ама они отиода со Жозе па после и Конте. Имаше едно време шпекулации за Евертон ама искрено се радувам што не заврши у тој проклет клуб.
 
Тухел нема никаква кривица за резултатите на Челзи, Челзи едноставно е преценета екипа. Напишав еднаш порано дека титулата на Челзи во ЛШ е глич во системот, изненадување поголемо од она кога Лестер стана шампион на Англија. Ако објективно го погледнете составот на Челзи, се работи за една просечна екипа, со Џејмс како единствен класа играч кој може да игра во било која екипа, а дури и тој последно не играше на својата позиција. Средниот ред на Челзи е трагикомичен со полуиграчи како Жоргињо и Ковачич, крилата се непостоечки, со вечно повредениот Пулишич, Зијеш кој е меѓу петте најголеми флопови во поновата историја на фудбалот, и според @Донев најголемиот талент во светот на фудбалот после Роналдо дебелиот, Хадсон Одои кои неколку години преминуваше во Бајерн :pos:. Да не знае човек да се смее или да плачи.

Челзи нема шпиц, духот Хаверц не се рачуна за играч воопшто, не па за шпиц. Всушност има сега, еден набркан од два клуба и еден шип.

Инаку, за рубриката каде се што прават сега, би било интересно да се направи преглед на играчите кои Челзи ги донесе во оној фамозен преоден рок, кога цела Европа кажуваше какви чуда направила Марина. Еве со ред, сигурно ќе испуштам некој.

Вернер, дојде во Челзи, стана меме играч, неславно замина.
Хаверц, некои велат дека сеуште игра во Челзи, некои не, се појавува како Халеевата комета, еднаш на многу натпревари.
Чилвел, некои велат дека сеуште е во клубот, некои велат дека се запослил како пациент во болница.
Менди, кој ако брани на следните пет натпревари Челзи ќе дојде во зоната на испаѓање.
Тиаго Силва, топ трансфер, единствениот кој дојде без пари, а ги оправда очекувањата.
Зијеш, не се исплати да се трошат зборови.

Ако пропуштив некого, слободно дополнете.

Тоа што Тухел освои ЛШ титула со ваква екипа, е чудо над чудата.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom